Еве ме дури сега, одвај станав во 12 за да вршам обврски за денов. До кај 6 сатот не заспав од импресии.
Не дека беше којзнае колку спектакуларно (за мене секогаш крајот на 4та сезона ќе ми биде нај), ама од 24 никогаш не можам да бидам разочаран!
Затоа што пристрасно го оценувам крајов како одличен. Сепак сакав да умре некој главен лик како Џек или Клои, ама од друга страна следува филм за некоја година кој може да биде мастерпис (дури и не сумљам во ова).
Како и да е, имаше крајно недефиниран крај.
Џек не умре, ама беше тешко ранет. Русите ќе се обидат да му го убијат семејството. Сите агенции на САД и Русија го бараат Џек. Единствено мислам дека сега само преку Џим може да побегне негде, или помош од некоја друга X личност.
Од една страна, сакав да умре Џек за да биде поспектакуларно, ама кога ќе размислам подобро, ова остава можност за евентуална 9та сезона (гледам на нет има милион разни петиции).
Една од најхардкор сцените беше кога Џек му го изгриза увото на Пилар. Нездрав чоек!
Сепак Тејлор остана на своето и се предаде сама.
Логан многу јако се спука со пиштолот.
Инаку Др. Кулен, се фалиме ние, ама извини што фановите на 24 се во далеку помал број од оние на твоено Призон Брејк (не дека јас не ја гледав оваа), ама 24 си е 24. Кога сите серии губат од квалитет после првата/втората сезона, 24 е единствен доказ дека од сезона во сезона е се' подобра.