Ден 12. Филм во кој би сакал да живееш
Неам конкретно некој филм каде би сакал да живеам од почеток до крај, е сеа темава ваљда не е за тоа како кој лик од филм би живеел, туку во кој филм односно во која атмосфера би живеел. Ако би морал да одберам конкретно од почеток до крај ондак тоа е
Parks and Recreation серијата. Пошто нели ти може да сакаш да живееш у Шиндлеровата листа ама има разлика дали ко Оскар, дали ко тој генералот, дали ко девојчето у црвен капут.
Замарам.
Ја ги поделив филмовите по временски епохи во кои би сакал да се најдам, историски најназад тоа би било негде крајот на 19от век, кај каубојците, ама пошто оние вестерни на Серџо Леоне ми се многу прљави ќе го одберам
Django Unchained (2012)
Пред некој ден бев у Крушево после милион години и живо ме заинтересира што точно се дешавало низ тие улици и ридови пред 120 години. Така да, после Џанго би се префрлил во
Републиката во пламен.
У Втора светска војна би се борел ако морам, ама пошто моментално не морам а и не сакам, а и не сум некој тепач и муж а и ова погоре чисто од некои скриени патриотски побуди би трчал низ тие високи крушевски улички да тепам турци, ја у ВСВ би си живеел у
Malena (2001). Што кур.
После тоа дефинитивно у хипи времето во дел од Форест Гамп и можда цело време у
Оnce Upon a Time in Hollywood (2019)
Меѓу овој и
The Wolf of Wall Street (2013) oдносно периодот од 70та до 90та би се моткал низ Гудфелас ама дефинитивно повеќе би се задржал во Волкот. Пари, моќ, богатство, лабавење, дрога, алкохол, пички. Не дека сум некој клабер и наркоман ама дефинитивно би лудувал вака.
И на крај секако дека би сакал да искочам од планетава малце да се прошетам до нигде и да се изгубам негде во
Interstellar (2014)
Сегде сакам да живеам ебате сиромавиот, пу Македонијо гнасна.