Филм бр.1 - Возвраштение aka The Return
или филмот кој ги победи 21 Gram на Ињариту, Zatoichi на Такеши Китано и др. УПМ, Звјагинцев е ѕвер над ѕверовите. Ова ми е втор негов (почнав малку наопаку, од последниот), и подеднакво ме импресионираше, иако е неговото првенче. На ова не Златен лав, туку и слон во природна големина од злато да му дадеш - е малку. Прво - кинематографијата: па добро бе човече, зар може секој ебан кадар да биде како за врамување и за на ѕид во дневна? Секој кадар е буквално уметност сам за себе... Да не земам да сликам сега, оти малку ќе ми биде едно мислење, кој може да се одлучи за само 20 слики? Го најдов и виновникот: Микаил Кричман, истиот батко на кого му се поклонував и во Loveless. Note to myself: запиши го тоа име некаде! Ме импресионираше неговата опседнатост со тревките. Тие се секогаш во преден план, и секогаш во движење. Нив ветрот секогаш ги лула лево-десно, па не се жалат. За нив животот е постојано бурен, иако големата слика на екранот и целото пространство изгледа како се да е мирно, баш онака како во времето кога Андреј и Иван живееја мирни животи со мајка им и баба им и за постоењето на нивниот татко знаеја од една единствена фотографија. Но доаѓа татко им, и им внесува бура во животите, баш онака како што ветрот ги бранува тревките. Второ - музиката. Па добро бе, како може да се наежам уште од прва сцена? Како? Како може да ме натера да не трепнам, два саати? Како може мене да ми предизвика толкав немир, а изгледа се толку мирно, тивко, сибирски-ладно... И трето - приказната. Звјагинцев ми е ко човек кој зема 100 романи, со 100 различни поенти, и успева од нив да изгради една приказна, проста како грав, но што ги содржи сите тие поенти. Значи буквално! Не претерувам. Филмов можеш да го толкуваш на милион подеднакво импресивни начини и по секој крај подеднакво да се наежиш. Една, една црна дамка да имаше, јас лично ќе му дадев помала оценка од најголемата можна. Ама не. Тука е невозможно ни сенка на некаква дамка да видиш. Да не заборавам - глумата на децата е фантастична, секоја чест на кастинг агентите кои успеале да ги најдат. Преубаво е прикажано како реагира еден невин детски свет кога ќе биде брутално вшмукан во светот на возрасните - полн со лаги, премолчувања, недоискажани работи и тајни. И кога за крај, прочитав дека детето кое го глумеше Андреј, само неколку месеци по снимањето на филмот, и само неколку километри потака од езерото во С.Петерсбург каде е снимен филмот загинало во несреќа на едно друго, слично езеро, буквално се запрепастив. Навистина штета да згасне еден така млад живот. Плус и живот којшто ветувал толку многу. Нека почива во мир Владимир Гарин, јас секогаш ќе се сеќавам на неговиот лик.
Можам уште многу да пишувам, би продолжил и за темите, и за значењата, и за поединечни сцени, толкувања, за милион работи... Ако некој сака, го има гледано, или ќе го изгледа во рамки на предизвиков, бујрумте на дискусија.
Препорака до сите кои не сакаат да гледаат 4 саати филм - заменете го The Woman Who Left со The Return! @Corvus ,
@Хоуп ,
@wot - за вас ова црвеново. Засега тука ќе се сопрам, и ќе станам да се напијам едно кафе, за да ме подосвести.
А оценка:
10/10, логично