- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.004
- Поени од реакции
- 37.327
Ако можеш, гледај ги останатите 3. Не знам како инаку.Мислев на предложените филмови кои веќе ги имам порано гледано. Пет од февруарскиве ги имам гледано, но не би можел да пишам нешто детално за нив, не се сеќавам до толку на детаљи, одамна беше. А да ги гледам сите пак, баш и немам желба, а време уште помалку. Два филма се по добри два и пол саати.
Јас почнав со Deliverance, оти прв се симна - и испадна одличен! Иако не очекував дека ќе сретнам некој ваков, мислев дека сите ќе се повеќе артистички, налик на филмовите на Куросава и Херцог. Ова беше типичен холивудски филм, ама супер! Прочитав, бил номиниран и за Оскар за најдобар филм за 1972, а и уште за 2 други Оскари. И заслужено. Ме потсети многу на The Revenant, верувам дека и Ињариту го имал гледано, и дефинитивно имал влијание врз него, зашто нели The Revenant оддаваше своевидна почит на старите холивудски филмови како овој, беше снимен целосно со природна светлина, и речиси цел во природа, same as here. Ми се допаѓа многу топлината на боите од овој период, седумдесетите. И глумата беше извонредна, особено од двајцата главни актери, Барт Рејнолдс, како тип со авантуристички дух кој мисли дека никој ништо не му може, па дури ни природата, но испаѓа обратно од тоа, и Џон Воит, кого повеќе го знам како таткото на Анџелина Џоли, отколку како актер, tbh, кој глумеше по малку плашлив тип, Ед, кој се крие зад сенката на пријателот Луис, во кого секогаш наоѓа спас и го гледа како свој водич, но кога овој е во неможност да продолжи да ги води, мора да стисне заби, да ја преземе лидерската улога, и да најде излез од речиси безизлезната ситуација. Притоа, имаше по малце смешни каскадерски моменти како скокот со салто на Луис од кануто, или падот на Ед од карпата, но во тоа време ја немале денешнава технологија, па не можеле да употребат CGI и морале да си играат на тој начин, со камерата. Исто, ме потсети на уште еден, само многу понов, холивудски филм: Into the Wild. И тој, да го немавме сите гледано, совршено би се вклопил во темава. За природата, што да се дискутира: прекрасни кадри од недопреното од човекот, убави, и страшни истовремено. Мене ми беше измеѓу 8 и 9, но одлучив да му ја дадам повисоката оценка. Така го почнав и претходниот предизвик. 9/10