Добра е темава за почетниците и оние кои не се информирани. Но, за човек како мене мислам дека и покрај тоа што знам како треба, зависноста од адреналин преовладува. Само ме спаси малце он борд компјутерот на новиот автомобил, па кога ке притиснам на педалот за гас во прва и ке покаже 27 литри на 100 километри, се подзамислувам малце и намалувам. Знам дека 27 литри покажува заради наглото забрзување и големиот број на rpm и ова се намалува веднаш потоа, но делува загрижувачки самата бројка 27.
Но, да му се изнарадувам малце на автомобилот, па после тоа ке штедиме, а и без тоа времево иде натака, се поголема немаштија е, барем јас осетив од кризата, за другите незнам.