27 Април 2017

Член од
6 август 2015
Мислења
463
Поени од реакции
769
Мене ми гледа дека и „бомбите“ (телефонските разговори) - си ги предаваа едни на други. Прво пред 5 години ЕСДЕЕС објавувааа бомби, потоа пред 2 години сегашнава опозиција почнаа да објавуваат бомби...

Не може тек така лесно да се дознаат телефонските разговори.
Зошто мислиш дека не може лесно ?

Па сите тие разговори постојат, треба само некој да ги "земе" :)
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.340
Три години од денот кога загубивме држава три години од окупација на нашата Македонија.
Времето покажа дека народот беше во право. Не беа залудни сите маршовиte на кои учествувавaa без разлика на партиската припадност, сите беa горди македонци, сите беa убедени дека ќе провладее разумот и бар она малку национално чувство доколку го имаа.
Она што не бевме свесни е дека нивната желба за власт е преголема, поголема од името Македонија, македонец, македонски јазик. Успешно одглумија жртви во целиот хаос кои самите го предизвикаа.
И еве нѐ сега. Безимени, национално понижени, а нашите браќа во зандани, прогонувани и осудени, како терористи само поради тоа што знаеја дека ќе го доживееме ова што денес го живееме.
Но ќе дојде 4-ти Илинден, ќе дојде денот кога вистината ќе ја види својата светлина.
Прегледај го приврзокот 247890
27 април 2017. е дефинитивно настан кој ја уништи македонската држава!
(предложив анкета со прашање овди на форумоо, дали сакате да се поништат сите квислиншки договори и да се врати името Македонија или сте Северџистан да остане, не наиде на добар прием, видов дека повеќето овде се Северџгани, па така сега само давам подршка на секој патриотски збор и чекам голем ресет!)
Денес од оваа дистанца веќе може и аргументирано да се тврди кој се стоел позади сценарио и кој каква улога имал, погледнете кому оди во прилог и се ви е јасно.
Да, на 27 април 2017. може и треба да се гледа како на државен удар (ги има сите елементи) и почеток на окупација со постепено разградување на Македонија како македонска држава, секое друго мислење или изнесено гледиште е само маскировка и дефокусирање од вистинските прашања.

Може точно и прецизно за секого поединечно (Иванов, Груевски со неговата чета, Заев со неговата чета и сите други јавни личности ) да се изработи аналииза и реално согледа улогата на секој од нив во времето пред, за време и по државниот удар и верификацијата на окупацијата со инсталирањето на Таљат за претседател на законодавниот дом. (настаните по 27 април 2017. се класика за секој квислиншки режим и за окупирана земја, така да нема смисла истите да се анализираат освен ако се сака да се направи некоја база со податоци за секој квислинг за време кога ќе дојде да си ја плати својата улога, ја би му ја наплатил повеќе пати!)

Било каква расправа па и на форумов има смисла ако соговорникот е подготвен да прифати некои мин. стандарди за аргументирано изнесување на своето гледиште и прифаќање-респектирање на изнесените од соговорникот, за жал со тролови кои пласираат пропагандни флоскули и не ги интересира аргумент или поинакво гледиште туку без срам оправдуваат етноцид, мислам дека е губење на време и нема потреба да се разговара.
Сепак заради тоа што има и други кои го читаат форумот а не се посочените тролови треба да се издржи во изнесувањето на вистината за 27 април 2017г.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Има само еден факт а тоа дека пред три години ние македонците ја изгубивме државата, све другото е работа на индивидуална проценка и толкување на настаните. За македонците ова е тажен ден, за другите што не се македонци или не се чуствуваат како македонци и мразат све што е македонско е еден нов почеток со надеж кон некоја светла иднина за нивната земја.
Дека е тажен ден за македонците - тотално си во право.
Ако не ти е тешко, те молам објасни ми со што точно мислиш дека баш тогаш ја изгубивме државата?

Една работа само не ја глеаме реално. Државата ја имаме "изгубено" многу пати до сега. И пред и по 27 април. Лошо е што државата ќе ја "изгубиме" сигурно уште неколку пати. Сеуште не е прекасно да ја спасиме државата, каква таква. Како сакаш сфати ме.

Факт е исто така дека 27 април не беше борба за државата, тоа да го разбереме, тоа беше борба за лични интереси. Не треба да бидеме глуви и слепи за тоа што се случува околу нас.

Се што ни се случи во последниве 20 години е наша грешка, џабе е сега да ја бараме кривицата во други.

Само што очекуваш од народ што ќути дур го ебат. На фејзбук, твитер и форум сите ја браниме државата до последна капка крв. На улица без партиска организација и автобуси од цела Македонија ни 1000 луѓе не искачаат на улица.
Ќе се опраиме можеби кога ќе сфатиме дека
Нити плавото ќе ги реши проблемите што ги направи црвеното, нити црвеното ќе ги реши проблемите што ги напраи плавото.
Автоматски споено мислење:

27 април 2017. е дефинитивно настан кој ја уништи македонската држава!
(предложив анкета со прашање овди на форумоо, дали сакате да се поништат сите квислиншки договори и да се врати името Македонија или сте Северџистан да остане, не наиде на добар прием, видов дека повеќето овде се Северџгани, па така сега само давам подршка на секој патриотски збор и чекам голем ресет!)
Денес од оваа дистанца веќе може и аргументирано да се тврди кој се стоел позади сценарио и кој каква улога имал, погледнете кому оди во прилог и се ви е јасно.
Да, на 27 април 2017. може и треба да се гледа како на државен удар (ги има сите елементи) и почеток на окупација со постепено разградување на Македонија како македонска држава, секое друго мислење или изнесено гледиште е само маскировка и дефокусирање од вистинските прашања.

Може точно и прецизно за секого поединечно (Иванов, Груевски со неговата чета, Заев со неговата чета и сите други јавни личности ) да се изработи аналииза и реално согледа улогата на секој од нив во времето пред, за време и по државниот удар и верификацијата на окупацијата со инсталирањето на Таљат за претседател на законодавниот дом. (настаните по 27 април 2017. се класика за секој квислиншки режим и за окупирана земја, така да нема смисла истите да се анализираат освен ако се сака да се направи некоја база со податоци за секој квислинг за време кога ќе дојде да си ја плати својата улога, ја би му ја наплатил повеќе пати!)

Било каква расправа па и на форумов има смисла ако соговорникот е подготвен да прифати некои мин. стандарди за аргументирано изнесување на своето гледиште и прифаќање-респектирање на изнесените од соговорникот, за жал со тролови кои пласираат пропагандни флоскули и не ги интересира аргумент или поинакво гледиште туку без срам оправдуваат етноцид, мислам дека е губење на време и нема потреба да се разговара.
Сепак заради тоа што има и други кои го читаат форумот а не се посочените тролови треба да се издржи во изнесувањето на вистината за 27 април 2017г.
Да не заборавиме дека на Талат ова не му е 1ва а ни најважва државна функција. Ја знаеме неговата биографија. Знаеме што му стои во CV. Знаеме и кој, пред да стане претседател на собрание го стави на друга функција. Само тогаш ниту една партија не мрдна ао прст, а тие што искочија сами, на "своја рака" си добија по некој пендрак и по некоја казна. Ама тоа е за друга тема.

А за името, за ЖАЛ, нема 1 лидер што би можел да го врати. Најголемата опозициска партија преќутно ја поддржа промената. Лидерот на најголемата опозициска партија што НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ГО НОСИ ИМЕТО В.М.Р.О. се однесуваше како неодлучна заљубена тинејџерка што не знае што сака. Или пак не смеел ништо да изреагира? Ама добро, познато сме ние како народ со кратко памтење.
Само некој од нас не забораваат толку брзо.

Ни треба нова партија. Т.е , не ,ни треба ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА. Со "Прави Глави" која што ќе може да ги оправи Економијата и Правото, да го подобри ЖИВОТОТ на секој граѓанин, а после да земе и да изгради стабилна меѓународна политика и стабилни ставови. Ама за тоа треба ЛИДЕР со МУДА ОД БЕТОН. А такво нешто кај нас некако и нема уште искочено на површина.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.340
Дека е тажен ден за македонците - тотално си во право.
Ако не ти е тешко, те молам објасни ми со што точно мислиш дека баш тогаш ја изгубивме државата?

Една работа само не ја глеаме реално. Државата ја имаме "изгубено" многу пати до сега. И пред и по 27 април. Лошо е што државата ќе ја "изгубиме" сигурно уште неколку пати. Сеуште не е прекасно да ја спасиме државата, каква таква. Како сакаш сфати ме.

Факт е исто така дека 27 април не беше борба за државата, тоа да го разбереме, тоа беше борба за лични интереси. Не треба да бидеме глуви и слепи за тоа што се случува околу нас.

Се што ни се случи во последниве 20 години е наша грешка, џабе е сега да ја бараме кривицата во други.

Само што очекуваш од народ што ќути дур го ебат. На фејзбук, твитер и форум сите ја браниме државата до последна капка крв. На улица без партиска организација и автобуси од цела Македонија ни 1000 луѓе не искачаат на улица.
Ќе се опраиме можеби кога ќе сфатиме дека
Нити плавото ќе ги реши проблемите што ги направи црвеното, нити црвеното ќе ги реши проблемите што ги напраи плавото.
Може малку повеќе за фактите кои ги спомнуваш, јас имам сосема поинакви сознанија???
70 дена, цели седумдесет дена Македонците излегуваа на протести по улиците низ цела Македонија, значи народот не ќути, туку што е поверојатно ти манипулираш со фактите (или народски кажано лажеш).
Еве хипотетички да земеме дека народот ќути, што според тебе треба тој народ да направи за да ги задоволи и исполни твоите и на други кои исто мислат очекувања? (преетпоставувам мислиш на излегување во шума или украсување на градските елки со... исправи ме ако грешам или подобро наведи кои се твоите очекувања) Уште подобро наведи пример во историјата, во соседството или било каде во светот каде што народот самиот си се организирал сменил власт извел револуција или што и да е, јас не знам за ниту една, и сметам дека секое такво морализирање и префрлање на вината врз жртвата е како истата таа жртва повторно и повторно се изложува на невидено малтретирање - ...

(спинот околу “црвеното“ и “плавото“ е веќе прочитана приказна зарем ќе ја повторуваме, не мислиш ли дека е досадна?)
Автоматски споено мислење:

Да не заборавиме дека на Талат ова не му е 1ва а ни најважва државна функција. Ја знаеме неговата биографија. Знаеме што му стои во CV. Знаеме и кој, пред да стане претседател на собрание го стави на друга функција. Само тогаш ниту една партија не мрдна ао прст, а тие што искочија сами, на "своја рака" си добија по некој пендрак и по некоја казна. Ама тоа е за друга тема.

А за името, за ЖАЛ, нема 1 лидер што би можел да го врати. Најголемата опозициска партија преќутно ја поддржа промената. Лидерот на најголемата опозициска партија што НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ГО НОСИ ИМЕТО В.М.Р.О. се однесуваше како неодлучна заљубена тинејџерка што не знае што сака. Или пак не смеел ништо да изреагира? Ама добро, познато сме ние како народ со кратко памтење.
Само некој од нас не забораваат толку брзо.

Ни треба нова партија. Т.е , не ,ни треба ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА. Со "Прави Глави" која што ќе може да ги оправи Економијата и Правото, да го подобри ЖИВОТОТ на секој граѓанин, а после да земе и да изгради стабилна меѓународна политика и стабилни ставови. Ама за тоа треба ЛИДЕР со МУДА ОД БЕТОН. А такво нешто кај нас некако и нема уште искочено на површина.
Како прво Таљат не е тема, тој е само една личност која случајно беше избрана за да се официјализира окупацијата, тука започнува и завршува неговата улога.
Тој е небитен лик-тип во целава приказна, зошто го одбра токму него?
...кој бил што бил е ирелевантно овде говориме за сценарио за растурање на македонска држава која се интезивираше по државниот удар од 27 април 2017 и се изведува во етапи! Ако пак сакаш да посочиш некоја друга партија покрај СДСс дека учествува во растурањето на Македонија, кажи го тоа отворено и со која политика и постапки, зарем е забрането да се говори за поблиската историја?

За твоја, а и за жал на многу кои мислат како тебе, името може да го врати било кој лидер кој ќе го вети тоа на избори и кој ќе добие доверба кај гласачкото тело односно кај Македонците!!!! За делот каде говориш дека параламентрната опозиција не треба да го носи тоа име се сложувам затоа цело време си ја викам ДПсНЕ, инаку со закон би забранил да се користи ВМРО како додавка во име на политичка партија, може само на движење, што всушност ВМРО и е, тоа е движење, а не партија, никогаш не било партија, или така нешто.

Не ни треба експертска влада (знам дека на многумина тоа им е во план), туку ни треба МАКЕДОНСКА ВЛАДА, која ќе работи според закон и Устав, која ќе води политика во интерес на Македонците и ќе спроведува политика на одржлив економски развој и раст!
 
Последно уредено:

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Ако ме прашате мене од денешна гледна точка ќе направеа 100 пати подобро еден човек да не влезеше во собрание и да на рает завршеше тоа што очигледно им беше испланирано да го направат па си го направеа. Самислете ситуација. Ќе немаа со што да ги ученат мукоски и компанија за 80 пратеници, коалицијата ќе им беше климава максимално па можеби и ништо од ова што следуваше немае да се случи со ваков тек. Овие што направија, удрија , и тоа буквално, повредија и знани и незнани и им дадоа на значење уште повеќе. Мислите оној од БЕСА да не беше во кома тогаш претепан сега некој ќе го сматраше за политичар. Ќе ми се растуреа пратениците по 6 месеци од алчност да приграбат за себе. Според мене со чотекот наместо да ги растурат овие уште повеќе ги засилија во намерите да направат тоа што направија.

Инаку за членот горе што кажува дека требало да ги погубат. Дај еден пример во историјата каде со чин на убиство произлегле подобри резултати за идеологијата на тој што го направил убиството. Не ми давај примери со изречени смртни казни, зборувам за убиство класично, атентат , востание, револуција или слично.
И ти почнуваш со „шта би било, кад би било“ приказни. Желбите се едно, а вистината е друга. Кога после апсењата на 28 ноември 2017 г. за овој случај се влеа страв во коските на народот, со обвиненија за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ на кои се претеше со 20 годишни затворски казни, па покасно кога протестите против промена на името и двојазичноста, немаа очекувана масовност, тоа се продаваше дека народот се сложува со овие процеси затоа седи дома.

Така да, тоа дека ако седеа дома дури во законодавниот дом се вршеше класичен пуч, немаше ништо драстично да смени, туку ќе беше уште полошо. Два месеци после настаните кај нас имаше сличен упад во Парламентот на Венецуела. Таму упадот беше успешен и Мадуро ја задржа власта, со тоа не дозволи државата да ја превземе узурпаторот Хуан Гваидо, кој се самопрогласи за претседател на паркинг, а замисли доби честитки од сиот западен „демократски и цивилизиран“ свет. :) Дали Венецуела од тогаш е подобро место за живеење, јас мислам не. Ама сигурно не е ни полошо бидејќи не дозволи да дојди хунта на власт, која својот поданички однос, не успеа го исплати со поклонување на нафтените резерви на Венецуела кон САД. Фала богу не ја доживеаа пост-гадафиева Либија.

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.284
Поени од реакции
45.750
Ми остана само нејасно што точно очекуваа да постигнат со тие протести и после како тоа некој им ги инфилтрирал насилниците на демонстантите поддржани од партијата што во тој момент ја имаше секој служба на МВР во рака.
 
Казаки, може да те прашам што си ти идеолошки ?
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Ми остана само нејасно што точно очекуваа да постигнат со тие протести и после како тоа некој им ги инфилтрирал насилниците на демонстантите поддржани од партијата што во тој момент ја имаше секој служба на МВР во рака.
Не се губи, на чело на МВР беше ДУИ во тој период. Од лицата што упаднаа со маски голем дел ги спречуваа демонстрантите да маваат по пучистите. Али Ахмети и „шкретот“ продаден Манојловски не беа во Собрание, некој проценил дека тие се најризични како мета на демонстрантите, најмалце ден претходно. Кога почнаа нередите во прес салата, Артан Груби без гребнатинка бил изнесен низ толпата од полициски службеници во цивилка, мислеле дека го апсат. За разлика од него, кога Зијадин Села се реши да ја напушти салата беше прегазен. Полицаецот Албанец кој го засолнил претепаниот Села, доби обвинение и заврши зад решетки.

Целото сценарио за 27 април беше на ДУИ, бидејќи нив најмногу му се брзаше да го добијат местото Претседател на Собрание и тоа да го продадат како триумфализам кај своето гласачко тело, нешто во кое не успеаа 2011 г.

Тоа што Велјановски не пропеа на суд, си ја плати слободата со тоа што ДУИ не му го одзеде имунитетот.

Автоматски споено мислење:

Казаки, може да те прашам што си ти идеолошки ?
Не е темата мојата идеолошка определба... За такви прашања си има ПП.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Може малку повеќе за фактите кои ги спомнуваш, јас имам сосема поинакви сознанија???
70 дена, цели седумдесет дена Македонците излегуваа на протести по улиците низ цела Македонија, значи народот не ќути, туку што е поверојатно ти манипулираш со фактите (или народски кажано лажеш).
Еве хипотетички да земеме дека народот ќути, што според тебе треба тој народ да направи за да ги задоволи и исполни твоите и на други кои исто мислат очекувања? (преетпоставувам мислиш на излегување во шума или украсување на градските елки со... исправи ме ако грешам или подобро наведи кои се твоите очекувања) Уште подобро наведи пример во историјата, во соседството или било каде во светот каде што народот самиот си се организирал сменил власт извел револуција или што и да е, јас не знам за ниту една, и сметам дека секое такво морализирање и префрлање на вината врз жртвата е како истата таа жртва повторно и повторно се изложува на невидено малтретирање - ...

(спинот околу “црвеното“ и “плавото“ е веќе прочитана приказна зарем ќе ја повторуваме, не мислиш ли дека е досадна?)
Автоматски споено мислење:

Како прво Таљат не е тема, тој е само една личност која случајно беше избрана за да се официјализира окупацијата, тука започнува и завршува неговата улога.
Тој е небитен лик-тип во целава приказна, зошто го одбра токму него?
...кој бил што бил е ирелевантно овде говориме за сценарио за растурање на македонска држава која се интезивираше по државниот удар од 27 април 2017 и се изведува во етапи! Ако пак сакаш да посочиш некоја друга партија покрај СДСс дека учествува во растурањето на Македонија, кажи го тоа отворено и со која политика и постапки, зарем е забрането да се говори за поблиската историја?

За твоја, а и за жал на многу кои мислат како тебе, името може да го врати било кој лидер кој ќе го вети тоа на избори и кој ќе добие доверба кај гласачкото тело односно кај Македонците!!!! За делот каде говориш дека параламентрната опозиција не треба да го носи тоа име се сложувам затоа цело време си ја викам ДПсНЕ, инаку со закон би забранил да се користи ВМРО како додавка во име на политичка партија, може само на движење, што всушност ВМРО и е, тоа е движење, а не партија, никогаш не било партија, или така нешто.

Не ни треба експертска влада (знам дека на многумина тоа им е во план), туку ни треба МАКЕДОНСКА ВЛАДА, која ќе работи според закон и Устав, која ќе води политика во интерес на Македонците и ќе спроведува политика на одржлив економски развој и раст!
За повеќето работи делиме многу слично мислење.

Прво ќе ти одговорам за Талат. Не е воопшто мала фигуричка за ова како што ти кажа. Човекот беше поставен како Министер за Одбрана. МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА! Пак ќе повторам, на тие протести само ПЕНДРАЦИ и КАЗНИ имаше. Ништо друго. Само јеби га, тогаш на никој не му одговараше протести. На маса бил договорот веќе напраен. Тука кажуваме факти нели.

70 дена, да 70 дена протестираа луѓе. Името се смени. Не е работата тука толку многу за Името како Име. СРЦЕ МЕ БОЛИ ЗА НАЧИНОТ, КАКО И ЗАШТО се деси тоа менување на УСТАВ и ИМЕ! Ме боли фактот што 2 најголеми партии заедно ни го ставија сосе јајца. 70 дена протестираа луѓе. Секоја чест за нив. Само колку луѓе протестираа тие 70 дена. Имав доста обврски тој период низ центарот на Скопје. Претпоставувам, и ти си бил низ центарот на Скопје тој период. Некој денови имаше и само по 50-100 луѓе што протестираат. Еве, според тебе колку луѓе највеќе имало на протестите ? Па ако на само 1000 луѓе ни сметаше промената на името... тогаш стварно не знам што да кажам. Е ТОА ми беше поентата, затоа викам дека ќутиме. Затоа викам дека ако партија не викне сите ќутиме. Ме разочара дпсмне со тоа што ништо не напраи. Па маме му ебам барем 10 000 луѓе можат да дигнат во било кое време. Да покажеме дека сме ПРОТИВ. Вака народот си седеше дома и се тешеше, или некој не лажел тука дека со бојкот на референдумот ќе бил не легитимен. Уште тогаш кога кажав дека со бојкот е исто како да поддржуваме, сите ми вадеа некој закони, кажуваа приказни, кажуваа како тоа е решението... Со седење дома и не искачање на таков битен проблем, нема решение. Макар и сите да се соберевме на некоја ливада тој ден и ЈАСНО ДА КАЖЕМЕ - ЕВЕ СМЕ, БОЈКОТИРАМЕ, ТУКА СМЕ НЕ СМЕ НА РЕФЕРЕНДУМ, ПРОТИВ ПРОМЕНА СМЕ. А не седи си дома, прај си ајвар и слични „досетки“. За собирање лајкови. Жал ми е што народот остана изигран. И јас, и ти, и сите тука што сме, сме граѓани на Македонија. Сите ние сме изиграни. Јас, лично, не го окривувам НИТУ ЕДЕН ПОЕДИНЕЦ што седел дома. Го окривувам народот што ќутел. Во тоа „Народот“ спаѓаме сите ние. НЕ како поединци. Туку како една целина.
Викаш што сум очекувал, што да прави народот.
Па кога можеше над 50 000 луѓе сигурно, да искочат да слават титула на РК. Вардар ( Што е стварно убав повод, ни требаше радост,Македонски клуб да освои европско првенство е стварно успех, небитно кој за кого навива), зашто тогаш барем 25 000 луѓе ги немаше да блокираат цел центар. Да се даде до знаење дека сме ПРОТИВ тоа менување на името. Народ има, само народот бојкотираше. Поголемиот дел бојкотираше од дома.Без да биде видел и чуен. Пак ќе кажам, твитер, фејсбук и форум не се вистински живот. Да, корисни алатки се, имаше доста народ таму. Во теорија се покажавме одлични,ама киднавме од праксата брат ми.
Генерално за што и да се случувало, или народот чекал дпсмне или сдссм да ги довлечка на протест. А кога само иницијативно ќе се искочело, фрштеле пендреци и казни. Тоа е факт.

За името, прочитај убаво што пишав. Да, никаде не кажав дека не може никој да го врати. Кажав само дека за тоа треба политичар со „ МУДА ОД БЕТОН“, прав лидер, за да го направи тоа. Да го смени името. За мене, Мицковски не е таков политичар.
Сега доаѓаме до тоа : Никој народ сам не се организирал без помош на политичка партија и слично.
Тука си во право, но не заборавај - Народот ги прави политичките партии. Народот може и да ги уништи.
Што направи дпсмне? Која иницијатива ја покренаа они? Па они не беа одлучни до последен момент дали ќе искачаат на гласање или ќе седат ќе бојкотираат.
Тоа дпсмне - даде КАНДИДАТ за ПРЕТСЕДАТЕЛ на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Тоа за мене не е потег на партија што сака да го врати името. Наместо, веднаш, одкога се смени името, дпсмне да искочи од парламент, да бојкотира буквално се, да ИСКОЧИ НА УЛИЦА (нешто налик на оној од муртино со шарените), да поведе народ и да тргне во „војна“ заедно со и повикувајки се на вољата на Македонскиот народ они си седеа во фотељи, си беа пратеници, си дигаа рачиња и си полнеа џеб. Јас не сфаќам само како сега сдссм и дпсмне , со кое лице бараат народот да им даде доверба. Кога едните ни ја ебаа мајката дур другите беа и слепи и глувонеми. Очекував многу повеќе. Очекував борба за бранење на националниот интерес. Џабе им беше после тоа што они протестираа за „правна држава“ па сдссм отиде у грујо фазон и напраи контра протест.

За крај, да не биде се офф топик.
27 април, за мене беше само последниот обид на Груевски да се спаси.
И тие со фантомки, и тие „јавни фаци“ - плаќаа долг. А дека се беше договорено, јасно е. Каде е сега тој што ги ОТВОРИ вратите од собранието?
Каде се сега Дурловски и компанија? Не, они се заштитени очигледно, со некој договор направен на маса.

Не, нити дурловски, нити Бетмен велит, нити Владо Јовановски (тоа е актерот што ја истражуваше Македонија и лапаше разни проекти од владата, за тие што не знаат) НЕ СЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ. ПАРТИСКИ ПИУНИ СЕ !
Револуционерите после востание (дебакл) завршувале или Во Зандана или во Гроб.
Кажи ми 1 револуционер, што после таков чин, во толку кратко време бил ослободен, пуштен на слобода.

Остани ми со здравје :)
 
Последно уредено:
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Najgolema greska na nastanov e sho ne go ubija zaev.
Se isposraa od edno pistolce.
Ништо немаше да се смени. Ќе беше Стево, ќе беше Рада...Димитров. Некој ќе го истераше ова, оти ова е планирано уште пред Пржино. Ако не влезеше народ, ќе го истераа на раат. Оти влезе народ, добија ветар во грб и полесно стигнаа до двотретинско(ќе стигнеа и без уцени, со морков место стап и мислам дека пак ќе беа истиве деца од сестра и брат како Крсто..). Да влезеше народ и се да потепаше, од Кале ќе ставеа нови некои, ќе ја забранеа ДПМНЕ, ќе ја прогласеа за терористичка организација и не само ова, туку и други глупости ќе протнеа. Единствено нешто различно во Северџанистан без Заев ќе беше тоа дека ќе немаше идентитетски жици, сидра шо влечат напред, ќерки за трампа со грчки острови, јебозовна Европа изјави...

Ама, да, ми е жал дека некогаш ми било жал за Заев. Се расправав со Minority Report луѓе, дека не можеш да го тепаш, уште ништо не направил. Како бе не можеш...
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.253
Поени од реакции
27.640
Ili mozebi ke se ispratese jasna poraka da ne se osudi nikoj da cepka po identitet oti we mean business.

Nikogas nema da znaeme, toa e veke drug tajmlajn.

Zborot mi bese, komiti, vojvodi, tolku revolucioneri a nieden spremen da zagine za svoite ideali. Bea 50 luge vs 1 pistolce, come on.
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Наместо, веднаш, одкога се смени името, дпсмне да искочи од парламент, да бојкотира буквално се, да ИСКОЧИ НА УЛИЦА (нешто налик на оној од муртино со шарените), да поведе народ и да тргне во „војна“ заедно со и повикувајки се на вољата на Македонскиот народ они си седеа во фотељи, си беа пратеници, си дигаа рачиња и си полнеа џеб. Јас не сфаќам само како сега сдссм и дпсмне , со кое лице бараат народот да им даде доверба. Кога едните ни ја ебаа мајката дур другите беа и слепи и глувонеми. Очекував многу повеќе. Очекував борба за бранење на националниот интерес. Џабе им беше после тоа што они протестираа за „правна држава“ па сдссм отиде у грујо фазон и напраи контра протест.
Штотуку ти одговори Raziel на прашањето, место мене...

Да влезеше народ и се да потепаше, од Кале ќе ставеа нови некои, ќе ја забранеа ДПМНЕ, ќе ја прогласеа за терористичка организација и не само ова, туку и други глупости ќе протнеа. Единствено нешто различно во Северџанистан без Заев ќе беше тоа дека ќе немаше идентитетски жици, сидра шо влечат напред, ќерки за трампа со грчки острови, јебозовна Европа изјави...
Јас од ДПМНЕ искрено не очекував дека од кога замина во опозиција ќе направи нешто. Повеќе очекував кога беа на власт. А тоа што народот не е кадарен да се самоорганизира за протести тоа не е вина на Грујо, Мицко или Зајко...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Некој ми раскажуваше, од форумов беше тој некој, дека читал за солунските атентатори nonfiction, кога копале под тоа банката. Едниов му вика на другиот „абе немаш ориентација, не копај лево, десно копај“, на шо другиов вика „ти ли мене бе пизда ти матер ќе ми наредуеш“ и продолжува да копа лево. Ќосето, исто, семката си ја сотрел од тоа колење негово. Се утепал од колење на своја рака.
Историјата вика дека такви акции ги прави скоро секогаш помала група на луѓе кои немаат шо да изгубат. Во првите борбени линии не бил Никола Карев. Никола Карев фатил магла да лиже татарски газови, Питу Гули лудакот бил.

Глејте го профилот на организаторите и на учесниците. Организаторите се глумец, пејач, режисер и фб селебрити. Сите се „со друштво, на кеј, кафенце“ типови на луѓе. Во толпата внатре беа огромен дел „ние сите дома сме трчале за партијата, на син ми кога ќе му дадете решение“ луѓе. Тие со качулки пола и повеќе беа веќе вработени во МВР. Во време кога изгледаше дека ќе се менува влада. Должеле, ама не толку за да скапат по затвори, па удриле рачна. Останатите, тие шо расфрлаа со столчиња, се најмногу десетина и тука веќе едно пиштолче многу менува. :D
 
:facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm:

Читаш што пишува горе на обележјето или превод ти треба? Тоа со ќосето и атентаторите не ти го ни коментирам не заслужува да се троши време на такви fuck-in-brain постови.

Глејте го профилот на организаторите и на учесниците. Организаторите се глумец, пејач, режисер и фб селебрити. Сите се „со друштво, на кеј, кафенце“ типови на луѓе. Во толпата внатре беа огромен дел „ние сите дома сме трчале за партијата, на син ми кога ќе му дадете решение“ луѓе. Тие со качулки пола и повеќе беа веќе вработени во МВР. Во време кога изгледаше дека ќе се менува влада. Должеле, ама не толку за да скапат по затвори, па удриле рачна. Останатите, тие шо расфрлаа со столчиња, се најмногу десетина и тука веќе едно пиштолче многу менува. :D
За качулките си скроз во право и за дел од луѓето кои влегоа внатре за решенија. А за организаторите незнам што те чуди, тие луѓе константно го имаа истиот став за националните прашања. Бетмен и Дамовски беа водачи и 2008 г. кога се организираше протестот на Пела. За други прашања Бетмен бил и контра тогашната власт, и ги водеше архибригадите против Скопје 2014.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom