Поларна промена може да се случи ако:
1- Целосниот внатрешен состав на Земјата наиде на дестабилизација/ослабнување на структурата, што резултира со фрагментација на Земјината обвивка (ова го имаше на новиов филм 2012 треба да го гледате

);
2- Централното Јадро почне да се лади, што резултира со тоа Земјата да почне споро да ротира или целосно да престане да ротира.;
3- Тежок геомагнетен пресврт (под тежок се мисли на нагла промена), кој би резултирал со постепена физичка полоарна промена, степен по степен;
4- Поминувањето на масивно вселенско тело во непосредна близина на планетата Земја.
* Последниот пат кога имало геомагнетен пресврт било за време на владеењето на Рамзес 2ри.
* Последниот пат кога имало целосна поларна промена било во периодот баш пред Ледената Доба. Што значи промената ја создала Ледената Доба.
* Последниот пат кога имало делумна поларна промена било за време на Потопот. Водните области ја промениле својата местоположба. (и ова беше дел од филмот 2012

)
Инаку добро познати се фактите дека магнетното поле на Земјата е ослабено и дека магнетните полови ја промениле својата местоположба за неколку степени во последните 5-6 децении.
Извини, ама тоа што ти си го гладал на филмот, нема врска со реалноста. Ослабување на земјината структура? Дестабилизација? Ех, што е лесно да се каже ова... имало ослабување и настанала дестабилизација... А да ни кажеш која е причината за тоа ослабнување и дестабилизација? Да биде посодржајно глупавото сценарио?
Централното јадро почнало да се лади??? Така, нагло, почнало да се лади, а? Абе хемја, нешто, за ладење на системи, си читал? И таа топлината од јадрото, на кај идела?
Магнетната инверзија ќе резултира со физичка поларна промена??? Оф...
Ова под 4, го обожавам. Па ако баш во тој момент, на слабеење на структурата на Земјата, наглото ладење, и магнетната инверзија, не помине некое тело, онака, масивно, вселенско... глуп ќе е филмот, нели?
И нешто морам да те прашам!!! За кој потоп збориш??? Немој да ми речеш дека тоа е онаа поплава заради излевањето на Нил, опишана во христијанските списи? :nesvest:
И, тоа што магнетниот пол е нестатичен, нема ама баш никаква врска со сценариото на филмот.
Теорија ..... што најмногу "држи вода"...
Тоа е зошто се уште меинстрим научниците не сакаат да признаат дека Земјата е шупливо тело со мало јадро во средина. Поради тоа не можат да ја објаснат дестабилизацијата поинаку па користат термини како "хаотичното движење на течните метали во јадрото..." дрн дрн јариња ...
Така е. Доказ се секојдневните вулкански ерупции ширум светот

Лавата, ете, не сака да ги пополни тие “шиплини“, туку сака надвор! :tv:
Ако земјата е шуплива, драг NeptuneGate, тогаш од каде потекнуваат магнетните полиња?
Го гледав филмот 2012 , и ако го гледал некој , дали можи да ми кажи на која база е изработен филмот ? На подлога на некој си истражувања или е накај научна фантастика ? Дали нешто од то шо е прикажано во филмот е вистина ?
Тенкју
Филмот е изработен на база на шпанска сапуница, со примеси на квази-научни теории без никаква основа.
Финтата е: дај му го на народот тоа што сака да го гледа, ако добро ти плати!