21. Ill Communication - Beastie Boys (1994)
или Скоро саат време бучава!
Морам disclaimer зашто ова е првиот албум од овој тип кој ми се појави (всушност вчера се појавил, ама јас дури денес го преслушувам): мразам хип-хоп и рап, и колку и да бидам хејтан за ова, сметам дека тоа се правци за wannabe пејачи кои немале талент да станат пејачи. Па затоа секоја пропалица стана хип-хопер или рапер. Е сеа, за Beastie Boys знам дека пред ова биле панкери и се преориентирале кон хип-хопот заради успехот на некоја нивна триминутна галама како панкери, што значи дека и не биле така неталентирани, ама веројатно биле глупи ко точак... Иако по тоа продавале милионски тиражи. Башка јас растев во нивно време, се сеќавам колку беа присутни по радио-станиците и MTV, ама не ги сакав ни тогаш, не ги сакам ни сега. На многу песни од албумов се сеќавам многу добро на музиката, на некои како низ магла и на спотовите. А особено на Sabotage која верувам дека нема кој не ја знае. Плус kudos за целото влијание кои го имаа кон плејада хип-хопери во децениите кои следат во Америка, зашто иако не се пионери на звукот, се дефинитивно првите на кои им донел вртоглав комерцијален успех, па така Beastie Boys се татковците на Еминем, Лимп Бизкит, Блур, па дури и на вашите љубени RATM, и многу други.
Ама за мене хип-хопот останува само тешка бљувотина и треба да е нешто навистина неверојатно како Lose Yourself на Еминем или неколку други кои можеби на прсти се бројат, или нешто што ќе ме измести од патики, или некој неверојатен текст кој ќе ме замисли или донесе емоции за да можам да дадам повисока оценка од чист 1. Кај Beastie Boys и албумов, само заради носталгијата 1,5/5, ама на генераторот сепак ќе си го добијат кецот.
За да не се повторувам за идните хип-хоп албуми, само ќе реферирам на ова мислење