30 Day Movie Challenge

S

sim4e

Гостин
1. Филм кој ти е guilty pleasure

Stuck in Love

Просечна накај лоша драмедија. Ако Ноа Баумбах беше неталентиран и имаше блага ретардација веројатно ќе го направеше филмов. Но и покрај тоа што е крајно формулаичен и не се ни обидува подлабоко да ги разбере ликовите, изобилството на книжевни референци, неколкуте симпатични сцени и финиот саундтрак ми се доволни да уживам во него и да го догледувам до крај секогаш кога ќе го фатам на тв, а тоа е сигурно 4-5 пати последниве години.

Ја има и мојата омилена песна од The National.
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.287
1. Филм кој ти е guilty pleasure

Two Much
Еее го вртеа на времето по телевизии.. тогаш ко шо памтам ко копиљ забавен ми беше, Бандерас цело време си ја подесуеше косата у зависност кој близнак требаше да биде :D
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ден #1 : Филм кој ми е виновно задоволство

Yankee Zulu (1993)

Јужноафриканска комедија. Како мал го имав на видео касета, снимен од некоја локална телевизија. Го имам гледано минимум 10 пати и секогаш ми бил смешен. Полн е со претерани ситуации и на моменти блесав хумор ама мене ми е при срце и никогаш нема да кажам нешто лошо за филмов. Јако исмевање на апартхејдот, расизмот и нацизмот.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
ден 1: филм кој ти е виновно задоволство
Сè уште не можам да го смирам бонерот нанесен од Сара Мишел Гелар пред повеќе од 10тина години :nesumjas:

Бонус

ден 2: најстар гледан филм
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
ден 2: најстар гледан филм

The Phantom of the Opera (1925)

Нем хорор. Мислам дека го гледав затоашто ја барав првата адаптација од книгата. POTO има милион адаптации низ годините, што на книгата, што на мјузиклот од бродвеј. Јас имам изгледано по едно од двете, и мјузиклот ми се свиѓаше повеќе од хоророт. Се надевам некогаш дека ќе ги изгледам сите.
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
ден 2: најстар гледан филм

Според LB, благодарение на @Corvus најстариот гледан филм е прекрасниот....

Laura (1944)

160250368_0826ac.jpg

Бидејќи LB ми е стар само 2 години, немам внесено филмови од претходно. Ама се сомневам дека има некој волку стар. Препорака до тие што го немаат гледано, а сакаат ноари. 90 минути уживање и + преубавата Џин како femme fatale. :love:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom