Еден урбан мит вели дека доколку не се забрзува нагло, потрошувачката на гориво се намалува. Вистината е дека за најекономично возење треба да се стремиме целната брзина (која и да е таа) да ја постигнеме за најкусо можно време, т.е. со најголемо забрзување. На пример, тргаш од семафори и забрзуваш полека до 60 км/ч. Доколку забрзаш нагло до 60 км/ч и после нагло престанеш со забрзување, ќе потрошиш помалку гориво.
Во едно натпреварување за економично возење (кој ќе извози најмногу километри, сите со исти коли и иста почетна количина гориво), победникот тргнувал со втора, го цедел у втора моторот до таргетната брзина и потоа уфрлувал во петта за да ја одржи брзината. Втора-петта-втора-петта. Така потрошил најмалку гориво од сите. Инспириран од ова, еднаш враќајќи се од Турција возев така, втора-петта. Просечната потрошувачка ми беше едвај 4 литри на 100 км (дизел). Дали и толку беше.
Во принцип, секоја кола троши најмалку во најголемиот степен на пренос во кој што може да ја поднесе дадената брзина. Ако возиш 50 у трета ќе трошиш повеќе него ако возиш 50 во петта. Тогаш паразитските губитоци на енергија се најмали. Но...
Имајте на ум дека најекономичното возење не е истовремено ниту најбезбедно, ниту најздраво за колата. Моторот ќе има подолг век доколку моторот редовно се развртува нагоре во вртежите, иако при тоа се троши повеќе гориво. Возењето е побезбедно доколку не се тргнува нагло и се вози во степен на пренос кој остава резерва врт. мом. кон погонските тркалата.