5X филмски предизвик v.2/2018

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
Априли-ли-ли, нормално! :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Нема ништо на светот толку неодоливо заразно како смеата и добриот хумор. [4]
Ми требаше време да ги изберам „најпретставителните“ постери за погоре, ама се надевам сфативте дека нема да ги гледате нив, уште пред да ви го пишам ова. А што ќе гледаме?
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сите светови се направени од вера, доверба, и ѕвездена прашина. [5] И овој, нашиот, тука! Зиме ќе влеземе во еден мал вагон розов со перничиња од сино платно. Ќе се сместиме. Гнездо за бакнежи во возот е во секое аголче матно. [3] Не знам точно што мислам со ова, ама го мислам.[1] Сигурно се прашувате: „што збори овој?“ Летам, драги мои. Летам. Оти тука, и вака, можеме да летаме! Во оној момент кога ќе се посомневаш дека можеш да леташ, се осудуваш себеси никогаш да не можеш да го направиш тоа. А никогаш е ужасно долго време. [5]


Сакам кога некој се возбудува за нешто, убаво е! [1] Ќе сетиш како нешто те полазува сета... Еден мал бакнеж, како бубалка што прета, ќе ти протрча лудо низ вратот... Ти ќе ми речеш: “Барај“ наведнувајќи глава, - и ние долго ќе ја бараме таа мрава што многу го заплеткува патот...[3]

Какви ли не мисли ми доаѓаат ноќва, оти одев по споредни улици под дрвореди со главоболка свесен за себе гледајќи во полната месечина.[2] Сега сигурно почнуваш и да ме псуеш, нели? И сакаш да ме скокнеш. Немој! Кога не гледаш, некој ќе се прикраде и ќе ти напише „Еби се“, тука, баш под твојот нос. И да имаш милион години за да го направиш тоа, не можеш да ги избришеш ни пола од „Еби се“ знаците во светот. Невозможно е.[1]

Сфатив дека безброј пати сум се умрел и повторно сум се родил, но не се сеќавам на тоа само затоа што премините од живот во смрт и пак во живот се толку сенишно лесни и мазни, една магична акција во ништо, како да заспиеш и повторно да се разбудиш милион пати, потполна случајност и длабоко незнаење.[2] Смешно е. Сѐ што треба да направиш е да кажеш нешто кое никој не го разбира, и сите ќе направат сѐ што ќе посакаш.[1]

А јас не барам многу од вас. Само 5 филма да изгледате месецов...

Долго се мислев што да ви предложам. Имав теми како: Yugoslavian Black Wave, Митологија, NC-17 Movies (ова е последната тема која ја имав пред да се премислам), а имав и една друга за која веќе и ви ги избрав филмовите: ни еден од нив никој немавме гледано (ќе ја чувам за следниот пат). Но се случи пред недела-две @Corvus и @Anon да гледаат еден филм кој одамна ми беше симнат, но никако да се наканам да го гледам: Goodbye Christopher Robyn. Два дена потоа, јас гледав еден од петте кои тука ќе ви ги предложам, и сфатив дека морам да ја сменам темата. Го гледав и Goodbye Christopher Robyn потоа, и заради двата, еве, ја менувам, во 5 за 12! Тоа што во април ќе гледаме е поврзано со, за мене, заедно со филмовите, најважната уметност во мојот живот. Она што го сакав од мал, она кон кое се стремев дека ќе го правам кога ќе пораснам (иако наречниците рекле да правам сендвичи цел живот), она кое ме исполнуваше, ми правеше да чувствувам пеперутки во стомакот, да не спијам цела ноќ, да трошам пари ко луд само за да го почувствувам мирисот... Книгите! Како се тие поврзани тука? Едноставно: во месец април ќе гледаме 5 филма за 5 (и повеќе) писатели и поети кои значеле нешто за мене (дел уште значат). На тој начин, двете мои омилени уметности ќе ги споиме во едно – ќе видиме на филм како се напишани едни Петар Пан, Божиќна приказна, Ловец во ‘ржта, како живеел мојот омилен поет, Рембо, и како твореле припадниците на Бит-генерацијата во САД: Гинзберг, Керуак... Значи април е месец на

WRITER BIOPICS

Еве што избрав (делата во продолжение, исто, ви препорачувам да ги прочитате ако веќе не сте ги прочитале, но секако, се надевам филмовите ќе ве натераат да го направите тоа):

1. Rebel in the Rye (2017) / Џером Д.Селинџер - Игра во 'ржта
2.
Kill Your Darlings (2013) / Џек Керуак - На пат / Ален Гинзберг - Поезија
3. Total Eclipse (1995) / Артур Рембо - Пијаниот брод и Илуминации / Пол Верлен - Поезија

4. The Man Who Invented Christmas (2017) / Чарлс Дикенс - Божиќна приказна
5. Finding Neverland (2004) / Џејмс Метју Бари - Петар Пан

Ова се петте избрани. Последниот, Finding Neverland, е задолжителен за @Corvus и @Anon . Другите, бидејќи го имаме гледано, може да го замениме со некој од трите подолу. @Corvus и @Anon , за да не се почувствувате дискриминирани: за вас пак незадолжителен нека биде Total Eclipse, можете да го замените тој. Другите 3 филма, за замена, се:

6. Bright Star (2009) / Џон Китс - Поезија
7. The Last Station (2009) / Толстој - Војна и мир и Ана Каренина
8. Shadowlands (1993) / Клајв С. Луис - Хроники од Нарнија

Многу ми е мака што многу филмови и многу автори ми останаа надвор од листава, ама ако на некому му се допаднат овие, со задоволство ќе му ги препорачам и останатите. И ќе се потрудам да изгледам што е можно повеќе. Е сега се надевам навистина ќе уживате. ;)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Прво едно извинување кон @Anon, што потклекнав на неговиот предизвик, односно не изгледав ниеден од предложените филмови минатиот месец. Не е ниту лично ниту заради изборот односно темата, едноставно така бидна. Повеќето и ги имам гледано, но сега да не се навраќам назад.

Затоа оваа тема ја фаќам веднаш, па ќе видиме до каде ќе ја истерам. Судејќи по почетокот, нема далеку :)
Прво го изгледав вториот предлог, Kill Your Darlings. Злате, си можел комотно да го сместиш и во првоаприлската тема :)

Филмот е за запознавањето на четворицата идни познати писатели, гледано преку призмата на Гинзберг во неговата прва факултетска година. Искрено, постмодернизмот во која било уметност воопшто не ми е интересен како правец, па така и во литературата. Што би се рекло дека освен што сум ги чул имињава на писателите, не само што немам ништо прочитано од нив, туку не можам да го кажам ни насловот на нивните најпознати дела. Особено на поетиве.
Филмот не води низ дружбите на оваа четворка по њујоршките клубови, паркови и нивните домови. Сето пропратено со пиење, дроги, братска љубов и цитати од разни поети. Имаше малку тензија во сцената со библиотеката и нешто помалку со убиството, другото беше муабет и поетски цитати. Не смеам музиката да ја заборавам, одлична беше. Да, и цитатите од поеми, не знам дали ги спомнав.

Филмов можеби открива некои нови детали околу поврзаноста со убиството и хомосексуалноста на некои од писателиве, а можеби тоа е одамна познато, не знам. Веројатно на љубителите на нивниот лик и дело (пинг Злате :) ) тоа им е познато и интересно, за нас останатите ништо не менува.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
За првиот филм ми треба малку време за да напишам нешто добро, затоа ќе го оставам за подоцна.

2 филм: Total Eclipse

J'ai fait la magique étude
Du Bonheur, que nul n'élude.


Филм за човекот чие „само јас го имам клучот на таа дива парада“ го промени светот, иако тој, мислејќи дека бил премногу млад и наивен да верува дека неговата поезија може да го промени светот, престанува да пишува, на само 19 години! Ама многу лош обид за да го опишат неговиот живот. Подобро ќе било дури и да ја изрецитираат Пијаниот брод, или на некој начин да се потрудат да ја екранизираат. Тука видов премногу театралност, премногу преувеличување, премногу патетика... Јасно, знаеме колку ексцентрични биле поетите во тоа време, знаеме какви глупости правел Рембо, па и Верлен, опседнат со Рембо, но претставени вака, на филм, ми немаат поента. Рембо бил бунтовник без причина (или со причина чиј клуч само тој го имал), а во филмов е претставен ко непромислено, разгалено детиште на кое во животот важно му е само некој да го подржува финансиски за да може он да не изгуби ни секунда уживајќи. Не е до актерите, одлични се и Лео, и овој од Хари Потер, веројатно е до тоа што сакале премногу драмски ефект да постигнат, па претерале со пишувањето. Истото можам да го кажам и со сцените во кои Рембо се враќа во Шарлвил: секогаш кога оди дома, неговите јадат, секогаш кога оди дома само седнува на масата и никој не му се ни радува, ни тагува, не го ни поздравува ни псуе, ни ништо. Неговите дома се рамнодушни во однос на неговото присуство или отсуство. Многу неприродно ми делуваа тие сцени, не знам... Плус, веројатно потпомогнато од фактот што гледав очаен DVDRip (не успеав да најдам ништо поасално), филмов ми беше навистина лош. Оценката која ја добива - 5/10 е само за актерите (навистина одлични, и двајцата), за некои симболи од неговата поезија кои ги забележав нафрлани таму ваму како бродот на пристаништето во Лондон, Прускиот војник легнат на стеблото, и сл, и само затоа што се потсетив на животот на еден од моите омилени, ако не и најомилениот поет - тој кој, кога бев на негови години сакав да го имитирам и ми беше идол, иако јас бев далеку од се што он направил, без оглед дали добро или лошо.

Во вечерите летни, низ патеки со боел,
допиран од житата и тревите ќе шетам:
замечтан, ќе ја сетам свежината со нозе.
Главата ќе ми ја капе вечерниот ветар.

Без секаква мисла ќе сум, а и збор ќе немам:
но љубовта во мене ќе се крева гласум,
и кон далнините како чергар ќе се стремам,
крај Природа - среќен како покрај жена да сум.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.287
Finding Neverland

Го пуштив пак зашто баш го планирав за реприза, филмов требаше да брани 4 ипол ѕвезди. Првиот пат коа го глеав ептен ме погоди, посебно последната третина. Сега повторно допираше ама не во толкав интензитет.

Џони Деп е Џ.М. Бери, на кого во моментот не му иде баш пишувањето, се додека не го запознае семејството на самохраната Кејт Винслет, 4те деца, кучето и "лошата" мајка. Се зближува со нив, го делат истиот детски дух, и така добива инспирација и настанува Петар Пан со неговите авантури.
Ми се свиѓаше Џони Деп као изглуми, донесе некоја смиреност и меланхоличност у ликот. И главново детенце не беше лошо, а другиве имаа задача само да ги обработат рутинирано ликовите зашо беа малку пластични и стереотипни.
Дефинитивно најјака сцена на крајот кога и направија приватна претстава на Кејт Винслет и коа и ја покажа Недојдија:place:.
Исто јак момент ми беше после успешната премиера, кога сите мислеа дека детенцето е инспирацијата за ликот Петар Пан, а детево им вика: ама Џони Деп е Петар Пан... Закон беа и сите моменти во филмот кај што се глеаше буквална инспирација, како на пример мајкава кога ја претвори во Капетан Кука :D.
Севкупно убаво семејно филмче, за обидите да се зачува детето во нас иако мора да се биде и возрасен, удира и на сентименталност можеби нијанса поише од што треба, сопственик на едно од најпознатите мемиња.. 7,5/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Kill Your Darlings

Млад aspiring писател, од семи дисфункционално семејство, добива прием на престижен универзитет за да стане, писател.
Во меѓувреме се забележува дека он е тивок, повлечен, но сепак ПОРАЗЛИЧЕН ОД НОРМАЛНОТО (hurr durr што е нормално) и успева да си најде сродна душа (која секако ќе биде тотално спротивен карактер од Хари Потер, манипулативен его-нарцис) и да открие дека секако он е геј. А и сродната душа е геј. И тоа со Декстер, геј. И у меѓувреме влага у игра и еден наркоман од богато семејство (loool talk about cliches) што уште не знам зошто беше во филмот.
Имаме љубавен триаголник. Ти ме сакаш, ти не ме сакаш. Јас ти го покажав патот и си ја завршив работата, сега продолжи сам. Но јас те сакааааам, не си оди, немој да пловиш со брод. Ти бегаш од своите одговорности.
И кога ќе му избега сродната душа, ќе отиде во бар и таму секако ќе сретне некој што му личи на сродната душа и ќе се плесне со него.
И НАМЕСТО ДА СЕ ФОКУСИРАМЕ НА ПИШУВАЊЕТО НИЕ ЌЕ ГЛЕДАМЕ ГЕЈ ЉУБОВНИ ТРИАГОЛНИЦИ.
А да и имаше уште еден лик, Џек, исто така небитен.
Девојка му беше Елизабет Олсен. Он беше католик но сепак ја ковал а неќел да ја жени. Пошо е различен, сфаќате. Надвор од нормите.



Овој риплај ми го даде и снаа ми откако ми даде книга од Сузана Турунџиева - Писател да прочитам и откако и набројав 5 работи зошто не е добра книгата.

6/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Џек Керуак небитен? :shok2:
Види, ја многу ретко се возбудувам околу "based on a true story". Не ме ни заинтересира доволно филмот за да прочитам повеќе.
Искрено не ме ни интересира ни за главниов лик какви дела излегле од него после (а не па за некој спореден). Ако сака и најдобриот бестселер нека излегол после него, или книгата што создала нов правец, или книгата што направила револуција, или книгата што ги поставила темелите на американската проза и поезија или книгата што имала најголемо влијание на писателите во 21-виот век или w/e.
Филмот ми беше просечно тапа.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Џек Керуак небитен? :shok2:
Mисли на ликот во филмот, не за вистинскиот. Се согласувам со тоа, ликовите беа ужасно портретирани.
Од друга па страна не значи дека ако оставиле голем траг во својата област, дека нивниот живот е доволно интересен за да по секоја цена се направи филм за нив.

The Man Who Invented Christmas (2017)

Ова е нешто сосема поразлично од претходниот (Kill Your darlings). Приказната е за периодот на писателската криза на Чарлс Дикенс, кога веќе извесно време нема ништо напишано а тоа што го напишал по големиот успех, слабо или ич се продава, па веќе доаѓа до ситуација кога на многу места останува должник. И секако за инспирацијата и пишувањето за неговата нова новела „Божиќна приказна“, која всушност ја измислува за да добие аванс со кој би ги отплатил долговите.
На многу убав начин сето тоа склопено, проткаено со одмерена доза на хумор. Многу убаво беа вметнати ликовите од неговата новела и начинот на кој што тој комуницираше со нив. Убав, инспиративен филм, не не замара со непотребни детали. Имаше и живописна фотографија со која баш се долови периодот во кој се случува филмот.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
The Man Who Invented Christmas

Имаме можност да влеземе во умот и светот на Чарлс Дикенс, кога ја пишувал можеби најдобрата и најпоучната Божиќна приказна. На прекрасен начин ни се доловени случувањата со неговите пријатели и роднини и како они му помагаат да ја напише оваа приказна. Неговата врска со татко му, и тешкото детство, се исто така многу убаво претставени.
Глумецов од Legion (на мојов аватар моментално) растури како Чарлс Дикенс, а ништо помалку не можам да кажам и за неговиот татко кој глумеше и во Game of Thrones.
А и Пламер. А и оваа од Гејм оф Тронс со забчињата. А бе сите беа топ.
Многу убав тон, боја, сет дизајн ми имаше филмот, иако имаше доста темни сцени.
Супер филм. 8.5/10

"No one is useless in this world who lightens the burden of another."
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Rebel in the Rye (2017)

Селинџер од овој филм и момците од „Kill Your Darlings“ оделе на ист факултет. Овие вториве да беа примерни, може ќе научеа нешто од професорот кај што учеше Селинџер, наместо да прават сплетки по библиотеката.

Го следиме токму тој дел од животот на Селинџер, откако решава да се бави со пишување се до неговото повлекување по издавањето и успехот на неговиот роман. Филмот опфаќа голем период во кој прилично се менува ликот на писателот, но не ни ги дава баш причините за тоа. Многу површно обработуваше некои работи, најверојатно во интерес на времетраењето на филмот. Имам впечаток дека не беше покажан вистинскиот карактер на Селинџер. Овој што го видовме како да беше многу ублажен или упристоен. Голем број на постапки не соодејствуваа на сликата што режисерот ја правеше за него. Исто така многу работи од каде што можеше да се види вистинскиот карактер беа многу оскудно прикажани или занемарени.

Ако се стават овие работи настрана, филмот си е сосема гледлив. Постои цело време една неизвеснот од тоа што ќе се случи понатаму и како ќе се развиваат настаните. Сосема пристоен филм иако тоа биографски не би го ставил во описот.

И прашањето што на крај не го одговори е што и колку напишал откако се повлече од јавноста и што се случило со тие писанија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
но не ни ги дава баш причините за тоа.
Како не ја дава причината? Војната, загубата на Уна, разочараноста од секој сегмент на општеството...
Имам впечаток дека не беше покажан вистинскиот карактер на Селинџер. Овој што го видовме како да беше многу ублажен или упристоен.
Затоа и го носи насловот филмот - Rebel in the Rye: поентата беше да покаже дека токму Селинџер е Холден Колфилд. Колку само сличности имаше: од бркањето од училиштата, љубовта кон Уна/Сели, односот со родителите, особено со таткото, а и поединечни сцени како сцената со патките крај езерцето. На некој начин, не е ова само биопик за Селинџер, туку и своевидна адаптација на Catcher in the Rye. Обидувајќи се да најде баланс меѓу двете, можеби режисерот не се доискажал опишувајќи го Селинџер, иако јас немав таков впечаток, искрено.
И прашањето што на крај не го одговори е што и колку напишал откако се повлече од јавноста и што се случило со тие писанија.
Пак како погоре: мислам дека немаше потреба од тоа, зашто филмов беше баш за Catcher in the Rye, а Холден Колфилд се повлекува од јавноста заедно со Селинџер. По Catcher... објавува уште неколку збирки со расказите објавувани по весниците, а и некои новонапишани, но ни еден не може да се мери со големината и значењето кое Catcher in the Rye го има во американската и светската книжевност. Не за џабе книга која е полна со псуење и малолетничка деликвентност се уште е лектира за средно, дури и кај нас!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ми легнаа убаво последниве два филма Злате, thanks.

Rebel in the Rye

Ми се допадна филмот. 8/10
Ја немам читано книгата, не знаев ништо за писателов. Некои од работите набрзинка ми се десија, со Уна (која патем е ДРОЉА НАД ДРОЉИТЕ СФЕ ДА И) и со неговото влегување во религија, but it's okay.
Одлични дијалози, Кевин Спејс фејв, сакав да го има низ цел филм.

Well, you're not the first wise ass I've taught, you know? You act out at authority figures like me because you're emotionally repressed at home.
You also think you're the cleverest boy that ever walked the planet and no one recognizes what a genius you are.
It's pretty typical stuff, if you want to know the truth.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
Ми легнаа убаво последниве два филма Злате, thanks.

Rebel in the Rye

Ми се допадна филмот. 8/10
Ја немам читано книгата, не знаев ништо за писателов. Некои од работите набрзинка ми се десија, со Уна (која патем е ДРОЉА НАД ДРОЉИТЕ СФЕ ДА И) и со неговото влегување во религија, but it's okay.
Одлични дијалози, Кевин Спејс фејв, сакав да го има низ цел филм.

Well, you're not the first wise ass I've taught, you know? You act out at authority figures like me because you're emotionally repressed at home.
You also think you're the cleverest boy that ever walked the planet and no one recognizes what a genius you are.
It's pretty typical stuff, if you want to know the truth.
Ау, колку ќе ти се допадне романот, ако дијалозите ти биле хајлајтот тука! Одма да го прочиташ.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ау, колку ќе ти се допадне романот, ако дијалозите ти биле хајлајтот тука! Одма да го прочиташ.
Некој требаше да ми најде најдобар превод и да ми го даде...
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Како не ја дава причината? Војната, загубата на Уна, разочараноста од секој сегмент на општеството...

Затоа и го носи насловот филмот - Rebel in the Rye: поентата беше да покаже дека токму Селинџер е Холден Колфилд. Колку само сличности имаше: од бркањето од училиштата, љубовта кон Уна/Сели, односот со родителите, особено со таткото, а и поединечни сцени како сцената со патките крај езерцето. На некој начин, не е ова само биопик за Селинџер, туку и своевидна адаптација на Catcher in the Rye. Обидувајќи се да најде баланс меѓу двете, можеби режисерот не се доискажал опишувајќи го Селинџер, иако јас немав таков впечаток, искрено.

Пак како погоре: мислам дека немаше потреба од тоа, зашто филмов беше баш за Catcher in the Rye, а Холден Колфилд се повлекува од јавноста заедно со Селинџер. По Catcher... објавува уште неколку збирки со расказите објавувани по весниците, а и некои новонапишани, но ни еден не може да се мери со големината и значењето кое Catcher in the Rye го има во американската и светската книжевност. Не за џабе книга која е полна со псуење и малолетничка деликвентност се уште е лектира за средно, дури и кај нас!
Тоа дека делата му се инспирации од лично искуство беше јасно прикажано. Уште со расказот што го напиша во хотелот кога ги гледаше децата што играат, па после муабетот што го слушна во барот со женската. Исто и книгата дека е автобиографска во основа. Тој дел беше во ред.

Ама кажи сега каков карактер беше, од филмот гледано, не од она што го знаеш од книгата или од други писанија. Егоистичен, самобендисан, арогантен? Или фин момак кој немал баш среќа па судбината си играла со него?
Уна беше типична дроља, се заинтересира за него дури откако објави расказ, никако порано. За очекување беше дека ќе го замени со првата подобра прилика за неа. Не е ни прв ни последен што немал поддршка од семејството, а што баш и не беше случај. Иако со негодување семејството сепак го поддржа во неговите желби. Каде видовме дека општеството го отфрли? Тоа што му одбија да му печатат раскази? Тоа не е одбивање. Од школите го избркале заради недисциплина. По негова вина. Професорот го поддржа, го насочи, практично го избруси. За на крај да му се скара за цел живот затоа што овој немал моќ да го убеди издавачот да ја отпечати збирката. Два пати се женеше, ништо од тоа не покажаа. Љубов ли беше, интерес ли беше, обврска ли беше, очај ли беше, ништо не објаснија. Сопругата со една реченица кажа многу „На толку медитарања, не научи да простуваш“. И тоа ли е финиот момак што понизно бараше совети како да ги подобри расказите? Дали имаше нешто повеќе од интервју со таа згодната мома? Финиот момак би дал интервју за да и помогне. Другиот момак би го дал интервјуто за да ја легне. Овој кој беше? За овие работи се бунам. Не беше одлучен режисерот како да го прикаже. Мојот впечаток е дека сакаше да ги скрие сите негови лоши страни и да ги истакне добрите. Ама тоа лошо го направи.

Потполно негово право беше да се повлече од јавноста и да не објавува ништо повеќе. Но мене како гледач филмот ме заинтригира да дознаам што и колку напишал во тие триесетина или колку и да беа години повлеченост. Со оглед дека тогаш стана „вистински писател“, затоа што пишуваше заради пишување не заради објавување, како што го учеше професорот. Можеби ги кинел листовите откако ќе ги напише, можеби престанал да пишува, можеби напишал цела бибилиотека, не дознавме. А можеа на одјавата еден ред да додадат, напишал толку и толку книги и раскази. И да не се знае што било, требаше тоа да го напишат.

Инаку книгата нешто баш и не ме воодушеви кога ја читав. Не знам, можеби сум ја читал во погрешен период од животот. Можеби не сум ја читал како американски тинејџер после војната. Но филмот не треба да очекува гледачите да ја имаат читано книгата за да разберат некои работи. Тоа е тотално погрешен пристап.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom