21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Покрај се искажано во темав и се исчитано налетав на нешто интересно и реално - па повелете:

8 опции за Судниот ден
Настрана предвидувањата на Маите, Нострадамус и таквите како Харолд Кампинг, ова се 8-те сценарија за апокалипса кои имаат сериозна научна основа.

1. Супервулкан
Реални се шансите човештвото да стане сведок на џиновска ерупција, како на пример на супервулканот кој лежи под американскиот Национален парк Јелоустоун. Тој вулкан во минатато имал неколку големи ерупции а последен пат се разбудил пред повеќе од 2 милиони години. Денес, таква слична катастрофа би можела да уништи голем дел од Северна Америка.
Џиновските ерупции резултираат со масовно изумирање, вклучувајќи го и она на диносаурусите од пред 65 милиони години. Испуштањето сулфур, јаглерод диоксид и пепелможе да ја промени климата, што пак би влијаело врз прекин на синџирот на исхрана.
Во текот на изминатите 10 години, кратерот на супервулканот во Јелоустоун се издигнал за 25,4 сантиметри, што укажува на брзо собирање лава. Моментално тој само испушта пареа од малите "вентилациски отвори", но уште не е познато дали вулканот се подготвува за ново преуредување на Земјата.

2. Пад на астероид
Се претпоставува дека токму пад на астероид широк 15 километри го предизвикал изумирањето на диносаурусите. Во 2004-та година, научниците го испаничија светот со информација дека постојат 2-процентни шанси 300-метарскиот астероид Апофис да ја удри земјата во 2029-та година. По повторното мерење, шансите беа намалени на 1:250.000. Но, НАСА очекува на секои 100 години на Земјата да паѓа астероид поширок од 60 метри, кој би можел да предизвика локални катастрофи (поплави и уништување на цели градови). На секои 100.000 години Земјата би можеле да ја погодуваат километарски астероиди, кои би создале проблеми во глобални рамки. Киселите дождови би ги убиле растенијата, прашината би го блокирало Сонцето а би се кренале и огнени бури. До сега откриени се околу 900 од 1.000 очекувани астероиди од 1км, за кои се претпоставува дека ја пресекуваат Земјината орбита. Научниците напоменуваат дека е невозможно да се открие секој од нив.

3. Судар со комета
Често пати кога се зборува за опасности од вселената, се заборава на кометите. На 20-ти октомври 2011-та година, Хартли 2 и се приближи на Земјата на 17 милиони километри, што е најблизу во последните неколку векови. Овие небески тела се движат со брзина од 160.000 километри на час, а Земјината гравитација може дополнително да ги забрза. Голем проблем претставува тоа што се тешко видливи, бидејќи се многу мрачни. Препознатливата сјајна опашка, кометите ја добиваат кога Сонцето ќе ги загрее на близина од 627 милиони километри од Земјата.
Научниците се обидуваат да ги откријат кометите што е можно подалеку од планетава, дури и во патеката на Јупитер. Доколку само една комета им се измолкне, катастрофата може да биде голема.

4. Апокалипса на алги
Геобиологот Џо Киршвинк предупредува од опасноста еден вид микроскопски алги кои живеат на повеќето површини, езера, реки, океани и почви, да ја променат Земјината атмосфера, на фатален начин.
Овие микроби живеат од горивото произведено со фотосинтеза, при која водата ја разбиваат на водорот и кислород, кој пак го вдишуваат другите организми. Кога не можат да користат вода или други супстанци, алгите ја одбираат солта, при што како отпад го создаваат смртоносниот хлор. Доколку никој не им го попречи растот, алгите за неколку милиони години би можеле да го уништат целиот екосистем на Земјата, и тоа токму благодарение на хлорот.

5. Смртоносна зараза
Неодамна холандски и американски научници вештачки создадоа многу посмртоносна верзија на вирусот на птичји грип, Х5Н1. Но, експерите тврдат дека еден вирус не би можел да збрише се што е живо на Земјата, бидејќи биолошката различност е доволно голема за некои организми да станат отпорни. За да може да уништи цело човештво, вирусот мора да убива многу бргу, за 1 недела и помалку. Малку повеќе време е сосема доволно за нашиот имунолошки систем да почне да се брани. Освен тоа, вирусот ќе мора истовремено да го зарази мнозинството од популацијата.

6. Самоубиствена супернова
Суперновите се најсилни експлозии во вселената, кои за среќа се случуваат еднаш на стотина години и тоа многу далеку од Земјата (од 16,5 до 33 светлосни години). Тие не произведуваат само импозантни филмски ефекти, туку и Х-зраци, космички и гама зраци. Овој смртоносен коктел е повеќе од доволен да предизвика помор на Земјата, доколку се случи преблизу. Зрачењето би го уништило озонот а со тоа драстично би се зголемила количината на ултравиолетови зраци. Стапките на рак на кожа би рипнале, бактериите и планктоните би почнале масовно да изумираат а Земјата би влегла во ново ледено доба.

7. Орбитно уништување
Јупитер е најмасовна планета во нашиот систем и како таква ги привлекува орбитите на сите останати планети. Во текот на изминатите милиони години, овој џин ја променил орбитата на Меркур, до тој степен да неговата орбита околу Сонцето почнала се повеќе да се растега.
Како што му се менува орбитата, така растат и шансите Меркур да се судри со Сонцето. Но, алтернативата на ова сценарио е далеку полоша. Може да се случи во еден момент Меркур да излезе од својата орбита и да се залета право кон Венера. Уништувањето на тие две платени би предизвикало хаос во целиот систем, а како што тврди астрономот на USCS, Грег Лафлин, може да се случи и Марс да излезе од својата орбита. Најлошто можно сценарио е судир на Меркур со Земјата. Ударот целосно би ја уништил нашата планета, иако има 20 пати поголема маса од Меркур.

8. Соларно спржување
Дури и Меркур да не ја удри Земјата, објаснува планетологот во НАСА, Крис Меки, заради Сонцето сината планета во еден момент ќе се претвори во печка. Како што нашата ѕвезда гори, така водородот во нејзиното јадро се претвора во хелиум, а во таа фузија се создава голема количина на топлина. Како што минува времето, нашата 5 милијарди години стара ѕвезда станува се потопла и посјајна.
Научниците предвидуваат дека за отприлика 1 милијарда години, Сонцето ќе сјае 10% посјајно од сега. Таа дополнителна топлина ќе ја загрее Земјата на преку 100 степени Целзиусови. Океаните ќе почнат да вријат, климата ќе колабира а човештвото ќе мора да побара друга планета.
Секое решение би било само привремено, бидејќи за 7 милијарди години Сонцето ќе се претвори во црвен џин, толку голем што Земјата ќе се најде внатре во него. "Не сум некој голем верник, но мора да се признае кога некој е во право. Библиските предвидувања дека светот ќе заврши во вечен оган, до некаде се точни", изјавил астрофизичарот Клаус-Питер Шредер.

Преземено од www.on.net.mk (http://on.net.mk/zhivot/nauka/8-opcii-za-sudniot-den)
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
156
Поени од реакции
201
Незнам дали некој го има постирано пошо ме мрзи да листам назад али еве за секој случај http://www.imdb.com/title/tt1358232/ изгледајте го внимателно има дел во документарката што е излезена во 2009та год и во неа се кажува за тоа како пред 2012 било предвидена катастрофа во вид на цунами или потежок земјотрес (ШТО И ТАКА ИЗЛЕЗЕ СО ЦУНАМИТО ВО ЈАПАН)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260

Нострадамус ти бил нешто како Дуле Гледачот само во Франција..тоа ти е исто како јас да ти кажам утре ќе умре некој во Скопје.
 
P

PewDiePie

Гостин
Нострадамус ти бил нешто како Дуле Гледачот само во Франција..тоа ти е исто како јас да ти кажам утре ќе умре некој во Скопје.
Ама знаеш ли дека нострадамус предвидел дека моќта на лавот(на македонците) ќе се врати во 2013 :icon_lol:

Ова е интересно за читање ама дали е од вистината,ни крај на светот ни ништо не сакам. Башка кај сега крај бе таман тргна работава и со спорт и со сплотеност ! :)
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
7
Поени од реакции
3
Годината 2012...
Знам дека е лудо, ама некој ми има кажано дека во 2012 ќе дојде крајот на светот. Нешто поврзано со Израел, ама не го слушав баш, ми звучеше лудо.

Истиот ми кажа дека принцот Чарс бил ѓаволот.

Хехе.

Израел развива нуклеарни оружја во тајност па можеби ќе ги искористат и ќе започнат нуклеарна војна.Сигурно нешто поврзано е со ова.

А дека принцот Чарлс бил ѓаволот се празни зборови!
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
142
Поени од реакции
51
Neznam zasto tropate gluposti na temava, istrazuvajki na internet po forumi tokmu za ovaa tema se pisuva nasekade, i nikade ne se zboruvaat tolku golemi gluposti kako tuka. Sakam da kazam deka ako nemam znaenje za nesto nema da pisuvam od pamet kako 95% sto pisuvaat tuka, a pak nekoj ako napise nesto sto go nasol na google za 2012 odma e ismejuvan od drugite. Sakam da kazam nemora nesto da ismejuvate da prezirate ednostavno ako nemate informacii otvorete si tema sto ja poznavata za gotvenje, perenje pravenje mandzi itn.. Dozvolete im na nekolku clenovi sto imaat nekakva informacija da ja spodelat tuka, a ne da gubat vreme za dokazuvanje i raspravanje so vas drugite sto ne gledate od nosot podaleku.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 23:22 ---
Kako ja zamisluvate vselenata univerzumot planetite? Kako beskonecen prostor so samo edna civilizacija i edna naselena planeta ZEMJATA edinstvena civilizacija vo toj beskonecen prostor nie ZEMJANITE, hahahahaha da ziveev vo pleme vo dzungla koj nikogas ne videl nisto poveke od toa ke poveruvav deka sme edinstveni.... Toa e isto kako na nekoj od pleme da mu objasnuvas sto e televizor ili iphone, normalno nema da te sfati... Jas veruvam deka postojat mnogu civilizacii vo ovoj beskonecen prostor samo sto nie seuste nemozeme da gi vidime, no nekoi luge vospostavija kontakt so tie civilizacii i veke poleka no sigurno vistinata isplovuva na povrsina. Javnoto mislenje se znae koj go kreira cnn, bbc na svetski ramki, a tuka janko jadi burek, zalno i bolno znam...Ako nekoj medium prezentira nekoja vistina lugeto ja goltaat bez nikakva rezerva, znam deka e zalno no toa e realnosta.
Nikoj javno ne se osuduva da kaze sto vsusnost ne ocekuva vo bliska idnina, kraj na svetot sigurno nema da ima, ama kraj na svetot kako sto go poznavam nie sigurno ke ima. I da se sluci nekoja kataklizma ne treba da se plasime sekako nema da umreme, zivotot e energija, a energijata ne umira znaci edinstvenata zaguba ke ni bide naseto 3d telo koe i onaka e bolno.
2012 stvorena na nekoj nacin holivudski e so cel da vlee strav i negativna emocija kaj lugeto odnosno negativna vibracija ili frekfencija, sekoj custvo emituva vibracija frekfencija, stravot niska frekfencija ljubovta i radosta visoka frekfencija, se dodeka se vospostavuva kompletna kontrola nad narodot se pustaat niski frekfencii strav.
Porano se prasuvav dobro be kolku procenti vo svetot se losite luge? Cel zivot sretnuvav najrazlicni luge i uvidov deka 99% se normalni dobri ne sakaat vojni ne sakaat nasilstva ne sakaat teror.
Togas koj se tie luge kakva potreba imaat site nie da patime i da se plasime, da ne kontroliraat kompletno ednostavno da ne tretiraat kako robovi.
Prvo mislev deka toa go pravat zaradi praite, no pokasno uvidov deka ne e zaradi toa, sto ke im se pari koga site pari se nivni za niv se samo parce bezvredna hartija ako sakas ke ti go dadat bez nikakov problem posle toa ke bides rob dozivotno.
Sekoj makedonec raboti za nekoj si 20000 denari prosecna plata, posle 20 godini znaete li kolku ke ima? 20000 denari, toa se istite pari sekoj mesec samo so razlicen seriski broj, parite se trosat pak za nivnite proizvodi ili za kmatata od nivniot kredit.
Znaci parite nemaat nikakva uloga vo terorot i vladeenjeto samo e edna dobra prevara ili iluzija stvorena pomegu narodot da se nadeva na nesto za da znae deka zivee deka postoi vo ovoj haos.

Ke napisam nesto kratko, zasto na temava ima mnogu da se pisuva, jas nesakam da navlezam tolku dlaboko ke go objasnam toa povrsno i ne mi e gajle kako ke bidam sfaten ili dali neko ke mi poveruva.

Postoi civilizacija vo 4d ili 4 denzitet poznat kako 4 dimenzija, koja se hrani so lugeto od 3d 3denzitet 3dimenzija kako sto lugeto se hranat od 2d zivotnite, no ne isto. ovie od 4d bukvalno ne ne jadat tuku se hranat od nasata energija odnosno od nasite emocii i za niv e najbitno da odrzuvaat negativna energija na nasata planeta, negativni emocii kako sto go pravat toa do sega iljadnici godini.
Taa civilizacija vospostavuva kontrola nad nas preku luge nareceni iluminati koj se od reptilska rasa i koj ziveat momentalno vo 3d, procitav deka princot carls bil gjavol. Do nekade tocno no ne e gjavol tuku reptil, gjavol e ime za satanata lucifer od biblijata.

2012 e godinata koja ke se sluci transformacijata, taa se slucuva veke, no nemozat site da ja vidat, a ke ja vidat bidejki seuste ne se razbudeni.
Iluminati ili lugeto koj ne kontroliraat vo 3d so komandi od 4d imaat zadaca na samiot den na transformacijata da ja dovedat zemjata vo 95% negativna energija, znaci zetvata kako oni sto ja vikaat treba da bide negativna. Del od nas ke bidat transformirani vo 4d negativna, mnogu mal del vo 4d pozitivna, ili toa e ona sto biblijata go vika malkumina ke bidat spaseni, do nekade tocno do nekade ne... Site ke bidat spaseni bez razlika dali ke bidat transformirani vo pozitivna 4d ili negativna 4d, za tie sto nema da sa transformiraat vo 4d ke bidat premesteni na druga 3d planeta so amnezija.
Ovoj zivot vo 3d ne e vistinskiot zivot, ova e samo igra narecena 3d igra koj site nie ja igrame tuka i imame alatki koj treba da gi koristime vo igrata. Se ragame i umirame po koj znae koj pat tuka normalno koga ke se rodime se ragame so amnezija, ako nemame amnezija ke bide igrata kako da igrame so chitovi.

Moj predlog e da ne se zamarate so ova, zasto koga ke dojde denot site ke doznaete... Ne se plaete od nisto stravot e samo iluzija koj ne postoi na povisoko nivo. Smrt ne postoi, umira samo teloto, tie sto gi ubivaat tuka nasite tela se luge koj gi poznavame i ziveeme so niv se druzime so niv se smeeme so niv. Nie sme ja prifatile ovaa igra da ja igrame...
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Ама знаеш ли дека нострадамус предвидел дека моќта на лавот(на македонците) ќе се врати во 2013 :icon_lol:

Ова е интересно за читање ама дали е од вистината,ни крај на светот ни ништо не сакам. Башка кај сега крај бе таман тргна работава и со спорт и со сплотеност ! :)
Ако мислел на Олимпијадата има шанси :D
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Postoi civilizacija vo 4d ili 4 denzitet poznat kako 4 dimenzija, koja se hrani so lugeto od 3d 3denzitet 3dimenzija kako sto lugeto se hranat od 2d zivotnite, no ne isto. ovie od 4d bukvalno ne ne jadat tuku se hranat od nasata energija odnosno od nasite emocii i za niv e najbitno da odrzuvaat negativna energija na nasata planeta, negativni emocii kako sto go pravat toa do sega iljadnici godini.
Taa civilizacija vospostavuva kontrola nad nas preku luge nareceni iluminati koj se od reptilska rasa i koj ziveat momentalno vo 3d, procitav deka princot carls bil gjavol. Do nekade tocno no ne e gjavol tuku reptil, gjavol e ime za satanata lucifer od biblijata.
Тоа со димензиите ти е утка. Кој ти кажа дека се работи за математички димензии? Па уште си ставил 2D животни ....

Убаво ќе беше ако советот што го даде на сите нас на почетокот од твојот пост, си го одвежбаше самиот ти кога се работи за информации и валидност.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
142
Поени од реакции
51
Тоа со димензиите ти е утка. Кој ти кажа дека се работи за математички димензии? Па уште си ставил 2D животни ....

Убаво ќе беше ако советот што го даде на сите нас на почетокот од твојот пост, си го одвежбаше самиот ти кога се работи за информации и валидност.
Ne se raboti za matematicki dimenzii, tuku za denziteti poznati kaj lugeto kako dimenzii. Znaci zboruvame za denziteti ili taka nareceni gustini, no toa da go objasnuvam i da go pisuvam tuka ke mi odzeme mnogu vreme. Taka da ako si zainteresiran Ti ke ti pustam nekoj linkovi da izvrsis istrazuvanje... Ako mislsis na vremeto kako 4 dimenzija tuka vo 3d svet ok. No sto ako ti kazam deka vremeto e iluzija vo 4denzitet i deka ne postoi kako ovakvo vo 3d, normalno nema da mi poveruvas... Zamisli nie koga sonuvame son, sonot moze da trae i cela nokj, a pak istrazuvacite kazuvaat deka sonot trae samo 6-8 sekundi. Kako moze koga sonuvas odnosno koga tvoeto astralno telo se dvoi od fizickoto telo i se naogja vo astralna proekcija koja e edna slika na 4ta dimanzija odnosno 4denzitet, svesen si deka si sonuval mnogu podolgo otkolku 6 sekundi, zatoa vremeto kako dimenzija ne postoi vo 4d se e ovde i sega... Postoi vo druga percepcija.
Isto taka napreviv edno istrazuvanje so lugeto sto doziveale klinicka smrt, sto se vratile od mrtvite... Nekoj luge opisuvaat kako za nekolku minuti od nivnata klinicka smrt go videle celiot zivot vo sliki ili vo video kako na monitor znaci vremeto ne e isto kako tuka.
Zivotnite se vo 2denzitet zaradi nivnata percepcija, oni na drug nacin gledaat se. Prirodata i vodata se naogaat vo 1denzitet, ribata pliva vo vodata i bez vodata nemoze da zivee no vodata ne znae deka ribata pliva vo nea...
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Демоне, не се грижи за мене :), јас сум потрошил повеќе од една деценија на такви истражувања (алтернативна медицина, алтернативна наука, fringe теории, заговори, мистерии, заташкани настани и слично), и сметам дека сум доста длабоко навлезен во тоа (во најмала рака со споредба со просечниот македонец). Тука доаѓам да поставам по еден-два поста и да подбуцнам да видам кој до каде е со разбирањето, инаку јас почесто сум присутен на странски вебсајтови кога се работи за ваква содржина, оти сметам дека се малку понапред во тој поглед.

Те цитирав зошто мислев како ред други, збориш за математички димензии, или просторни димензии изразени во математичка слика. Ама и тоа со дензитетите не ти е баш точно, зошто пак говориш за нешто што просторно опстoјува на некакво си друго, повисоко или пониско ниво :)

За останатото си во право, за времето, сонот, и за клиничката смрт, за кое имам и сам лично искуство :)

Ne se raboti za matematicki dimenzii, tuku za denziteti poznati kaj lugeto kako dimenzii. Znaci zboruvame za denziteti ili taka nareceni gustini, no toa da go objasnuvam i da go pisuvam tuka ke mi odzeme mnogu vreme. Taka da ako si zainteresiran Ti ke ti pustam nekoj linkovi da izvrsis istrazuvanje... Ako mislsis na vremeto kako 4 dimenzija tuka vo 3d svet ok. No sto ako ti kazam deka vremeto e iluzija vo 4denzitet i deka ne postoi kako ovakvo vo 3d, normalno nema da mi poveruvas... Zamisli nie koga sonuvame son, sonot moze da trae i cela nokj, a pak istrazuvacite kazuvaat deka sonot trae samo 6-8 sekundi. Kako moze koga sonuvas odnosno koga tvoeto astralno telo se dvoi od fizickoto telo i se naogja vo astralna proekcija koja e edna slika na 4ta dimanzija odnosno 4denzitet, svesen si deka si sonuval mnogu podolgo otkolku 6 sekundi, zatoa vremeto kako dimenzija ne postoi vo 4d se e ovde i sega... Postoi vo druga percepcija.
Isto taka napreviv edno istrazuvanje so lugeto sto doziveale klinicka smrt, sto se vratile od mrtvite... Nekoj luge opisuvaat kako za nekolku minuti od nivnata klinicka smrt go videle celiot zivot vo sliki ili vo video kako na monitor znaci vremeto ne e isto kako tuka.
Zivotnite se vo 2denzitet zaradi nivnata percepcija, oni na drug nacin gledaat se. Prirodata i vodata se naogaat vo 1denzitet, ribata pliva vo vodata i bez vodata nemoze da zivee no vodata ne znae deka ribata pliva vo nea...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom