Z
zmej gorjanin
Гостин
Иако навивав за Животот на Пи или Амоур, мило ми е за Арго. Филмот го загледав малку и солиден ми се виде, штета што премногу ми се спиеше. Ќе морам да одвојам простор деновиве. Сепак и Анг Ли најзаслужено земал за режија, од просечна книга направи ремек дело, криво ми е што не зема и за адаптирано сценарио филмот. И баш се радувам што Амоур зема оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, иако и се очекуваше. Џанго земал за оригинално сценарио, утка на вечерта. Факт е дека кловнот има огромен фан бејс кој буквално му ги носи филмовите и на оскари, се надевам дека академијата нема да направи грешка и во иднина и да му номинира филм за оскар само заради тоа што се вика Квентин Тарантино и поради тоа што правел "уникатни" филмови. Substance over style! А да, криво ми е за музика не зема Животот на Пи или Ана Каренина, сепак 50 години од Бонд + Адел и тешко е да не им дадеш оскар.
И? Се работи за совршена употреба на 3D CGI. Па макар и 100 % филмот да е CGI некој треба да ги избира и виртуелните светла, виртуелните леќи и виртуелните движења на камерите и боите. А Животот на Пи беше совршен од тој аспект, ако некој треба да се буни тука дека бил оштетен тоа е Ана Каренина.
Да се поправам земал Пи, сега видов.
