30 Day Movie Challenge

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување
ден 26: филм што те расплакува
Многу филмови ме расплакале низ годиниве, пишав за Титаник веќе, но кога помина време и пак го гледав, не ми беа тажни истите сцени, туку нереални. Се мислам и не ми текнува кој филм би го посочила што и денес би ме расплакал пак...
 
26. Филм што те расплакува

Многу сум емотивен на филмови, плачам повеќе од жена ми, така да не сум некое мерило за филм на кој треба да се носи палома. :D

Ама еве една сцена од Cinema Paradiso која секогаш ме расплакува:


Едит: треба да ви е гледан филмот за да го сфатите контекстот.
 
Ден 26: филм што те расплакува

Се лигавам ја на филмови доста. Најдов едно 7-8 на кои сум се исплакал така машки. :D
На Sons of Anarchy многу квичев у едно 2-3 наврати, и крајот на Six Feet Under на вечерата.

Од филмови Хачи го знаев и одбегнував да го гледам цел живот, до скоро, кога прописно како горд и храбар маж одлучив да го пуштам и да дозволам солзите да танцуваат по моето прекрасно лице.
На Кралот Лав се разбира, овој ми го има упропастено детството.

На Форест Гамп у сцената наречена I miss you Jenny. Tука драматичен момент со успорена снимка и у позадина може да иде еееееееееееенддддддд ааааааааааааајијааааааааааај вил олвејјјсссссссс лааааввввв јууууууууууууу и ја како експлодирувам у плач.

На Мистик Ривер у сцената Шон Пен коа отиде кај Тим Робинс надвор на тераса и коа му кажуваше колку му недостига ќерката. И на Милион Долар Бејби истотака у сцената у болницата, тука грутката у грло болеше неколку минути пред ерупцијата.
Нема заебанција со тешки драма моменти кај господинот Клинт Иствуд.

После, кај Човекот Слон коа се жалеше дека и он е само човек и сака да се дружи со другите луѓе.
 
Ден 25: филм поврзан со храна/готвење
Слабо
Ден 26: Филм што те расплакува
Уште послабо
 
Ден 26: Филм што те расплакува
Уште послабо
Не ми делуваш така, после Милан - Специја цела недела плачеше, пола форум те смирувавме :D
 
ден 26: филм што те расплакува


Единствен филм кој ме има здраво расплакано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom