24

  • Креатор на темата Креатор на темата CT
  • Време на започнување Време на започнување
Само што ги изгледав последните две епизоди.

Според мене најдраматична завршница досега. Плус мислам дека треба во текот на цела сезона да има вакви драматични моменти што ќе го прават 24 серијалот величествен.

Инаку Логан нема да умре, како што кажаа тие лекарите ќе преживее ама бил тешко погоден.
И нема да има 9та сезона, туку ќе има филм 24.

Толку.
 
Конечно ја изгледав. Неможам да ви опишам колку ми е жал што заврши:( Можеше и поукашкано да заврши али вака остава простор за филмот или евентуално нова сезона:)
 
Мене и денес ми е жал. И утре ќе ми е. Живееме во свет во кој 24 беше уникатен начин да се направи серија. Уникатна маестрално совршена развиена идеја. Браво за сите кои учествуваа во ова нешто кое нема никогаш повеќе да се повтори.
Живееме во свет во кој владеат дебилни серии со вампири, се снимаат уште сезони на Supernatural, се перат пари на Big Brother и сите други ретардирани шоуа, а си одат серии како оваа.
24 во светов на серииве беше... ко да имаш полна кутија со к**ој и ти да ја фатиш пи***та. Таква беше! Најдобрата серија некогаш.
Се сеќавам уште пред неколку години кога ги набавив првите пет сезони од член на форумов (постар член) кој ми ги донесе преку пошта, па седнав да ги гледам по епизода-две на ден. Тогаш беше крајот на јуни, време кога мене и на повеќето мои другари ни беа стигнале дрвата. Па ќе одев малку да поцепам, па врати се, туширај се, гледај 24. После враќање од плажа, туширај се, гледај 24.
После веќе забегав тро повеќе и 5та сезона ја изгледав во два дена. Подобра сезона амин! Типот кој го глуми Чарлс Логан треба да добие ЕМИ за најдобар спореден лик/негативец.

И сега велам што до година? Од новиве серии ниедна не ми фаќа око. Ќе остане само Хаус да се гледа од на есен, па тек 2012та да излезе филмот.
 
Ја догледав последната епизода! :( Многу емоционален крај...! No comment! Се прашувам што ке правам јас во животот без да го пратам секој чекор на Џек Бауер? Искрено сум голем оптимист...се надевам дека ке се случи нешто и серијата ке продолжи... лошо е кога ке се дружиш со некого 9 години, и на крајот веднаш да се разделиш... ке ми недостига Џек Бауер, неговите луди идеји и сите од АТЕ посебно Клои и Тони Алмеида!
 
Клои беше јака одличен потег на сценаристите што ја задржаа до крајот на серијата. Сите се сменија по повеќе пати и CTU 100 пати се менуваше ама Клои секогаш беше тука. Јас асално почнав да ја гледам серијава од 2- 3 сезона така да ништо чудно да земам 1-вата да ја гледам од почеток на рајат.
 
Ја догледав последната епизода! :( Многу емоционален крај...! No comment! Се прашувам што ке правам јас во животот без да го пратам секој чекор на Џек Бауер? Искрено сум голем оптимист...се надевам дека ке се случи нешто и серијата ке продолжи... лошо е кога ке се дружиш со некого 9 години, и на крајот веднаш да се разделиш... ке ми недостига Џек Бауер, неговите луди идеји и сите од АТЕ посебно Клои и Тони Алмеида!
Колку ми е смешно АТЕ кога ќе каже некој:D Ептен не сум навикнат на македонски превод:)
 
Колку ми е смешно АТЕ кога ќе каже некој:D Ептен не сум навикнат на македонски превод:)

:) епа сеа пишувам македонски и го преведувам зборот на македонски :D и имам новости околу 24: The Movie во главните улоги сега за сега се Kiefer Sutherland ( Jack Bauer) , Mary Lynn Rajskub ( Chloe O'brain ) i спешл гест Kim Raver ( Audrey Raines ) :)
 
Џек Бауер - Вистинскиот Супермен ! :salut:

sziper.jpg
 
После читање низ форумов дека серијава е одлична пред 2-3 дена почнав да ја гледам, сабајле во 8 саат ја изгледав првата сезона, и сега почнав со втората сезона. Стварно серијава е добра, сум гледал порано неколку епизоди на А1 ама тоа не е интересно кога не знаеш претходно што се случувало и што е финтата во серијата. Така да сега засега сум пријатно изненаден и ми се допаѓа 24, кога ќе ја изгледам до крај ќе пишам импресии.
 
Немаш појма колку ти љубоморам. :) Колку би сакал да сум на твое место, и од почеток да почнам да ја гледам, уште од прва сезона која на крај ќе се сврти 360 степени, втората со Палмер како президент, третата (да не ти откривам), и тако даље. :) Мислам, да ја гледам како почетник (кој не гледал ниту една претходно), не вака...
 
Епа што да правам, не сум ти крив што си ја гледал од почеток:smir: Јас гледав 3-4 серии одеднаш и неможев повеќе ќе ми изгаснеше мозокот, чекав да заврши Lost за да почнам да гледам некоја друга добра серија на нејзино место и така одлучив 24 да биде таа серија...Инаку да, можам да кажам дека серијава е classic за серии од тој вид и иако уште сум на втора сезона веќе се гледа дека е далеку пред сите други.:smir:
 
Ко ќе стигниш да ја гледаш 5та сезона... немат од дома да излезиш. Најака сезона!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Ко ќе стигниш да ја гледаш 5та сезона... немат од дома да излезиш. Најака сезона!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Хаха ај баш да видам, веќе сум скоро завршен и со втората сезона, на 19 епизода сум...
 
Како што кажа Џимеј, петтата е најдобрата сезона од целиот серијал, инаку четвртата (крајот на четвртата) е најзаслужен за одличниот почеток на таа сезона. Ај да не ти троламе, гледај си ја на раат, па споделувај импресии со нас. :wink:
 
Стварно среќници се оние кои ја немаат гледано серијата и допрва почнуваат. Јас истото го мислев и кога гја гледав Prison Break. Ах да можев некако да си го избришам сеќавањето на таа серија, па и на “24“ за да можам да ги гледам пак :vozbud:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom