Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Почнуваме. Ако некој сака ќе се приклучи, нема да се молиме.Ќе чекаме да имаме кворум од барем неколку души (на пример 5-10?) или ќе тераме вака засега? Тројца сме во групата моментално.
Прегледај го приврзокот 443693
08. The Joshua Tree - U2 (1987) Појак почеток на албум до сега не сум сретнал! Where the Streets Have No Name, I Still Haven't Found What I'm Looking For и With or Without You една по друга го прават најјакиот старт ever! Потоа се редат останатите песни кои по малку наликуваат една на друга, mostly по атмосферата и текстовите кои не шетаат низ Америка. Она на што најмногу му замеруваат на Боно е дека е прегласен, и дека неговиот вокал е понекогаш пресилен за музиката во позадина, со што го нарекуваат егоцентрик и иритантен, но мене воопшто не ми сметаше. Една прекрасна прошетка беше ова од Белфаст до САД, секаде каде што улиците немаат име и уживав во секој момент од албумот. Не за џабе се смета за еден од најдобрите во историјата. По крајот, одново ги преслушав првите 3 песни - ремек дела! Веројатно трите најдобри од целата кариера на U2, сместени на ист албум и тоа една по друга.Појако - не може. 5/5
Овој е еден од тие 88 албуми кои се исфрлени од книгата и во најновата верзија на истата го нема.Oracular Spectacular-МGMT
Прегледај го приврзокот 444367
За денес ми го исфрли ова супер албумче. МГМТ ги сакам од време, ми имаат во нивната музика некоја детска наивност, некоја носталгија што не можам да ја дефинирам, за едни времиња од детството, во кои често пати знаеме да се навратиме со умот и спомените во некои мигови на една безгрижност за која мислевме дека вечно ќе трае. Впрочем на албумов е и песната Kids која одвреме навреме знам да му ја пуштам и сега на синчево Марко. Го сака ритамот онака забавен му е и заедно си подигруваме. Мислам дека бендов е попрично оригинален, па нема средина да ти биде сееден, или ќе го сакаш или ќе речиш мрш бе хипстеришта низаедни.
5/5 oд мене за овој албум
Oд која книга, не капирам нешто?Овој е еден од тие 88 албуми кои се исфрлени од книгата и во најновата верзија на истата го нема.
1001 Albums You Must Hear Before You Die е coffee-table книга креирана од некојси таму кој одбрал 1001 албум од историјата што тој сметал дека се најдобри. Е, арно ама, скоро секоја година таа книга доживува реизданија и во секое од нив некои албуми се исфрлаат, други, најчесто понови, се додаваат. Од првото издание до денес 88 албуми кои некогаш биле во книгата се исфрлени. Овој е еден од тие исфрлените. Генераторот ги има вметнато сите албуми кои некогаш биле, затоа се вика 1001 Albums... а во него има 1089 албуми.Oд која книга, не капирам нешто?![]()