5X филмски предизвик v.2/2018

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Мене не ми е проблем. И нео-ноариве не се баш лесен жанр, па еве ги изгледав. Предизвик си е предизвик. Ако е лесен, и не би бил баш предизвик, нели? :P

Сега не сакам да ви влијаам, но јас потајно се надевам дека некој ќе предложи нешто поинаква тема, отколку жанр/тема во филм, како што до сега беа сите теми во вторава верзија на предизвикот. Немаме теми за режисери, актери, директори на фотографија, филмови од специфични фестивали и сл. Па еве, мал поттик некој да размислува и во таа насока.
Епа ајде вака тогаш... да ви помогнам со изборот
Тешката тема ми е жанр/субжанр
Лесната тема ми е актерка

Темава со актеркава требаше да оди како трет предизвик, ама не ми е проблем да ги ротирам
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.567
Епа ајде вака тогаш... да ви помогнам со изборот
Тешката тема ми е жанр/субжанр
Лесната тема ми е актерка

Темава со актеркава требаше да оди како трет предизвик, ама не ми е проблем да ги ротирам
Јас си кажав, мене ми е сеедно.

P.S. Темата со актерката мислам дека знам која ти е. :P
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Сега не сакам да ви влијаам, но јас потајно се надевам дека некој ќе предложи нешто поинаква тема, отколку жанр/тема во филм, како што до сега беа сите теми во вторава верзија на предизвикот. Немаме теми за режисери, актери, директори на фотографија, филмови од специфични фестивали и сл. Па еве, мал поттик некој да размислува и во таа насока.
И шо, ти пак на крај ќе дадеш ЛГБТ филмови од Канскиот филмски фестивал :icon_mrgr:
Дечки вака,
Дечки, сеедно
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.567
И шо, ти пак на крај ќе дадеш ЛГБТ филмови од Канскиот филмски фестивал :icon_mrgr:
Ха, ха, ха! Не ме предизвикувајте, уште сме немале LGBT тема, btw! ;) Следниот пат ќе ви спремам нешто тазе, оти некако многу заглавивме во 60-тите и 70-тите. :P

5 филм: The Friends of Eddie Coyle

Најлошиот филм во предизвиков, според мене. Ептен ми беше досаден (кружев-околу-стол-level). Значи дефинитивно крими жанрот не е my cup of tea, ама дека овде приказната беше ултра-досадна, па и уште повеќе ми одмогна да се поврзам со било што. Досадни муабети за досадни продажби на досадно оружје и досадни грабежи на досадни банки во кои работеа уште подосадни банкарски службеници. И за никој не ми беше гајле, ни дали ќе загине, ни дали ќе ги фатат, ни дали ќе ја ограбат банката. Нема никаква врска ни со жанр, ни со приказна, но некако филмов го поврзав го The Great Beauty на Сорентино. Зошто? Оти се гледа дека е well made, ама едноставно јас не можам да најдам парче од него што ќе ми биде мерак за душа. И иста оценка му дадов, дури - 4/10 само. Чаос.

@Zlatikevichius се одјавува од предизвиков! Прв сум?
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
:(:(:(

Ич не си заинтересиран за моите филмови дечки :place:
А бе дечки, и тешки и лесни какви и да се ќе се гледаат сите, тоа го јас кажував.. а иначе за сите филмови сум заинтересиран :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.567
А бе дечки, и тешки и лесни какви и да се ќе се гледаат сите, тоа го јас кажував.. а иначе за сите филмови сум заинтересиран :D
Да де, исто велев. @Corvus , ти се мислиш за твојот жанр, а он за јули ни спрема неми филмови од 19 век. :D
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Да де, исто велев. @Corvus , ти се мислиш за твојот жанр, а он за јули ни спрема неми филмови од 19 век. :D
море у тие филмови да ти кажам право ќе видиш нешто ново за разлика од повеќето денешни
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.107
Поени од реакции
37.567
море у тие филмови да ти кажам право ќе видиш нешто ново за разлика од повеќето денешни
Еве сега јас отворив Taste of Cinema и вртев меѓу листите за да ми дојде некоја идеја за тема за кога ќе ми дојде редот (така и ја најдов таа твојата листа во Генерална што ти ја пишав). И се е некако - веќе видено. Вчера го гледав и тој новиот „хорор“, A Quiet Place, и стварно, ОК си е, ако си изгледал 10-15 филма во животот. Ама дур го гледав, имав чувство ко сто пати до сега да сум го гледал. Ама буквално изгледа ко секоја сцена да е рециклирана од некој друг филм, и тоа исклучиво од овие поновиве, како It Comes at Night и сл. Ретко се појавува нешто оригинално, и искрено, многу пати до сега сум дал високи оценки за филмови само заради оригиналноста, иако не ми се допаднале којзнае колку. Ете, на пример, таков беше Swiss Army Man со Даниел Ретклиф кај што глумеше труп.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564
Епа ајде вака тогаш... да ви помогнам со изборот
Тешката тема ми е жанр/субжанр
Лесната тема ми е актерка

Темава со актеркава требаше да оди како трет предизвик, ама не ми е проблем да ги ротирам
Ако актерката се соблекува во некој од филмовите, јас сум за таа тема :D
Ха, ха, ха! Не ме предизвикувајте, уште сме немале LGBT тема, btw!
Прав си, само G имавме, со тоа поетите :)
@Zlatikevichius се одјавува од предизвиков! Прв сум?
Сакаш уште?

Еве ме и мене да го заокружам предизвиков. Минатава недела не стигнав да се логирам како ги гледав, па еве за сите одеднаш.

Градскиот принц (1981)

Со овој филм Ламет повторно се навраќа на една тема што често ја обработува, а тоа се моралните и етичките дилеми кои се појавуваат при спроведувањето на правото и правичноста. Дали треба да се замижува на ситните прекршоци ако целта е да се спречат крупните?

Во случајов имаме полицаец кој заради грижа на совест решава да соработува со обвинителството во искоренувањето на корупцијата во полицијата. Притоа прави хаос како во полицијата така и во својот приватен живот. Одлично сценарио, одлични дијалози. Трае речиси три часа, но воопшто не ми се виде долг а и не знам каде би можел да се скрати. Веќе е скратен до минимум, најверојатно првичната верзија била уште подолга. Нема празен од, нема вишок сцени, се е на свое место во градбата и развојот како на ликовите така и на приказната. Одлична камера, ова е всушност првиот филм на снимателот Бартковиак.

Филмов е како неофицијално продолжение на „Серпико“ а после него се надоврзува „Ноќта паѓа над Менхетн“. Можеби има уште некој наслов помеѓу.

Пријателите на Еди Којл (1973)

Главен лик овде е еден ситен криминалец во веќе одминати години, кој е пред соочување со пресуда за затворска казна и кој е спремен да издаде некој од своите соработници за да ја избегне истата. Филмов можеби бил добар во свое време, но сега некако како да го погазило истото. Не дека беше лош, но некако не воспостави врска со ликовите. Можеби затоа што не ги претстави добро. Вкупниот впечаток ми беше како да ја гледам последната епизода од некоја кратка серија, без да ги гледам претходните. Може да се заобиколи или замени со некој од резервните.

Шок коридор (1963)

Еден амбициозен новинар, во потрага по својата најдобра сторија, ќе успее да влезе во ментална болница како пациент со цел да го открие сторителот на некое скорешно убиство што таму се случило. И ќе се соживее со улогата. Преку односот и разговорот со останатите пациенти гледаме една метафора и критика за голем број општествени прилики. Филмов е предвесник на „Летот над кукавичјето гнездо“, „Деветата конфигурација“ и неколку други наслови со слична тематика. Добар е да се гледа од тој аспект иако добро се држи и во денешно време.

Самурај (1976)

Ваквите наслови јас си ги викам филмски филмови. Каде што целата приказна се раскажува преку слика и звук а дијалогот е сведен на минимум. Тоа е врвот во филмското творештво. Осмислен е и најситниот детаљ како во постапките на главниот лик, ладнокрвен асасин од кого не добиваме ни ронка каква било емоција, така и во филмот како целина. Во филмот има акциски сцени, но на маестрален начин се изведени сосема мирно и полека а без тоа да влијае на напнатоста. Нема што друго да пишам, треба да се гледа. И Тарантино го гледал и учел од филмов.

Долгиот Велипеток (1980)

Главен лик во овој филм е лондонскиот гангстерски бос, кој на празникот од насловот ќе се соочи со непознат противник кој за еден ден ќе го сруши целото негово царство што го градел повеќе од една деценија. Боб Хопкинс во улога на овој немилосрден гангстер кој е сосема поинаков лик кога е во друштво на неговата жена, одлична улога на Хелен Мирен. Заедно со крајот на гангстерите го гледаме и крајот на една епоха на градот Лондон. Филмот е сместен во период токму пред големата трансформација на градот, така визионерски опишана токму од самиот бос - доковите да се претворат во комерцијални центри. Верувам ова буди многу носталгии кај Британците исто како и одличниот дијалог со многу нивни изрази и референци. Пирс Броснан ја има првата своја улога во филмов, а верувам и Гај Ричи нашол инспирација.
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Tirez sur le pianiste

Баш ме бендиса филмов. Составен од поише делчиња и жанрови али се убаво вклопено и не сметаше. Ептен ме смееја францускиве Џон Траволта и Самуел Л. Џексон со муабетите, внесени и полни со ентузијазам се расправаат со киндапираните, па и се колнат у мајка, а мајката умира :pos:. И на почеток многу смешно ми дое коа братов бегаше, се удри у бандера(не е тоа смешното), рандом лик му помогна, полека едно 5 минути си напраија муабет, и откоа завршија овој продолжи да бега.. закон :D.
Исто ми се свиѓаа и внатрешниве монолози на пијанистов, поготоо во врска за келнерката, дали да пружам рака или не, сакам такви ситници.
И нормално и главниов ноарски-драма дел поврзан со пијанистот што Злате убаво го опишал..
Ликовиве многу добро направени и изглумени, сценариото може и највеќе ми се свиѓаше, убаво саундтраче, интересно снимен.. чиста 8ца
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Tirez sur le pianiste

Баш ме бендиса филмов. Составен од поише делчиња и жанрови али се убаво вклопено и не сметаше. Ептен ме смееја францускиве Џон Траволта и Самуел Л. Џексон со муабетите, внесени и полни со ентузијазам се расправаат со киндапираните, па и се колнат у мајка, а мајката умира :pos:. И на почеток многу смешно ми дое коа братов бегаше, се удри у бандера(не е тоа смешното), рандом лик му помогна, полека едно 5 минути си напраија муабет, и откоа завршија овој продолжи да бега.. закон :D.
Исто ми се свиѓаа и внатрешниве монолози на пијанистов, поготоо во врска за келнерката, дали да пружам рака или не, сакам такви ситници.
И нормално и главниов ноарски-драма дел поврзан со пијанистот..
Ликовиве многу добро направени и изглумени, сценариото може и највеќе ми се свиѓаше, убаво саундтраче, интересно снимен.. чиста 8ца
Хаха ме претрка и на летер и тука бе :P
И шо да пишам сеа истиве работи ми се свиѓаа и мене :ROFLMAO:
Ај ти на позитивните јас на негативниве ќе се свртам малку, ама да потенцирам се што пишало грандево важи и за мене.

Shoot the Piano Player

Многу некако ми беше површен филмов од аспект на некои мотиви такви работи, како да немаше ептен флоу. Ми имаше Богартовски вајб пијанистов, па и филмов таков Богартовски беше ама пак како да фалеше некоја финеса во текот на дејство. Во филмовите на Богарт тоа најчесто тече поелегантно. Имав мака и со ликовите да се поврзам на некое подлабоко ниво, некако не осеќав ко да ми е гајле за нив, онака ми беа ватевз. Мислам дека најголемиот проблем за двава пропуста е сценариото и доколку би било малку пософистицирано и пообработено, филмов би бил далеку подобар од тоа што е.

7/10
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
The Friends of Eddie Coyle

Секогаш е уживање да се глеа Роберт Мичам како работи.. Гледам слабо поминал тука, мене прилично добар ми беше. Единствено негативно е што осетив дека малку ко да ми се раздолжи за нијанса, а се друго ми беше тамански ко за ваков вид крими/heist филмче, "проколнат херој" во ликот на Мичам, грабежите, комбинаците, договарањата, пресвртите, а најмногу целокупната атмосферата која ме потсетуваше на плејстејшнс Driver(коа сме кај слична атмосфера само со подинамична акција, од истиов режисер препорака за Builit). 70тиве крими филмчиња ми се свиѓаат што нема некој непотребен глуп хумор и зафрканции, него си е стрикли бизнис. Знаеше што сака филмов(Peter Yates) и тоа си го сработи, и пак да го спомнам Мичам кој го движеше филмов.. 7,5/10
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
The Prince of the City

Некако цело време се чувствував како набљудувач од страна. Океј такви сме за сите филмови, но сфаќате што сакам да кажам. Не ме вклучи филмот.
Уште од самиот почеток сфаќаш што ќе се дешава. Полиција, корумпирани полицајци, мафија, умирања, судења, сведочења... и секако тоа и го добивме.
Беше и многу долг.
Можеби овој филм е инспирација за некои „модерни“ слични филмови но мене тематикава не ми е по мерак баш.
6.5/10
 
Мислев дека ќе ти се допадне, о, ти, поборнику за квалитетен дијалог!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom