5X филмски предизвик v.2/2018

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
The Friends of Eddie Coyle

или попознат како, Bank Robberies and Reselling Resold Guns.
6/10
Не ми се допадна филмов. Гледлив беше ама не ми беше по вкус. Ова со банките беше океј, ама се друго, тапа. Само некои оружја се препродаваа, само некои половични тајно-дискретни разговори се водеа. А имав проблеми и со глумата на овој. И заложниците у банките исто така.
upload_2018-5-13_16-47-21.png
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Shock Corridor

Новинар се прави луд за да влезе во лудница и да дознае кој го уби Слоун со цел да добие Пулицер.
У околината и он станува луд.
Убава замисла за филмот, океј глума, но имаше неколку феил кадри со сенки/ноар моменти кои ми изгледаа фејк/исфорсирани а исто така не ми се допадна што и некако премногу време се изгуби на „позадинските“ приказни на 3цата сведоци од кои требаше да дознае кој е убиецот. Имаме елементи на расизам, инцест, луди генијалци... со оглед на годината во која е снимен, добар е.
7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.806
Поени од реакции
33.630
На 02.05 рано утрото, пред да тргнам на прошетка низ Македонија ги ставив сите 5 филма да се симнуваат. Онака, набрзинка, без многу да проверам. И пред некој ден се стокмив да го гледам првиот. Одев според листата на @moongoses па прв на репертоарот беше Servant. Го пуштам филмот, и коа гледам, пак сум го утнал (еднаш во клубот ми се случи). Сум симнал некој Корејски, романтична-комедија-бајка, но, бидејќи во првите 5-10 минути од филмот имаше една многу јака сцена на која се згазив од смеа, му дадов шанса и го изгледав до крај. Испадна многу лош, очаен филм, на средина дури и досаден, па сега малку ми е мака за потрошеното време, ама не можам да го вратам назад. Вистинскиот Servant уште ми се симнува, па затоа почнав со вториот на листата:

1 филм: Tirez sur le pianiste

Трифо, пак. Скоро го имавме во клубот. Ова беше прекрасно! Кога прочитав дека речиси цело сценарио е импровизација - им текнувало додека снимале, и дека крајот бил снимен врз основа на тоа кои актери му биле достапни во тој момент на сетот, а дека испаднало така како што испаднало, дека филмот е толку добар и покрај се тоа, дека забележал огромен успех кај критиката, и плус собрал многу пари од кино проекциите, па бил своевиден поттик за Трифо да се врати со снимање на класични филмови, направени по постоечко сценарио, едноставно ми беше запрепастувачки момент. За филмот: на моменти ми беше збунувачки што се случува, зашто првата келнерка, жената на Едуард Саројан, и втората келнерка, Лена, девојката на Чарли личеа многу една на друга, па се губев во преводот. Многу доцна сфатив дека сцените со жена му се всушност флешбек сцени, и кога го сфатив тоа исто ми беше преубаво - каква само паралела беше направена, ко на Чарли одново да му се случува животот. Инаку, накратко, Чарли, пропаднат пијанист во една биртија, некогашен маестро Едуард Саројан кој полнел концертни сали, но се откажал од славниот живот по самоубиството на жена му, се вљубува во келнерката во барот каде свири, Лена, но е премногу срамежлив да се впушти во врска со неа, иако и таа го сака. Но ова е суб-плот. Вистинските дешавки започнуваат кога еден од неговите тројца браќа го моли за помош да избега од двајца мафиози кои го бркаат откако им украл нешто. Откако ќе успее да избега, мафијашите продолжуваат по трагата на Чарли, и неговиот живот, секогаш мирен, за разлика од бурниот на неговите браќа, станува кошмар - Чарли станува ист како и нив: криминалец, убиец, постојано во страв, постојано во бегство... И на крајот го стигнува казната: историјата се повторува, и Лена, неговата нова љубов завршува трагично, слично како и со неговата сопруга. Но на крајот го гледаме Чарли повторно зад пијаното, повторно во истата биртија, повторно одлутан некаде во минатото со мислите... И со нова келнерка зад шанкот! Кругот одново започнува!

Можеби е малку тежок за следење, реков веќе, но генерално е одличен филм кој веројатно ќе ми остане врежан во меморијата уште долго. Инаку, не сум голем фан на ноарите, да бидам искрен. Некои од предизвикот на @grande-juve од пред две години едвај ги изгледав, други ги прекинав, и иако трети ми беа вистински masterpieces, некако се уште имам впечаток ко да се тоа изолирани случаи па затоа не се израдував многу кога ја видов темава, мислејќи дека ќе се мачам да ги изгледам, иако се ова со малку поотворен пристап, не се до таа мера херметички и до толку оковани во стегите на правилата на жанрот (ете, на пример, во овој нео-ноар јас не го видов еден од најзначајните елементи на тато ноар - femme fatale). Но ете, првиот ме разубеди дека можеби не сум во право и дека не треба да судам пред време. Ќе се обидам денес да изгледам уште еден, па ќе видиме. 8/10 за овој.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.806
Поени од реакции
33.630
2 филм: The Servant

Овојпат вистинскиот, конечно! Инаку, првата половина, или две третини од филмов ми беа чиста десетка. Чиста ко солза. Но, од моментот кога Тони го ре-вработи слугата, почна се да иде низбрдо. ОК, got it што сакал писателот (Харолд Пинтер, btw, го обожувам. Дури и Нобелова награда за литература зеде пред десетина години) да каже, само мене ми беше некако сѐ премногу надреално. Едноставно не можев да разберам како успеавме да стигнеме до тој крај. Мислам, ОК си е крајот, само некако пребрзо се придвиживме кон него.

Инаку, филмов е веројатно таткото на gay филмовите, првиот чекор кон Brokeback Mountain. Толку хомоеротски набој имаше, што очекував во секој момент да се плеснат господарот и слугата (секако, зависно во кој дел од филмот ќе се плеснеа, различен лик ќе клечеше ко куче :pos:). Тоа не се случи веројатно зашто прерано им било на луѓето да излезат од плакарот, не биле созреани за тоа време.

Најмногу морам да ја пофалам кинематографијата: прекрасни кадри, особено ми се допадна тој со кристалната топка при крајот на филмот. Имаше и многу симболика, исто и тоа ми се допадна: пр. сцената со овенатите цвеќиња по заминувањето на слугата и неговата фуфица (која btw ми делуваше ко да е со блага ретардација, па ја лажат како сакаат). Имаше и една сцена некаде кон средината за која баш помислив: WOW, прекрасно, ама сега не може да се сетам што конкретно се случуваше. Ако ми текне, ќе допишам подоцна.

Реков: првите две третини филмов ми беше: да не трепнеш, буквално, но последниот дел некако ми беше преизбрзан, и со непотребно сменет тон од драма-романса-трилер во хорор. Затоа некако би ја моделирал крајната оценка некаде измеѓу 7 и 8, со тоа што, бидејќи ова ми беше за нијанса со послаб впечаток од тој на Трифо утрово, сепак би ја ставил пониската. 7/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Shoot the Piano Player

Многу убави жени имаше во филмов.
А имавме и убави анализи на жените, spot on.

Не си грд, до жлездите е :D

Не сум некој фан на Труфо откако го гледав разочарувањето наречено 400 blows.
Не можам да речам дека се лоши филмовите но навистина не ме восхитуваат.

Во пианово на пример, лесно ми шифташе теми, не се држеше до една цел.
Почнува со брканица, мислиш еве ни го главниот лик и тап брат му.
Па брат му у брканица мислиш тоа ќе биде, тап брат му у „љубовни проблеми.“
Па после карактерни и кариерски проблеми...

А и не ми беше јасен главниов лик во однос на неговиот став кон жените.
Прво го гледаш како анализира наједноставни работи, после го гледаш демек ебачиште, па после пак е некако несигурен. Изгледа мажите се несигурни само со жените што навистина ги сакаат.

Иииии го имаме момент каде жена го изневерува мажот СЛУЧАЈНО во периодот кога мажот станал успешен.
Врх.
Ајајаја па пробува да се извади, со умот не била, само со телото.
Упс, навистина и било жал бе, се фрли од тераса.
Дали ќе се фрлеше ако овој останеше?
Леле. Фак.
По секоја логика познавајќи го женскиот ум, откако овој си отиде, она требаше да трча по него.
Добро, ова е изолиран случај.

Доста работи се анализирани во филмов но на мене не ми „кликнуваат“.

Многу јака и комична сцена во колата кога ќе го киднапираат детето.
„Добивам мигрени кога учам или работам. За ова се криви моите претходни две генерации татко и дедо затоа што биле многу хард воркинг. Сега јас ја плаќам цената“ хахаха
Другиов фати да му се колне на детето за материјалот од кој е направен неговиот шал.
И лажел. И ја покажаа мајка му како умира. ХАХААХАХ

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.806
Поени од реакции
33.630
Во пианово на пример, лесно ми шифташе теми, не се држеше до една цел.
Почнува со брканица, мислиш еве ни го главниот лик и тап брат му.
Па брат му у брканица мислиш тоа ќе биде, тап брат му у „љубовни проблеми.“
Па после карактерни и кариерски проблеми...
Пишав погоре, немало сценарио, затоа така. Како ќе им прднело, така ја шифтале приказната. А за тој што трча, наводно било чест елемент во филмовите на Трифо. Преку човекот кој трча сакал да внесе дополнителна кинетика во филмот, да биде поенергичен, и повозбудлив (малку ми нема логика, до душа, ама така читнав негде).
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Пишав погоре, немало сценарио, затоа така. Како ќе им прднело, така ја шифтале приказната. А за тој што трча, наводно било чест елемент во филмовите на Трифо. Преку човекот кој трча сакал да внесе дополнителна кинетика во филмот, да биде поенергичен, и повозбудлив (малку ми нема логика, до душа, ама така читнав негде).
Да, те прочитав, не ти ставам лајкови на нечитано!
Иначе и ја ги мешав жените не знаев која му е што и осетив дека има некој флешбек ама не го сфатив најдобро.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Слуга (1963)

Цело време за време на филмов не знаев на што сум. Толку можности беа навестени да буквално која било можеше да биде вистинската. И да го убиеја немаше да биде ништо шокантно. И кога тоа на крај нешто сосема друго. Секоја чест. Одлично оцртани ликови, одлични дијалози. Простор за психоанализа колку сакаш. Страшно добра камера, како движења во тој тесен простор, така и агли, светло и особено голема употреба на огледала. Филмов може да се толкува на многу начини и пак сите да се точни. Единствено малку ми беше пренагол пресвртот во карактерот на газдата откако го врати слугата на работа како и мотивот за истото.

Исто така многу интересно решена сцената во ресторанот, каде што паралелно следиме разговори од неколку маси околу протагонистите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.806
Поени од реакции
33.630
3 филм: Shock Corridor

Интересна замисла, навистина оригинално, и по малку creepy (од денешна перспектива потсетува на One Flew Over the Cuckoo's Nest и The Shutter Island, иако не е баш идентична приказната и со двата). Само некако имав чувство ко да ми беше предолг, иако само 1:41 трае. Инаку, што ми се допадна најмногу во филмов: оквалификуван е како мистерија, и навистина онака, површно, тоа е. Но има тука меѓу целото ова лудило и навистина нормални, реални моменти кои отвораат некои други прашања. Пример: расизмот во 60-тите во САД, женската сексуалност, па дури и комунизмот (делот со вториот сведок, црнецот, ми беше можеби и најинтерсен во цел филм). Оттука, кога ќе го завршиш, сфаќаш дека филмов е многу повеќе од мистерија. Тоа е еден дијалог помеѓу режисерот и гледачот, дијалог за мноштво социјални прашања. Слично како што во филмот постоеше дијалог меѓу главниот актер и неговото внатрешно јас (ми се допадна употребата на внатрешниот монолог кај ликот). Но, дури и ако не навлегуваш така длабоко во дискусии за значењата, и на површината, гледајќи го како филм за третманот на ментално болните во болниците за ментално здравје (толку лош, што дури и здрав човек внатре би полудел, наместо лудиот да биде излекуван) - испаѓа дека е одличен. Реков, само да беше малку пократок и да беа скратени некои сцени, ќе беше бонбона и пол. 7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.806
Поени од реакции
33.630
4 филм: Prince of the City

Најдолгиот, што мислев дека нема да го изгледам никогаш, ама ете, по неколку прекини, успеав. Плус, тоа што ме одвлекуваше беше и жанрот: по вестерните, крими-филмовите најмногу ги мразам. А уште повеќе пак, ако се вака монотони и долги. Значи, тоа што не ми се допадна во филмов е неговата амплитуда, начинот на раскажување кој беше прелинеарен, премонотон. Потоа, реков: темата - полиција, мафија, корумпираност, дроги... а притоа - акција приближно еднакво на 0.

Но, филмов имаше премногу други квалитети за да можам да го дискредитирам така лесно. Прво - дијалозите беа врв, од почеток до крај. Мислам дека цел филм најмногу се потпираше на одличната скрипта како стожер без кој ова дефинитивно не би било гледливо (ова за мене си зборам, дека јас нема шанси да завршам филм од преку 2 и пол саати со толку монотоност во него). Глумата исто така беше добра, камерата супер (имаше по некој кадар надвор, на отворено, далеку од целото сивило и мрак по улиците и во зградите каде најчесто се случуваше дејството - токму тие сцени најмногу ми се допаднаа, некако ко да сакал режисерот од време на време да разбие малку монотонија, да внесе бои и светлина...). Но, она што мене ми беше ептен нај-ноар-ско во филмов е музиката! Таква некоја тивка (џез?) мелодија, типична за крими нео-ноарите (барем оние кои јас сум ги гледал го имаа овој елемент. Ете, прв на кој ми текнува е L.A.Confidential), а која со особен успех може да биде ставена и во било која секс сцена на некоја романтична драма од било која епоха.

Ама пак ќе речам - што бе им треба да развлекуваат толку многу? Што ќе изгубеше овој филм да траеше помалку од 2 саати? Да беше преполн со дејства, згуснат, па да нема што да се исече при монтажа, би разбрал, ама ај!

И тука 7/10, трет пат по ред. Доста му е.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Убијте го пијанистот (1960)

Филмот почна како прав филм ноар, лик бркан од двајца други во црна темница и тек треба да дознаеме кој и зошто го брка. И толку, веднаш потоа менува жанр како вртење под рачна. После сцената со исповеданието на случајниот минувач, фокусот се префрла на братот на ликов кој е всушност главниот лик во филмот т.е. пијанистот. И продолжува како романтично-трагична приказна, комедија со елементи на слепстик и меша уште пар други жанра. Не води низ размислувањата на главниот јунак, кои драстично се разликуваат од неговите постапки, низ неговото славно минато со трагичен крај, неславна сегашност исто со трагичен крај. Интересни досетки на ликовите особено тие гангстерите, исцртани како прилично наивни ликови, впрочем како и останатите. И за крај едно снежно финале, во кое во еден кадар е ведро за да веќе во следниот вее снег, па повторно ведро, па пак виулица.
Ќе ја заборавев сцената со келнерот што пееше. Закон песна и изведба :)

Гледлив си е филмот, но овој треба да е претставник на францускиот нов бран, а се што прави е имитирање на класичните холивудски жанрови?!

p.s. @Zlatikevichius каде ги ископа овие информации дека немале сценарио, бил хит и остало? Не сум баш на ти со францускиов талас, ама не ми изгледаат баш веродостојно.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.806
Поени од реакции
33.630
p.s. @Zlatikevichius каде ги ископа овие информации дека немале сценарио, бил хит и остало? Не сум баш на ти со францускиов талас, ама не ми изгледаат
IMDB trivia, чинам.[DOUBLEPOST=1527089358][/DOUBLEPOST] Screenshot_20180523-172840.png
Еве
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.289
Самурај

Задолжителен е Самурајот, или гледајте 6 или мењајте некој. Без заебанции и непотребни работи, секоја сцена и детал одмерен, минимален дијалог, се е јасно, words are very unnecessary, саундтрак погоден, снимен одлично, а најмногу тонот и темпото како и изборот на актерите посебно Алан Делон го прават филмов посебен и еден од најдобрите во жанров.

There is no solitude greater than that of the samurai unless it be that of a tiger in the jungle... perhaps...
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Дечки вака,
знам дека не е пракса на предизвикот ова, ама зашто и онака сме малку, а и наши сме си сакам да се консултиирам со вас околу следниот предизвик. Имено, Јуни е мој и веќе имам избрано тема ама почнав да се двоумам дали да ја дадам сега или да ја почувам за понатака. Работата е што темата за месец Јуни е жанр што не е баш лабав за гледање, а летото како доста неактивен период за гледање филмови ќе биде дополнителен предизвик да се гледаат филмови што се спори и без ептен дејство. Прашањето ми е, дали повеќе би сакале да дадам некоја полесна тема за гледање од областа на ромкоми, комедии, акции и слично, или да се држам до трилер/драмиве што веќе ги имам во предвид.
Немам јас проблем и да го сменам предизвикот, сакам да бидам солидарна и да не ве мачам ептен во летниве месеци со спори филмови, ама ако ви е сеедно ќе си се држам до оригиналната тема.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.806
Поени од реакции
33.630
Дечки вака,
знам дека не е пракса на предизвикот ова, ама зашто и онака сме малку, а и наши сме си сакам да се консултиирам со вас околу следниот предизвик. Имено, Јуни е мој и веќе имам избрано тема ама почнав да се двоумам дали да ја дадам сега или да ја почувам за понатака. Работата е што темата за месец Јуни е жанр што не е баш лабав за гледање, а летото како доста неактивен период за гледање филмови ќе биде дополнителен предизвик да се гледаат филмови што се спори и без ептен дејство. Прашањето ми е, дали повеќе би сакале да дадам некоја полесна тема за гледање од областа на ромкоми, комедии, акции и слично, или да се држам до трилер/драмиве што веќе ги имам во предвид.
Немам јас проблем и да го сменам предизвикот, сакам да бидам солидарна и да не ве мачам ептен во летниве месеци со спори филмови, ама ако ви е сеедно ќе си се држам до оригиналната тема.
Мене не ми е проблем. И нео-ноариве не се баш лесен жанр, па еве ги изгледав. Предизвик си е предизвик. Ако е лесен, и не би бил баш предизвик, нели? :P

Сега не сакам да ви влијаам, но јас потајно се надевам дека некој ќе предложи нешто поинаква тема, отколку жанр/тема во филм, како што до сега беа сите теми во вторава верзија на предизвикот. Немаме теми за режисери, актери, директори на фотографија, филмови од специфични фестивали и сл. Па еве, мал поттик некој да размислува и во таа насока.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom