Да, многу! Прво, на почетокот од 2016 година ги направија најголемите измени во Акедемијата од основањето до сега - одлучија дека треба да го зголемат бројот на членови за нешто над 2000, и сите тие да бидат црнци и жени, за да се зголемел диверзитетот. Исто така, со ограничувањето на членството од 10 години, и обновување или одземање на истото во зависност од тоа дали членот бил активен во филмската индустрија или не, одлучија да го исфрлат старото гласачко тело - пензионерите, и со тоа да отворат место за нови ликови, со малку „полиберален“ пристап. Еве ги резултатите од оваа мерка (година - број на номинирани црнци во шесте главни категории).
2007 - 1/30 (0 освојувачи на Оскар.)
2008 - 2/30 (0 освојувачи на Оскар. Двете номинирани за споредна женска улога)
2009 - 4/35 (1 освојувач на Оскар. Сите номинирани од 1 ист филм, Precious)
2010 - 0/35 (0 освојувачи на Оскар)
2011 - 3/33 (1 освојувач на Оскар)
2012 - 4/34 (0 освојувачи на Оскар)
2013 - 5/34 (2 освојувачи на Оскар - оваа година веројатно им е најдобра во филмската историја на црнците, ете, само таа е исклучок)
2014 - 1/33 (0 освојувачи на Оскар)
2015 - 0/33 (нормално, 0 освојувачи на Оскар)
2016 - 10/34 (3 освојувачи на Оскар)
2017 - 6/34
Ако сакаш ќе се вратам и наназад, уште повоочлива е разликата, ама мислам дека јасно се гледа и вака. Еве и во проценти:
2007-2015 - 20 од 297 номинирани се црнци, или 6,73% од вкупниот број номинирани
2016-2017 (или post-OscarSoWhite движењето) - 16 од 68 номинирани се црнци, или 23,53% од вкупниот број номинирани
Не бе, ништо не се смени!