2009 - моменти за паметење

Статус
Затворена за нови мислења.
Солидна година, ни предобра ни прелоша.
Задоволна пред се од успесите на факултет, си завршив 4та година специјалистички студии и си го добив називот специјалист по правото (глупи се овие називи по новиве програми ама то е то :)), си запишав магистерски студии, летово го имав првото работно искуство од мојата област и помина доста солидно иако очекував многу повеќе, ама затоа веќе речиси месец дена сум на ново место, иако засега само како пракса, но е работно место за кое сонував. На љубовен план сосема солидно како и минатите години :back: Лошо беше што прв пат во животот немав вистински прав одмор, ама 2 подолги викенди сепак добро ми дојдоа. Се надевам во 2010 ќе имам повеќе шетање (бар пола нека е од она во 2009та што го имав супер ќе е :)). Она што малку ми ја уништи оваа 2009та е што моите блиски имаа здравствени проблеми. Тоа е и мојата единствена желба за 2010. Само здравје, другото само по себе ќе дојде. :pipi:
 
Секој ден поминат со неа... :back:
 
Шознам, некако повеќе има моменти за заборавање отколку за памтење... Се гледа и по двете реченици, а гледам сите изнапишале не така мали постови...
 
Почетокот на годината, recounciliation, реставрација, задавање на нови задачи. При крајот на првиот квартал, враќање во образовниот систем од пауза на година ипол.

Вториот квартал подобрување на сопствениот живот - остварување на неколку планови, еден сепак оставен за подобрите моменти. При самиот крај, битката кај Филозофски. 2ца мртви, двајца преживеани.

Половината на годината помината во комплетна самост (не осаменост), кроење на војниот план за летниот распуст. При самиот крај, начукување на една журка (појма неам зш) и неспособност на враќање назад во базата (дома). Среќа тука беа сојузните армии да го придружат генералот во сопственото дувло.

На почетокот на третиот квартал, заминување на туѓо бојно поле. И после кој рекол дека швабите биле толку непријателски настроени. Во овој период, искусување на воздушниот простор, возење на железницата на каубојски начин (више далтонски).

Последниот квартал, губење на смисолот на љубовта поради кршење на срцето од непријателските воени сили на една мајорка. Со надеж на повторно враќање - во потрага на сопствената легенда. Работоно или поточно образовно, со одличен исход. 4 утепани и еден преживеан (мамата негова).
 
Ексик година.
И желби и амбиции и соништа и идеализам и и идеологизам се ојде јабана. Само трошки од горните поими, ветер во магла, еден куп апсурди, нервози и небулози.
Пошто сум тип на човек кој верува во континуитет прогнозите за наредната година ми се со боите на Нострадамус.
Ама пошо нали на форум ме знајте ко оптимист ради имиџ ќе кажам дека се надевам на боље.
 
Исчистив прва година со добар просек на време <--- ова најмогу ке го памтам...

има и други моменти и дешавки али ај друг пат.. ме мрзи сеа
 
Аххх каква година.....
-На почетокот од годината имав заушки, кога ќе ми текне...стварно беа болни:nesum:
-Доживеав нешто што не сакам никогаш повеќе да го доживеам, без разлика што личноста не ми значеше ништо, самата помисла каков идиот испаднав прави да се чуствувам доволно лошо
-Моето искуство со љубовта....
-Доаѓањето во Америка и првите искуства...
-Првите мали депресии...
-Болеста на мајка ми што ме извади од кожа ( фала богу се заврши добро )
.....
добро освен овие лоши работи сепак имаше и некои добри како:
- 8ми Март со него...прв пат во мојот стан во Охрид
- сите дешавки, смеења и искуства со моите најмили другарки
- зближување со најдобрата личност што најмногу ја сакам ( моментално моја најдобра другарка )
- Охрид
- Некои ситни дешавки што ми се случија тука.....
- Моето созревање и справување со проблемите
....и уште мноогу други, ама овие беа најважните
 
Па имаше ама веќе нема
 
Ми почна со најлош помин до сега за НГ. Јбг, тоа беа последните остатоци од тапа периодот кој што ме фати и преовладуваше речиси 2/3 од 2008ма. Откако целосно се ''исчистив'' (фев. некаде беше тоа, мислам), дошли су бољи дани и т.е. момент на созревање, ценење и благодарност, како спрема големите, така и малите нешта - кои значат мн. во животот и поглед кон светот со др. очи, не е се црно-бело, се наоѓа меѓу нив одредена средина. Тоа е во кратки црти на психо-аналитичко поле.

Ааа за конкретни моменти/настани .. Хмм ги имаше, еве некои по хронолошки редослед:
- Концертот на Пол ван Дајк во Софија (18.04.09). Моето прво присуство на настап на ДЈ и ќе си го паметам дур сум жив .. 3 часовен Велигденски меднес - НЕ ВОСКРЕСНА среде Софија.:vozbud::je:
- Екскурзијата низ ЕКС ЈУ. ЈаАоООоОооОоо .. 4 дневна калакурница хухухуу !!! :ija::ojea:
- По 2 год. поминати со беден мн.добар успех, КОНЕЧНО лани, во трета (најтешката и најригорозната година во оценување) јас поминав ОДЛИЧЕН :icon_bigg .. Ironic, ha ?!?! :icon_roll:toe:
- Кул обитељски годишњи. :wink:
- Концертот на СЛАТКАР !!! - Хахахахахаааа .. :pos2::pos2::pos:

Што знам, на тоа ми текна во моментов. Иии се разбира 7349823493482537239423 .. седенки и пијанки во Либра, ежести родендени, страшни излазци и МНООООООООГУ СМЕЕЊЕ !!!

Се на се, дааалеку поубава и повесела год. од 2008ма. :wink:
 
Тибам, од кај да почнам??

Ај ќе завршам со eden момент zasega!

Еден збор, кој зфатил добро, кој не, пак добро:

Мулаткиња! E, neeee!
 
Добра година, со многу позитивни работи и убави моменти, прошетки, лудости на куп, нови искуства, познанства и тако даље. Три поважни нешта во 2009та кои би ги издвоил сигурно се дипломирањето, студентската размена со Љубљана и една невообичаена шпанска серија. Се на се, содржајни 12 месеци :)
 
Лоша година, налет да остани.

Многу смрт, само јас жив, и до крај. Неарно! Многу неарно!
Се надевам дека во наредната барем ќе го видам Лувр, и ќе ја чујам престижната Берлинска Филхармонија, за поарна, не верувам.
 
Uf tapa godina. Poveke losi nego li dobri raboti mi se dasavaa. Ali ke se obidam da gi zapametam samo dobirite: polozuvanjeto na maturata so mnogu soliden uspeh, preseluvanjeto vo Skopje, ziveenje zivot bez ogranicuvanja od roditelite...
 
1.Ми се роди брат.
2.Полуматурска.
3.Најубавото лето до сега.
 
Моменти за паметење:
- Јануари и Февруари - Прославата на новата година ми помина скроз неочекувано, меѓутоа добро:).Потоа роденденот, снегот и уживањето во истиот.
- Март, Април, Мај - Класот беше дружељубив каков што никогаш не сум го видела, изгледа конечно сфатија сите дека се ближи мигот кога ќе заминеме по различни патишта.Многу смешки, добар маскенбал, многу дружења со мили луѓе.Maтурата како главен настан мора да се спомне, лудила, забавување, сложност и сите тие подготовки околу неа, иако не бев нешто посебно возбудена за тој настан:).Како и да е, преубави мигови.
- Јуни, Јули, Август - Според мене најубавиот период, периодот кога бев најисполнета и најпозитивна.После положената матура, слободно дишев.Започнав и нова врска крајот на Мај која се движеше прекрасно, неколку одмора и при тоа љубов и дружења остварени максимално.
- Септември, Октомври, Ноември - Спремање за почетокот на еден поразличен живот за мене - факсот.Добро се снајдов фала богу, положени први колоквиуми со 10ки - пресреќна, љубовта уште цути, другарувања со колегите и зезања на час, смеење како никогаш.
- Декември - Многу турбуленции, неочекувани нешта и разочарувања(после таа сета среќа како да мораа да се случат).Но еј, уште има време, можеби нешто ќе се измени. Ако се измени, ќе си го надополнам постот:wink:.

Сума сумарум - Задоволна сум, одлична година.Се надевам на уште подобра 2010.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom