1. Филм кој ти е guilty pleasure
Stuck in Love
Просечна накај лоша драмедија. Ако Ноа Баумбах беше неталентиран и имаше блага ретардација веројатно ќе го направеше филмов. Но и покрај тоа што е крајно формулаичен и не се ни обидува подлабоко да ги разбере ликовите, изобилството на книжевни референци, неколкуте симпатични сцени и финиот саундтрак ми се доволни да уживам во него и да го догледувам до крај секогаш кога ќе го фатам на тв, а тоа е сигурно 4-5 пати последниве години.
Ја има и мојата омилена
песна од The National.