Airborne
Ае па додека го чекам овој Дино за да глеаме Pirates of the Caribbean: Dead Man's Chest ќе начкртам некоја реченица тука за филмов, прашање е колку тоа ќе изгледа на рецензија, а колку на 4chan пост ама то е сеа.
Идеме. Филмов прв пат го глеам, и не е од моето детство. А и малку дискутабилно е што Анон рачуна како филмови од детство, овој како поеќе 90s тин акција/авантура/комедија барем по тоа што вика Летер, не личи баш на филм што е за децата што гледаат рецимо Беднобс енд Брумстикс и Летот на Навигаторот, ама добро нема врска тоа сега. Филмов не е лош, не ни добар, ама има многу изразен нискобуџетен третокласен вајб. Парадоксално е малку што глумата е очајна, ама ликовите се интересни. Се разбира дека се напишани еднодимензионално па имаме були, што е само були, калаштури што се само калаштури, ауткаст што е само ауткаст, љубовен интерес на протагонистот што по формула е симпатична женска, меѓутоа не нападна со својата убавина и по уште поизразена формула - самостојна лоунерка што се издвојува од сите останати женски во школото по..... ништо. Искрено филмов не се издвојува по нешто, би можела дури и да кажам дека е испод просек за жанрот, иако овој жанр и не е многу популарен зашто во раните 00ти беше експресно заменет со тин комедии кои имаа далеку поголем успех од овој ни ваму - ни таму жанр.
После вака, солидно плукање.... сепак ќе кажам дека филмот не беше лајк... ужасен. Гледлив беше, не дека ќе добиете или изгубите нешто посебно ако го гледате или не го гледате. Има симпатични моменти, има некоја минимална хемија помеѓу Мичел и Ники, Вајли исто така е екстремно интересен лик и многу ме потсеќа на некој што го знам ирл ама I can't put my finger on it. Многу необработени беа насилниците, некако ептен пластични беа и на моменти се прашував зошто го прават тоа што го прават, ко ептен нереални плитки ликови, не дека другиве имаа некаква длабочина или made sense, ама тие бандите па уште помалку. Морам да спомнам дека филмов има многу строга ромком структура, се надевам ќе почнат да го исфрлаат тоа у новиве филмови искрено зашто почна да ме нервира таа наративност, ама сакам ромкоми и некако ми ги уништуваат филмовите со тоа, ама ајде тоа за друга прилика ќе го оставиме, сега офтопик отидов.
Кулминативната сцена, искрено можеше да биде многу подобра, не беше проблем толку што беше леџит предолга, ама музиката у позадина што се занесуваше дека е у Хичкок филм, а не во третокласен тин „ромком“ беше катастрофа. Сцената имаше динамика за некој опак хаус ремикс на Sinnerman да оди во позадина, или било каква друга мелодија со некој побрз ритам што ќе одговара со сцената и дејството наместо...... што и да беше тоа суспенс музиката што одеше додека деца грајндаа по гелендери, мислам... да ви кажам ми идеше у позадина да си пуштам музика од јутуб за да ме внесе сцената подобро, зашто како таква не беше ептен лоша, ама и фалеше соодветен звучен ефект.
Ај да привршувам, 6/10