85 издание на Оскарите

За кого навивате во категоријата за најдобар филм?

  • Amour (2012)

    Гласови: 10 10,9%
  • Argo (2012)

    Гласови: 6 6,5%
  • Beasts of the Southern Wild (2012)

    Гласови: 0 0,0%
  • Django Unchained (2012)

    Гласови: 31 33,7%
  • Les Misérables (2012)

    Гласови: 18 19,6%
  • Life of Pi (2012)

    Гласови: 7 7,6%
  • Lincoln (2012)

    Гласови: 13 14,1%
  • Silver Linings Playbook (2012)

    Гласови: 5 5,4%
  • Zero Dark Thirty (2012)

    Гласови: 2 2,2%

  • Вкупно гласачи
    92
  • Гласањето е завршено на .
Иако навивав за Животот на Пи или Амоур, мило ми е за Арго. Филмот го загледав малку и солиден ми се виде, штета што премногу ми се спиеше. Ќе морам да одвојам простор деновиве. Сепак и Анг Ли најзаслужено земал за режија, од просечна книга направи ремек дело, криво ми е што не зема и за адаптирано сценарио филмот. И баш се радувам што Амоур зема оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, иако и се очекуваше. Џанго земал за оригинално сценарио :гомце:, утка на вечерта. Факт е дека кловнот има огромен фан бејс кој буквално му ги носи филмовите и на оскари, се надевам дека академијата нема да направи грешка и во иднина и да му номинира филм за оскар само заради тоа што се вика Квентин Тарантино и поради тоа што правел "уникатни" филмови. Substance over style! А да, криво ми е за музика не зема Животот на Пи или Ана Каренина, сепак 50 години од Бонд + Адел и тешко е да не им дадеш оскар. :)


И? Се работи за совршена употреба на 3D CGI. Па макар и 100 % филмот да е CGI некој треба да ги избира и виртуелните светла, виртуелните леќи и виртуелните движења на камерите и боите. А Животот на Пи беше совршен од тој аспект, ако некој треба да се буни тука дека бил оштетен тоа е Ана Каренина.

Да се поправам земал Пи, сега видов.:)
 
Шоуто беше одлично, вредеше да се седи цел ноќ, водителот беше топ. Но сепак Оскариве беа најпредвидливи откако ги пратам, али мило ми е за Волц, Ането и Џанго. Арго го немам гледано сеуште, но сигурен сум дека вреди чим освои волку награди. Животот на Пи беше исфорсиран и оверејтед на Оскариве, бар по мене.
 
Ај да си имам после дали ќе погодам:

Филм: Арго
Актер: Деј Луис
Актерка: Лоренс
Спореден актер: Волц
Споредна актерка: Хетвеј
Режија: Ли

Требаше да ставам у кладилница ова. 6/6 погодив...
 
Јас вчера заспав пред крајот - и поарно. Ќе се изнервирав, иако гледајќи наназад, очекував ваков резултат. „Арго“ според мене е лош филм, едноставен како problem-solution есеј. Но не е првпат Академијата да превиди она што е вистина добро. Тарантино овојпат само за сценарио, а истово се случило во 1994 кога меѓу номинираните бил и (според мене) еден од најдобрите и најзначајните филмови во историјата - Pulp Fiction. Оти Тарантино има и substance и style, а добар филм треба да е совршена мешавина од двете, не треба само едното да преовладува. Арго немаше ни С од стил и авторски печат, да не зборуваме за излитените елементи.

Јас навивав и во анкетата гласав за „Љубов“, но знаев дека е невозможно да добие повеќе од еден, и тоа за најдобар странски. Се понадевав дека може овојпат ќе се усогласат Академијата и Кан, ама тоа никогаш нема да се случи. Не бараат исто.

Церемонијата, поради која и ги гледам оскариве, ми се допадна. Сет беше одличен, веројатно знаат оние кои ги одбегнаа смешкањата и монолозите на Миланка. :D Фала му на членот што го најде одличниот стрим на nutjob, воопшто не сецкаше.
 
Дали некој знае што беше причината воопшто да не се номинира Џанго за саундтрак, дали поради тоа што немаше стриктно композитор што ја направил музиката или поради тоа што е користена музика претходно направена? За мене искрено Џанго беше најдобриот саундтрак што сум го слушнал некогаш...
 
не очекував Ли да земе оскар, се врткаше за спилберг, ама искрено изгледа не сакаат да го фаворизираат таткото на државата :) , се пазеа од контроверзии
 
wueyr8.jpg


Too good за да не се проба.

- Џенифер Л треба лагано да освои . Честејн ја однел виорот (9 коефициент) . А втор фаворит за оскар е глумицата од Амур. Мало сутра ќе добие она.
- Волц е сеуште фаворит на бвин ( 1.70 квота) на неколку часа пред оскарите. На 2.30 квота за негова победа ? Играм без размислување. Исто мислам џабе дигаат фама околу Ли Џонс. Ќе земе Деј Луис за главна машка улога . Ќе биде претерување и за спореден актер да освојат ( настрана тоа што глумата му е нула спрема Волц)

Па да се исплати и ова "безпотребното" гледање филмови , да му се невиди.
Толку не ми беше битно што ги излижа скалите Лоренс .:pos: Срце. Се гледа дека уште е дете по реакцијата за оскарот.


Убаво на Ли што му дадоа оскар и браво за вас што погодивте.
Се на се , голем губитник испадна Линколн . И убаво така што испадна. Ги распределија оскарите на сите по малце , да нема људба.

Хетавеј колку и да не ја можам , стегав палци музиката да не и ја пуштат. Ама се унесе :facepalm: Емоции , емоции . Викам на ваква внесеност ако рокнат овие од режијата музика, да меле напразно:pos:
 
Oва фактички за што е ? За доделујвање на најдобар филм,или за најисфорсиран филм? Се извинувам на некој му се допаѓа Арго,ама на тие филмови што ги имаше лани овој да освои,мислам дека и таа златна статуетка си ја губи вредноста.. Исти фаци,исти приказни,исти сценарија све веќе видено и чуено,жалосно...
 
Штета што освои Џенифер Лоренс. Иако немаа толку добра глума јас сакав Џесика Честејн (колку беше јака на оскарите не ја препознав) или Најоми Ватс да освојат (The Impossible е прекрасен филм).

Инаку другите оскари донекаде беа предвидливи. Не сум го гледал Џанго не сум фан на Тарантино ама веројатно ќе го погледнам слушнав доста добри критики. Арго е уникатен филм, Линколн типична и фантастична драма на Спилберг (речиси сите негови филмови ми се допагаат иако овој не е типичен Спилберг филм) Лајф оф Пи е РЕМЕК ДЕЛО!

И најдобриот дел од оскарите, тролањето на еден од најглупите филмови што ги имам гледано Флајт, каде е дното за Дензел Вашинтон ?
 
Дали некој знае што беше причината воопшто да не се номинира Џанго за саундтрак, дали поради тоа што немаше стриктно композитор што ја направил музиката или поради тоа што е користена музика претходно направена?
Ради второто.
 
Не ги гледав и баш ми е драго заради тоа. :pipi:

Aман па ти.. во преголемо клише се претвараш. :pipi:

Опште незаинтересираност, па резултира со вакво хејтање. Не гледам зошто би ти било драго, освен еве, што не те интересираат, па си се наспала. Од 9-10 номинирани сигурен сум пола немаш изгледано, странски, краткометражни.. да не спомнувам. Не чини ова. Реков, незнам зошто би ти било драго, имаше гламур, онака класика беше све, со вкус, дури мерак фустани да гледаш беше.. комедијата такоџе за да не се претвори цело шоу во кич, Сет апсолутно владееше со водењето, ни партнерка не му ставија, мада Мила Кунис онака да личеше немаше да е лошо, и кога ќе прозбореше да ѝ велеше Shut up Meg. Еве објасни зошто би ти било драго, дека како последно ако нешто разочарува, е најчесто неправда, што овојпат скоро ја немаше, прилично предвидливи оскари.
Како што напиша Cold Breath, сите ја вкусија питата од номинираните..

- Амour, преголем маркетинг, дека реално за најдобар филм немаше шанси. Преголем успех му е што го зборуваа толку. Сепак си замина со оскар.

- Аrgo, според доста заслужи, ако ја читаше претходно темава, пишавме дека нема да е најлошото нешто ако освои.

- Beasts такоџе за мал филм доби преголемо внимание, сигурно го внесоа и ради најмладата актерка номинирана за оскар, 9 годинки. Преслатка беше hushpuppy, внесе ведрина и новитет во наградиве. 4 номинации за овој филм сепак е добар маркетинг.

- Django, дека статуетката отиде кај Аrgo, му дадоа две нему, го испоштоваа Тарантино со оскар, и залужениот на Волц.

- Le Miserables и Life of Pi, беа голема конкуренција, ама дека отидоа со Аrgo, ги закитија со ПО 4 оскари. Од глума, до споредна, до ефекти..

- Lincoln знаеа дека е stretch за најдобар па не ни покушаа, фер му дадоа на Даниел за тоа што сам го издига толку филмот.

- Silver Linings беше underdog и дека изгуби во главната конкуренција, се закити со 10тина номинации, и една освоена колку да не е без ич.

- Zero Dark исто го закитија со билокаков оскар и неколку номинации, покажаа дека се созреани, и немаше уште еден Hurt Locker со 10 непотребни освоени статуетки..

Кога ќе собереш, немаше никој оштетено, ама еден мора да победи. Ама на тој или оној начин, сите се победници. Никој филм од номинираните не си отиде со минимум статуетка под капа. Сет сите сакаме одново да го гледаме, одгодина. Миланка идеше со сигурно преводи или ги изговараше на англиски. Се на се одлично шоу. Сега, зошто ти е драго што не гледаше?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom