За повеќето работи делиме многу слично мислење.
Прво ќе ти одговорам за Талат. Не е воопшто мала фигуричка за ова како што ти кажа. Човекот беше поставен како Министер за Одбрана. МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА! Пак ќе повторам, на тие протести само ПЕНДРАЦИ и КАЗНИ имаше. Ништо друго. Само јеби га, тогаш на никој не му одговараше протести. На маса бил договорот веќе напраен. Тука кажуваме факти нели.
70 дена, да 70 дена протестираа луѓе. Името се смени. Не е работата тука толку многу за Името како Име. СРЦЕ МЕ БОЛИ ЗА НАЧИНОТ, КАКО И ЗАШТО се деси тоа менување на УСТАВ и ИМЕ! Ме боли фактот што 2 најголеми партии заедно ни го ставија сосе јајца. 70 дена протестираа луѓе. Секоја чест за нив. Само колку луѓе протестираа тие 70 дена. Имав доста обврски тој период низ центарот на Скопје. Претпоставувам, и ти си бил низ центарот на Скопје тој период. Некој денови имаше и само по 50-100 луѓе што протестираат. Еве, според тебе колку луѓе највеќе имало на протестите ? Па ако на само 1000 луѓе ни сметаше промената на името... тогаш стварно не знам што да кажам. Е ТОА ми беше поентата, затоа викам дека ќутиме. Затоа викам дека ако партија не викне сите ќутиме. Ме разочара дпсмне со тоа што ништо не напраи. Па маме му ебам барем 10 000 луѓе можат да дигнат во било кое време. Да покажеме дека сме ПРОТИВ. Вака народот си седеше дома и се тешеше, или некој не лажел тука дека со бојкот на референдумот ќе бил не легитимен. Уште тогаш кога кажав дека со бојкот е исто како да поддржуваме, сите ми вадеа некој закони, кажуваа приказни, кажуваа како тоа е решението... Со седење дома и не искачање на таков битен проблем, нема решение. Макар и сите да се соберевме на некоја ливада тој ден и ЈАСНО ДА КАЖЕМЕ - ЕВЕ СМЕ, БОЈКОТИРАМЕ, ТУКА СМЕ НЕ СМЕ НА РЕФЕРЕНДУМ, ПРОТИВ ПРОМЕНА СМЕ. А не седи си дома, прај си ајвар и слични „досетки“. За собирање лајкови. Жал ми е што народот остана изигран. И јас, и ти, и сите тука што сме, сме граѓани на Македонија. Сите ние сме изиграни. Јас, лично, не го окривувам НИТУ ЕДЕН ПОЕДИНЕЦ што седел дома. Го окривувам народот што ќутел. Во тоа „Народот“ спаѓаме сите ние. НЕ како поединци. Туку како една целина.
Викаш што сум очекувал, што да прави народот.
Па кога можеше над 50 000 луѓе сигурно, да искочат да слават титула на РК. Вардар ( Што е стварно убав повод, ни требаше радост,Македонски клуб да освои европско првенство е стварно успех, небитно кој за кого навива), зашто тогаш барем 25 000 луѓе ги немаше да блокираат цел центар. Да се даде до знаење дека сме ПРОТИВ тоа менување на името. Народ има, само народот бојкотираше. Поголемиот дел бојкотираше од дома.Без да биде видел и чуен. Пак ќе кажам, твитер, фејсбук и форум не се вистински живот. Да, корисни алатки се, имаше доста народ таму. Во теорија се покажавме одлични,ама киднавме од праксата брат ми.
Генерално за што и да се случувало, или народот чекал дпсмне или сдссм да ги довлечка на протест. А кога само иницијативно ќе се искочело, фрштеле пендреци и казни. Тоа е факт.
За името, прочитај убаво што пишав. Да, никаде не кажав дека не може никој да го врати. Кажав само дека за тоа треба политичар со „ МУДА ОД БЕТОН“, прав лидер, за да го направи тоа. Да го смени името. За мене, Мицковски не е таков политичар.
Сега доаѓаме до тоа : Никој народ сам не се организирал без помош на политичка партија и слично.
Тука си во право, но не заборавај - Народот ги прави политичките партии. Народот може и да ги уништи.
Што направи дпсмне? Која иницијатива ја покренаа они? Па они не беа одлучни до последен момент дали ќе искачаат на гласање или ќе седат ќе бојкотираат.
Тоа дпсмне - даде КАНДИДАТ за ПРЕТСЕДАТЕЛ на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Тоа за мене не е потег на партија што сака да го врати името. Наместо, веднаш, одкога се смени името, дпсмне да искочи од парламент, да бојкотира буквално се, да ИСКОЧИ НА УЛИЦА (нешто налик на оној од муртино со шарените), да поведе народ и да тргне во „војна“ заедно со и повикувајки се на вољата на Македонскиот народ они си седеа во фотељи, си беа пратеници, си дигаа рачиња и си полнеа џеб. Јас не сфаќам само како сега сдссм и дпсмне , со кое лице бараат народот да им даде доверба. Кога едните ни ја ебаа мајката дур другите беа и слепи и глувонеми. Очекував многу повеќе. Очекував борба за бранење на националниот интерес. Џабе им беше после тоа што они протестираа за „правна држава“ па сдссм отиде у грујо фазон и напраи контра протест.
За крај, да не биде се офф топик.
27 април, за мене беше само последниот обид на Груевски да се спаси.
И тие со фантомки, и тие „јавни фаци“ - плаќаа долг. А дека се беше договорено, јасно е. Каде е сега тој што ги ОТВОРИ вратите од собранието?
Каде се сега Дурловски и компанија? Не, они се заштитени очигледно, со некој договор направен на маса.
Не, нити дурловски, нити Бетмен велит, нити Владо Јовановски (тоа е актерот што ја истражуваше Македонија и лапаше разни проекти од владата, за тие што не знаат) НЕ СЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ. ПАРТИСКИ ПИУНИ СЕ !
Револуционерите после востание (дебакл) завршувале или Во Зандана или во Гроб.
Кажи ми 1 револуционер, што после таков чин, во толку кратко време бил ослободен, пуштен на слобода.
Остани ми со здравје