5X филмски предизвик v.2/2018

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
3/5 Fitzcarraldo - „I Have a Dream“ - Мартин Лутер Кинг гомна да јаде. Fitzcarraldo е виистинскиот сонувач. Па и Херцог! Значи вака, да разјасниме од старт: браво за сонот, браво за неговата реализација, и на ликот, и на режисерот. Се тоа е супер, и приказната е супер, и реализацијата, се... Само мене ми беше малце предолг и на моменти губев интрес за него. Плус, имав симнато некоја глупава верзија синхронизирана на германски (edit: сега видов - таква била нормалната верзија на филмот, иако бил снимен на англиски зашто ни еден од актерите не знаел германски. Голем минус ми е ова, сепак, многу ми сметаше), без dual audio, а ме мрзеше да чекам да се симне пак, па може имаше ефект и тоа. И како не, кога устите им мрдаа чудно додека збореа. И би му дал 6/10, во нормални услови, но со оглед на околностите во кои бил снимен, и фактот дека вистинскиот Fitzcarraldo е всушност Херцог, ова заслужува оценка плус. Затоа и доби 7/10 од мене. Инаку, само како илустрација - дел од сите глупости кои се случиле при снимањето на филмов:
-Прво Џек Николсон требало да го глуми главниот лик, ама многу пари барал, па некој друг актер почнал со снимање, и снимиле околу пола филм, ама се разболел, па морале да прекинат со снимање. Заради прекинот, и Мик Џегер, кој глумел во филмот си отишол. Потоа го најмиле Клаус Кински и почнале да снимаат од почеток, а Херцог ги уништил сите снимки кои ги имал од претходното снимање.
-Кински правел екцеси на снимањето и се бунтувал многу често, за неважни работи, што го отежнувал снимањето на сите. Еден од домородците, дури, крајно сериозен, за да му помогне на Херцог, се понудил да го убие Кински. До таму дошла работата.
-Херцог имал договор со тоа племето за да ги ангажира и нив при снимањето, ама никогаш не се договориле да гради на нивна територија, па така, кога првенствено го изградил селото во кое планирал да ја смести екипата, му го запалиле до темел, па морал да бара нова локација, што траело цела година, па одново граделе, па дури отпосле започнало снимањето.
-Многу луѓе биле повредени за време на снимањето. Еден човек од екипата бил прободен со стрела низ грло. Друга жена била повредена во стомакот, па морале да ја оперираат на кујска маса, при што и самиот Херцог асистирал. Член на племето бил каснат од отровна змија на сетот, па самиот одлучил да ја ампутира ногата за да не се прошири отровот. И му ја исекле со обична пила. И преживеал. Кинематографот исто за малку ќе ја загубел раката за време на снимањето. И него морале да го оперираат на бродот, на сред џунгла, и тоа без анестезија, па за да се смири, некоја проститутка на сетот му ја држела главата меѓу нејзините цицки.
И покрај се ова што им се случило, сепак Херцог го завршил снимањето и направил филм кој е еден од омилените на критичарите, и вклучен во листата 1001 филм што мора да ги гледаш пред да умреш. Затоа оценка плус од мене! И зашто се гледа од старт дека се е реално, дека нема никакви визуелни ефекти. А преместија брод преку планина, УПМ! Плус, сцените од природата беа пак величенствени, иако некако од почеток ко да се прашував што бара филмов во оваа тема. Ама добри две третини, па може и повеќе е outdoor movie. Добар филм за сите оние кои сонуваат. Не се откажувајте од соништата!
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Инаку, само како илустрација - дел од сите глупости кои се случиле при снимањето на филмов:
Burden of Dreams

инаку и оргиналниот англиски е после пак синхронизиран али германската синхронизација поише го намалува доживувањето
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Burden of Dreams

инаку и оргиналниот англиски е после пак синхронизиран али германската синхронизација поише го намалува доживувањето
Да, прочитав одпосле, едитирав горе, види^^.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Deliverance

In the year after the film's release, more than 30 people drowned in the Chattooga River while trying to replicate the characters' adventures.

Лудница. Сцената што ја ставија погоре е единствената сцена у цел филм што ми се свиѓаше и таа е на самиот почеток. После како тргнува низбрдо, or should I say низрека се повтф и повтф станува. А искрено не може моето мислење да се земе као многу релевантно, зашто јас сум женско а филмов е правен за машка публика. Сличен проблем што го имав и со Конан од клубот. Едноставно, се гледа кога некој филм цели кон некоја таргет група и јас не можев да се поврзам со него. Плотот е за 4ца мажи коишто одат на кајакарење. И како таков можеби и ќе излвечеше повисока оценка од мене, ама ВАТ Д ФАК РЕДНЕК РЕЈП СЦЕНА ЛУЃЕ ШТО ВИ Е? Оние па лоботомираните отишле да го реенактуваат филмот, глеам успешно го реенактнале зашто тоа беше пораката на филмот: АКО ОДИШ ДА ВЕСЛАШ КАЈАК НИЗ РЕКА ЕДНО ОД СЛЕДНИВЕ РАБОТИ ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ:
1. Реднеци ќе те силуваат и ќе ти викаат „squeal like a pig“ at gunpoint.
2. Ќе ја скршиш ногата, и ќе ти ја ампутираат.
3. Ќе умреш.
4. Ќе ловиш реднек со лак и стрела, додека реднекот те лови тебе со пушка.
Искрено до точка еден добар ми беше филмов, не знам зошто толку забега, па не е грев да снимиш филм кај што ќе прикажеш genuine интересна авантура и гледачите ќе уживаат во патешествието. Мораше низ цел филм некои грозни работи да гледаме, коски да штрчат, да се рејпаат(рејп сцената инаку ми беше многу непријатна за гледање, и од таму натака цел филм ме држеше тоа непријатно чувство)... Може филмов сакаше да ги предупреди гледачите да не одат на река зашто е опасно, ама како што видовме... Американците are not meant to last.


Ама после се, пак ќе кажам не сум јас таргетот на филмов, па логичен е исходов.
5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Филм бр. 4
Walkabout - го имам гледано, ептен ми беше познат, ама веројатно сум го начекал некогаш некаде на телевизија. Многу тивок, лирски филм кој најмногу поентира заради кинематографијата која е извонредна. Играта на сенки и светлина е феноменална, иако се работи за филм во боја, а не црно-бел. Многу добри кадри од австралиската природа и животни (до душа животните некогаш ми беа too much и дури ми го доведоа филмот до бесмисленост, но веројатно немале со што друго да исполнат саат и пол, затоа што целото сценарио за филмов било едвај 14 странички, и голем дел од дејството е чиста импровизација). Е сега, се случуваше некои сцени и од оние во кои ги имаше актерите да ми бидат без поента и да не можам да ги вклопам во целата слика за филмот, па затоа и нема повисока оценка од 7/10, оценката која јас ја давам на добри филмови, но на кои им фали нешто повеќе за целосно да уживам во нив. Друго што не ми се допадна е музиката која од старт толку ме напнуваше, што посакав дури и без звук да го гледам. И трета работа која малку претерана ми делуваше е играњето со сексуалноста: не само меѓу девојката и црното момче (погледи, сцените во кои пливаа голи и во кои им се гледаа половите органи и сл.), туку и во сцената со метеоролозите кога типците кои играа карти и ги гледаа гаќичките и градите на единствената жена во тимот. Мислам дека сето тоа беше непотребно во целата приказна, зашто ова го гледав ко семеен coming of age филм, па тие моменти ми делуваа по малку вулгарни.

Накратко што се случува во филмов: две деца, британци, заедно со таткото, геолог, одат на пикник во австралиската пустина, каде таткото, од неразјаснети причини прво се обидува да си го убие синот, а потоа го пали автомобилот со кој дојдоа и се самоубива пред постарата ќерка (овде исто ми фалеше подготовка - бевме фрлени во центарот на случувањата без притоа да ни се дадат одговори за таквите чудни одлуки на таткото, а и подоцна, низ цел филм, ништо не дознаваме). Децата остануваат сами низ пустината, трудејќи се да преживеат и да најдат излез со малкуто храна и пијалак кој им останува, и неколкуте useless предмети со нив. За среќа, среќаваат црно абориџинче кое е испратено на walkabout, ритуал со кој домородните племиња ја докажуваат зрелоста кај нивните машки деца - кога детето ќе наполни 16 години, го оставаат само во пустината за да преживее и да се храни исклучиво со она што пустината му го нуди. Иако постои јазична и културолошка бариера, помеѓу трите деца се ствара толкава врска, што на крај дури црното момче се заљубува во девојката и го игра нивниот танц, речиси до смрт, за да ја докаже својата љубов кон неа, но баш поради разликите во културата во која се израснати, девојката наместо вистинските причини за танцот, во него гледа со страв, и затоа го одбива. По сите перипетии, децата се спасени (повторно не видовме во целост како, а и зошто би, кога веројатно на режисерот му беа поважни задниците на абориџините, и срамните влакненца на британската девојка отколку да ни даде одговор на некои прашања), а кај пораснатата девојка, мажена со бизнисмен секогаш ќе постојат прашањата - дали ќе беше посреќна ако живееше таму, во пустината, без никаков посед, дури ни без облека, со својот брат, и со црното момче, кое очигледно беше нејзината прва љубов.

Ако го оценам во целост, убаво филмче, визуелно одлично, но со неколку недостатоци кои ги споменав погоре. Сепак, генерално преовладува позитивниот впечаток, и верувам дека ќе ми остане запаметено. 7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Филм бр. 5
Ofelas / Pathfinder - Е ова ми беше ко јаготка на шлагот! Одлична тема @grande-juve и одличен избор на филмови. Овој беше поразличен од сите други: прв пат снег, многу далеку во минатото, некаде околу 1000 година, и прв пат европски филм (добро, и Dersu Uzala е руски, но од јапонски режисер, а Fitzcarraldo германски, но со американски кастинг). За природата немам што да кажам - обожувам снег, преубаво изгледаше. Ама она што најмногу ми се допадна тука беше тензичноста која почна уште од самиот старт и држеше цело време, до сам крај, без да спласне ни за миг. Веројатно и погодената должина имаше големо влијание тука - обожувам филмови кои траат околу саат и пол. И приказната многу ми се допадна - момче на кое дива орда му го убива целото семејство одлучува да се одмазди за нивната смрт, и успева во тоа на крај, при тоа спасувајќи цело едно друго село, и стануввајќи нивни водач на крај. Звучи едноставно, и е! Ама во едноставносста е убавината, а тука имаше многу убавини. Ми се допадна и вметнувањето на елементи од нордискиот мистицизам, му даде една убава фантастична нота на филмот. Ма се ми беше ептен погодено. Една единствена, минорна замерка имав само - костимографијата. Имаше на костимите некои шевови кои во тоа време на никој начин не би можеле да ги направат, се познаваше дека се машински изработени. Значи до таа ситница се ми беше перфектно тука. Преубав филм, навистина! 9/10

Средна оценка за сите филмови од темава - 8,2, и три деветки! Навистина уживавме месецов. По редослед: Pathfinder > Deliverance > Dersu Uzala > Fitzcarraldo > Walkabout.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Многу убав филм Pathfinder <3
8/10
Многу јак почеток, интересни кадри (секирата кога ќе го покрие девојчето, всушност ја наговестува нејзината смрт :(, брканицата, снимањето дур скија и слично), борбата со мечката би сакал да ја наречам боље од The Revenant ама да не преовеличуваме :D
И ретко се случува јас во филм да сакам да има повеќе љубовна приказна :| навистина сакав повеќе да има околу Aiginu и Sаhve или како и да се викаа :D
Расте мудрецот <3
Ииииии Аурора Бореалис, мојата единствена желба во овој живот...
Овој беше поразличен од сите други: прв пат снег
А бе нубу еден, во Дерсу немаше снег?
Ццц.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Снег има и во писмото и во јеремија :)

Кога сме кај писмото што не е пратено, јас од него почнав, оздола па нагоре. Од авторот на „Ждраловите летаат“. Не е лош филмот, ама некако ми фалеше емпатија со ликовите. Убаво ја водеше приказната, со малку дијалог, многу повеќе со слика, убави планови и светло, ама тука ги испушти ликовите. Од друга страна, навистина штета што е снимано во црно бела техника. Такви простори и пејсажи и така добро снимени, а губат многу заради тоа што не ставиле филм во боја. Можеби ќе изгледаше и подобро да имаа сочувано/изработено поквалитетна копија. Ми недостигаше и музика во одредени делови да ја интезивира драмата, а се појави некаде каде што не ја очекував.
Од такви причини не сум баш љубител на руски филмови и никако да ми налета наслов што ќе ми промени нешто.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Walkabout

You can never go wrong with full frontal female underage nudity или сличен редоследен избор на зборови. Или можеш? Па, можеш.
Филмот има убава замисла но релативно лоша изведба. Наместо да се фокусира повеќе на преживувањето, режисерот не пропушта шанса да ни покаже up skirt кадри.

Дали филмов е причина да се формира ПЕТА? Имаше доста потресувачки сцени со животни кои не ми беа задолжителни. Се фура некоја филозофија во филмот која не е целосно дефинирана.

Имаше нешто јако
That's the trouble with all these series.
You always know the superhero's gonna get away with it.
That's the trouble with Batman and in The Saint.
You always know he's gonna win all the fights in the end.
That's the trouble with all these series.
Even Bugs Bunny wins all the time.
If we were superheroes, we would definitely win.
Е, повеќе вакви работи му требаа на филмот.

6/10
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
утре ваљда за Агире и Дерсу Узала(мада Злате се' кажа).. моментално сум истрошен од вториот..

Дерсу :place::place::place:
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Fitzcarraldo

Скроз се забораив јас. Океј, ајде нешто кратко opposed to 2 иполте саати на Фицкаралдо. A tad slow, и доста долг. Тоа малку ми скрши филм искрено, зашо да фатам сеа да го раскажувам у 2 реченици се раскажува плотот и нема многу што се случуваше, 2 саати поминаа во пловење по реката и влечкањето на бродот низ планината, што само по себе не беше некое интензивно дејство и аналогно, мене не ми беше многу интересно. Тоа со племињата го билдаа цел филм дека се вакви такви страшни, savages, па и abandon ship моменти имаше од страв од племињата, за на крај да им станат робови, антиклимактично ми беше малку тоа. Очекував како во Apocalypse Now со напалмот некој опасна кулминација да има со племето, ама нишо. Од друга страна, Кардинале за која што еднаш кажав дека е stuff of dreams, беше магична и уште стојам зад кажаното. Кински не е баш stuff of dreams пошто ми е неубав, ама актериште, одличен! Мора уште нешто со него да изгледам, можеби Агире ама нема да стигнам за предизвикот, во секој случај ќе го имам на ум за понатака, освен ако не пушти Гранде некој друг филм со него, а како тргнале може и во Кинотека ќе го даваат па таму да го глеам :LOL: . Што се однесува до идејата на филмов, хммммм...... јас обично се поврзувам со овие here's to the fools who dream филмови, зашто многу ми се рилејтебл и си ги сфаќам многу лично, ама овде имав проблем со тоа, сакав да се поврзам со Кински и да бидам на негова страна и сакав да успее во идејата што ја имаше за Операта, ама некако не можев да се поврзам со истата, се поврзав со страста, иако Кински имаше повеќе улога на несфатен madman отколку на passionate бркач на сонови, повеќе како каприц ми доаѓаа проективе негови, фатил да праи трансандиска железница, па се откажал, па Опера ќе праел среде џунгла, па ајде металот од железницата реклицирај го за Операта, што знам сето тоа ми дава некаков впечаток на некој што не е многу сериозен за проективе што ги почнува. Сцената на крајот беше апсолутно култна и мислам дека цел филм ќе го забораам ама ќе памтам неа зашто баш се наежив додека ја глеав и беше прекрасна. Во секој случај филмов си ја заврши работата да се заинтересирам за Херцог повеќе и тоа за мене е доволно.

6/10
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Ofelas/Pathfinder (1987)

Убав филм, снимен во тешки услови. Не само многу снег, туку и стрмни литици. Нема зелени платна, нема компјутерски ефекти, се е оригинал. Реалистично отсликан суровиот живот на лапонците (тие ли беа?) пред векови. Дали било навистина така, којзнае, но изгледаше уверливо. Приказната не носи ништо ново, детето е сведок на убиството на неговата фамилија од локалните бандити, само што нема прилика да израсне и да се извежба па да им се освети, брзо се појавуваат ирвасите во тоа време, туку веднаш отпочнува. Нема време за супер херои. Добра реализација, не држи во неизвесност цело време. И после ќе ми кажуваат денеска било многу стресно. Со голи раце гладна мечка нападнаа за да се прехранат.


Walkabout (1971)

Ова е всушност филм за сексуалното созревање и разликата помеѓу културите, а само сместен е во пустина. Талкањето на братот и сестрата воопшто и не беше прикажано како патење или страдање. Тие и воопшто не беа потресени што останаа сами сред пустина, уште помалку што таткото пукаше по нив и се самоуби. Ама затоа на девојчето и на домородецот постојано им шеташе паметот по оние работи. Ама пусто женско, не му учина и овој се самоотепа.
И во овој филм имаме приказ на суровиот опстанок во пустината. Некако одвишок како да ми беа сцените со тие тимот метеоролози и делот со девојчето кога пливаше, некако предолго беше, како интермецо.
Постојано не потсетуваше на изгубените природни инстинкти на урбаните луѓе со паралелни сцени помеѓу „цивилизираниот“ и „дивјачкиот“ начин на прехранување. Се на се, фино остварување, не толку контроверзно како некои други дела од овој режисер.

Овој предизвик го завршувам само со трите што ги немав гледано, се надевам дека ќе поминам :)

Како и да е, после престојот на отворено:
d7a03143-65da-4b72-a910-83f8c8acafab.png [DOUBLEPOST=1519838403][/DOUBLEPOST]
По сите перипетии, децата се спасени (повторно не видовме во целост како, а и зошто би, кога веројатно на режисерот му беа поважни задниците на абориџините, и срамните влакненца на британската девојка отколку да ни даде одговор на некои прашања)
Како бе не видовме, па одеа, одеа и стигнаа до пат и до цивилизација. Тие ќе стигнеа и порано, ама домородецот не им кажа за кампот покрај кој поминуваа за може и понатаму да ја гледа под сукњата и си продолжија низ пустината.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Како бе не видовме, па одеа, одеа и стигнаа до пат и до цивилизација.
Која цивилизација, кога местото беше напуштено? Само еден dochebag имаше таму, а тој како да не го интересираше неговата приказна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom