10 совети за штедење гориво

  • Креатор на темата Креатор на темата STARTER
  • Време на започнување Време на започнување
Добра е темава за почетниците и оние кои не се информирани. Но, за човек како мене мислам дека и покрај тоа што знам како треба, зависноста од адреналин преовладува. Само ме спаси малце он борд компјутерот на новиот автомобил, па кога ке притиснам на педалот за гас во прва и ке покаже 27 литри на 100 километри, се подзамислувам малце и намалувам. Знам дека 27 литри покажува заради наглото забрзување и големиот број на rpm и ова се намалува веднаш потоа, но делува загрижувачки самата бројка 27. :) Но, да му се изнарадувам малце на автомобилот, па после тоа ке штедиме, а и без тоа времево иде натака, се поголема немаштија е, барем јас осетив од кризата, за другите незнам.
 
7. Возете со стандардните бандажи и пневматици
Новите бандажи и пнематици можат да изгледаат одлично и секако ја подобруваат управливоста на возилото. Но доколку се пошироки од стандардните тие ќе предизвикаат поголеми отпори на тркалање и ќе ја зголемат потрошувачката на гориво.

Алу-бандаж е полесен од стандарден (челичен) значи може да влијае позитивно така да насловот им е лошо избран. Треба да пишува не ставајте подебели гуми ако сакате да заштедите.:smir:
 
Оние кои имаат автомобили со борд компјутер кој покажува потрошувачка во реално време и просечна потрошувачка, со тек на време учат како да го возат својот автомобил поекономично. Разликата може да биде и до 2-3 литри помалку на 100 километри, ако се научиш да возиш ко лешперче :)
 
Ако до сега сте турале бензин за 1000 денари, од сега турајте за 500

Така сигурно ќе заштедите.
 
Ако до сега сте турале бензин за 1000 денари, од сега турајте за 500

Така сигурно ќе заштедите.

Јас пак не се замарам. Колку и да поскапи бензинот јас секојпат си ставам за иљадарче...
 
Купете си хибриден автомобил, или пак само на струја ....електричен.
 
Ако до сега сте турале бензин за 1000 денари, од сега турајте за 500

Така сигурно ќе заштедите.

Нема зошто ако ставаш за 500 денари два пати ќе застанеш за за иста количина како за 1000 денари. Секое застанување/поаѓање и пат до бензинска е дополнителен трошок
 
Алу-бандаж е полесен од стандарден (челичен) значи може да влијае позитивно така да насловот им е лошо избран. Треба да пишува не ставајте подебели гуми ако сакате да заштедите.:smir:

Да нормално, бидејќи колку поголема ќе биде површината измеѓу патната подлога и пневматикот, толку поголем ќе биде и отпорот на тркалање.
 
Еден урбан мит вели дека доколку не се забрзува нагло, потрошувачката на гориво се намалува. Вистината е дека за најекономично возење треба да се стремиме целната брзина (која и да е таа) да ја постигнеме за најкусо можно време, т.е. со најголемо забрзување. На пример, тргаш од семафори и забрзуваш полека до 60 км/ч. Доколку забрзаш нагло до 60 км/ч и после нагло престанеш со забрзување, ќе потрошиш помалку гориво.

Во едно натпреварување за економично возење (кој ќе извози најмногу километри, сите со исти коли и иста почетна количина гориво), победникот тргнувал со втора, го цедел у втора моторот до таргетната брзина и потоа уфрлувал во петта за да ја одржи брзината. Втора-петта-втора-петта. Така потрошил најмалку гориво од сите. Инспириран од ова, еднаш враќајќи се од Турција возев така, втора-петта. Просечната потрошувачка ми беше едвај 4 литри на 100 км (дизел). Дали и толку беше.

Во принцип, секоја кола троши најмалку во најголемиот степен на пренос во кој што може да ја поднесе дадената брзина. Ако возиш 50 у трета ќе трошиш повеќе него ако возиш 50 во петта. Тогаш паразитските губитоци на енергија се најмали. Но...

Имајте на ум дека најекономичното возење не е истовремено ниту најбезбедно, ниту најздраво за колата. Моторот ќе има подолг век доколку моторот редовно се развртува нагоре во вртежите, иако при тоа се троши повеќе гориво. Возењето е побезбедно доколку не се тргнува нагло и се вози во степен на пренос кој остава резерва врт. мом. кон погонските тркалата.
 
еднаш враќајќи се од Турција возев така, втора-петта. Просечната потрошувачка ми беше едвај 4 литри на 100 км (дизел).
Незнам што си возел но јас имам Ford Fiesta 1.8 D (произведена 1994, сопственик од 2004) отворен пат, брзина помеѓу 100-120 км/ч толку е просекот, тестирано многу пати.
 
Незнам што си возел но јас имам Ford Fiesta 1.8 D (произведена 1994, сопственик од 2004) отворен пат, брзина помеѓу 100-120 км/ч толку е просекот, тестирано многу пати.

Сеат Кордоба, 1.9 SDI, тука околу 20% беше автопат, другото угорници, удолници, колони по нерамен и тесен пат, гужви во Анталија и Измир, чуда...

Иначе, да, на мазно рамномерно возење и мене ми е толку нормата.

Да не сака некој да ја купи? :-)
 
Кога сме веке кај штедењето на гориво, да ли некој има искуство со производот наречен Магнофуел ?
Се двоумам да ли да го купам или не ?

http://www.dejoas.com.mk/Templates/reklama_magnofuel.html


ова прво го видов на еден хрватски форум како реклама но а сега го спомна и ти за неговата ефикасност незнам , но по малку сум скептичен околу целава работа , цената колку што видов е околу 2000ден ако навистина е така како што кажуваат тогаш вреди ( да ја намали потрошувачката барем за 10% ) еве нешто најдов на коли.ком.мк

http://test.koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=186
 
Кога сме веке кај штедењето на гориво, да ли некој има искуство со производот наречен Магнофуел ?
Се двоумам да ли да го купам или неhttp://www.dejoas.com.mk/Templates/reklama_magnofuel.html
Jас не би го купувал... имав вакво прашање поставено пред неколку години, Струмикс ми даде одлично образложение. Би го замолил да го напише одново, или да го најде :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom