Ајде искористете ја оваа последна година ... имате уште 364 дена

Јас стварно незнам како може да постојат толку лековерни луѓе и да веруваат во тоа дека на 21.12.2012 ќе биде крај на светот

Јас не верувам во крај на светот бидејќи неможе тукутака наеднаш да го снема целиов свет освен ако не удри некој огромен метеор и да ја уништи целава планета како што беше во случајот со диносајрусите.
Инаку имам читано најразлични теории за тоа што може да се случи на 21.12.2012, на пример имам прочитано дека на овој датум ќе дошло до некаква промена на свеста кај луѓето и такви некои слични теории.
Исто така имам прочирано дека на овој датум ќе дошло до израмнување за сите планети од нашиот сончев систем и дека ќе дошло до промена на магнетните полиња...
Верувам дека
нешто ( ? ) ќе се случи на овој датум, но што точно ќе се случи ќе почекаме да видиме за точно 1 година.