Rebel in the Rye
Фатив да ги читам претходните рецензии за филмов пред да ја напишам мојата за да избегнам повторување, и ја прочитав само на мунгусот и го глеам Злате со ролна папирус дошол спремен, фак дис шит. Ќе пишувам на слепо зашто ако читам дискусија ќе се надоврзувам само и ќе си останам без рецензија.
Прво да кажам дека многу ја сакам темата од овој месец зашто I get to write about lit. Некогаш ми е криво што не се инволвирав нешто посериозно во подфорумот наменет за тоа, ама сега и тој е скоро па мртов, така што то е шо е. А уствари па мене само оваа новела ми е читана од сите у предизвикот па не знам со другото како ќе се снајдам, ваљда нема да знам кај сум и што да пишувам, ама ќе даам се од себе. Криво ми е што немам време да ги прочитам сите пред да ги гледам филмовите зашто како што може да се примети и во дискусијата за 1984 во клубот, дијаметрална спротивност има во импресиите на тие што ја читале книгата, и плебсот, хехе.
Епа добро, спремна за контра-аргументите на Злате, почнувам. Прво и основно што треба да се каже за мене како рецензент на филмов, е дека јас не го сакам Селинџер, не ја сакам ни Играта. Не го оспорувам фактот дека е сигнификантна книга за Американската литература, ама во споредба со наш Хесе и неговиот Демијан е белетристика. Ме нервира Холден, мразам богаташки дечишта што мислат дека цел свет е во заговор против нив, и having that said, да се префрлам на филмот.
Не знам за кого е сниман филмов. Кој треба да го гледа? Дали е ова филм за запознавање на ликот и делото на Селинџер? Не. Дали е ова биографски филм кој ни го покажува животното патешествие на Селинџер? Also, не. Дали е можеби за фановите на неговото творештво? Далеку од тоа. Филмов не е ниту снимен за да направи пари, или да задоволи фандом. Која.е.целта.на.филмов?
Кога се снима ваков филм, многу е важно да си ја избереш публиката, дали сакаш филмот да го гледаат луѓе што се запознаени со Селинџер и да правиш homage филм, или ќе го правиш за луѓе што сакаш ти да ги запознаеш со Селинџер и ќе правиш леџит биопик. Овој филм не знае за која публика е правен. Овој филм е премногу премногу watered down, премногу, унаказен со пристојност и мекост. Па побогу! Правиш филм за Селинџер, писател што го дефинира речникот, писател што преку секој еден ред има пцости и вулгарности, филм што мораше да го задржи стилот на Селинџер за да биде homage филм, затоашто homage филм не се прави со Кај одат пајките кога езерото ќе замрзне, се прави со давање физичка форма на стилот на авторот. Да направиш филм за Селинџер без вулгарност, е исто што и да направиш филм за По без халуцинациите и дрогите, тоа се некои најспецифични одлики на авторот без кои Селинџер не е Селинџер. Неприфатливо!
@Anon книгата читај ја на англиски. Селинџер има ОСОБЕНО многу специфичен и сочен речник. Во нашите преводи преку секој збор ќе читаш „По ѓаволите!“, „Ѓавол да го/ве/ги земе!“ верувај дека преводот не го доставува тоа што треба. Дотолку што јас планирам да ја препрочитам на англиски, за да ја доживеам како што наумил Селинџер. Ќе те изнервира репетитивноста, ќе ја баталиш. Јас ја читав на македонски, и јас ја мразам. Селинџер не е напразно толку извикан автор, ама тоа за коешто е извикан е стилот. Читај ја како што треба, читај ја во оригинал.
Инаку Злате твоја сум ајде, 7/10, come at me bro