3/5 Fitzcarraldo - „I Have a Dream“ - Мартин Лутер Кинг гомна да јаде. Fitzcarraldo е виистинскиот сонувач. Па и Херцог! Значи вака, да разјасниме од старт: браво за сонот, браво за неговата реализација, и на ликот, и на режисерот. Се тоа е супер, и приказната е супер, и реализацијата, се... Само мене ми беше малце предолг и на моменти губев интрес за него. Плус, имав симнато некоја глупава верзија синхронизирана на германски (edit: сега видов - таква била нормалната верзија на филмот, иако бил снимен на англиски зашто ни еден од актерите не знаел германски. Голем минус ми е ова, сепак, многу ми сметаше), без dual audio, а ме мрзеше да чекам да се симне пак, па може имаше ефект и тоа. И како не, кога устите им мрдаа чудно додека збореа. И би му дал 6/10, во нормални услови, но со оглед на околностите во кои бил снимен, и фактот дека вистинскиот Fitzcarraldo е всушност Херцог, ова заслужува оценка плус. Затоа и доби 7/10 од мене. Инаку, само како илустрација - дел од сите глупости кои се случиле при снимањето на филмов:
-Прво Џек Николсон требало да го глуми главниот лик, ама многу пари барал, па некој друг актер почнал со снимање, и снимиле околу пола филм, ама се разболел, па морале да прекинат со снимање. Заради прекинот, и Мик Џегер, кој глумел во филмот си отишол. Потоа го најмиле Клаус Кински и почнале да снимаат од почеток, а Херцог ги уништил сите снимки кои ги имал од претходното снимање.
-Кински правел екцеси на снимањето и се бунтувал многу често, за неважни работи, што го отежнувал снимањето на сите. Еден од домородците, дури, крајно сериозен, за да му помогне на Херцог, се понудил да го убие Кински. До таму дошла работата.
-Херцог имал договор со тоа племето за да ги ангажира и нив при снимањето, ама никогаш не се договориле да гради на нивна територија, па така, кога првенствено го изградил селото во кое планирал да ја смести екипата, му го запалиле до темел, па морал да бара нова локација, што траело цела година, па одново граделе, па дури отпосле започнало снимањето.
-Многу луѓе биле повредени за време на снимањето. Еден човек од екипата бил прободен со стрела низ грло. Друга жена била повредена во стомакот, па морале да ја оперираат на кујска маса, при што и самиот Херцог асистирал. Член на племето бил каснат од отровна змија на сетот, па самиот одлучил да ја ампутира ногата за да не се прошири отровот. И му ја исекле со обична пила. И преживеал. Кинематографот исто за малку ќе ја загубел раката за време на снимањето. И него морале да го оперираат на бродот, на сред џунгла, и тоа без анестезија, па за да се смири, некоја проститутка на сетот му ја држела главата меѓу нејзините цицки.
И покрај се ова што им се случило, сепак Херцог го завршил снимањето и направил филм кој е еден од омилените на критичарите, и вклучен во листата 1001 филм што мора да ги гледаш пред да умреш. Затоа оценка плус од мене! И зашто се гледа од старт дека се е реално, дека нема никакви визуелни ефекти. А преместија брод преку планина, УПМ! Плус, сцените од природата беа пак величенствени, иако некако од почеток ко да се прашував што бара филмов во оваа тема. Ама добри две третини, па може и повеќе е outdoor movie. Добар филм за сите оние кои сонуваат. Не се откажувајте од соништата!
				
, брканицата, снимањето дур скија и слично), борбата со мечката би сакал да ја наречам боље од The Revenant ама да не преовеличуваме 

 . Што се однесува до идејата на филмов, хммммм...... јас обично се поврзувам со овие here's to the fools who dream филмови, зашто многу ми се рилејтебл и си ги сфаќам многу лично, ама овде имав проблем со тоа, сакав да се поврзам со Кински и да бидам на негова страна и сакав да успее во идејата што ја имаше за Операта, ама некако не можев да се поврзам со истата, се поврзав со страста, иако Кински имаше повеќе улога на несфатен madman отколку на passionate бркач на сонови, повеќе како каприц ми доаѓаа проективе негови, фатил да праи трансандиска железница, па се откажал, па Опера ќе праел среде џунгла, па ајде металот од железницата реклицирај го за Операта, што знам сето тоа ми дава некаков впечаток на некој што не е многу сериозен за проективе што ги почнува. Сцената на крајот беше апсолутно култна и мислам дека цел филм ќе го забораам ама ќе памтам неа зашто баш се наежив додека ја глеав и беше прекрасна. Во секој случај филмов си ја заврши работата да се заинтересирам за Херцог повеќе и тоа за мене е доволно.