Почеток на факултетски студии
Пишете нешто за вашиот почеток на факултет, без разлика која година сте, дали сте ја квадрирале истата, на кој факултет итн...Подолу нешто од мене:
Пишувам за почетокот на универзитетските студии од 1ви Октомври. Се запишав на економискиот државен факултет на е бизнис смер. Обично на мене со мојата ексцентрична филозофија ми се лоши кога некој ќе ми спомне канцеларија, камата, чек, exel, графикон и биро но ете, токму овие зборови, јас кој имав право на најголем избор се одлучив да ги слушам. И тоа цели 5 ФАКИН години! Зашто?! Единствената и основна причина за мојот избор е егзистензијализмот. Односно, сите велат дека ако си економист побргу ќе се вработиш бла бла. Ете зашто. Бидејки не сакам да ги замарам моите и да им барам пари за искачање на 20 и кусур години. Толкав вол...мислам, срамота е навистина. Би требало сите да се запрашаат малце на оваа тема.И ете. Отидов. Професорите одма почнаа да предаваат. Тоа значи: НЕМА ЗАЕБАНЦИЈА КО У СРЕДНО! Некој вика дека мора да му го купиме учебникот поради тоа што се кршеле авторските права но всушност на сите нам добро познати ни е причината за тоа купување. Професорите лапаат кеш од продажбата на книгите. Хах, баш како она името на една компанија АП ЛАП КЕШ! Има тука еден тука кај мене еден комшија што пишува книги Но има и некои професори кои што ја разбираат положбата на студентите од Скопје и од Прованса (ако кажеме од Провинција или од село се навредуваат, така да ова Прованса звучи повеќе западначки) кои мораат секојдневно да трошат пари за храна и пат. За моите колеги и колешки...па очекував да видам по cool луѓе но како што викаат - не ја суди книгата по корицата. Како и да е, има доста добри колешки морам да признаам али како да фали тука нешто. Обично многу го забележувам стилот кај спротивниот пол. Другото може да помине низ прсти.Инаку, КИМ унивезитетот на сите нам ни е добро познат, спроти судска палата. Комунистичка архитектура, сивило насекаде, бетонски блокови на сите страни. Но, ако некогаш не нападнат со нуклеарка, ако се скриеме внатре, (или во СУ Никола Карев) големи се шансите да преживееме. Пофалби до органите што им текнало да направат пристојни WC, како и малото бифенце што прават fast food од она зеленото во сред ГТЦ. Спици.... така нешто. Пристојни цени, тазе храна, фуче! Исто така има и закон библиотека со сите потребни книгици во неа и со доста модерен James Bond индетификејшн систем. Ја ставаш раката на уредот, внесуваш код, влагаш! Можеш да дремеш на нет бидејки има големо интернет кафе во склоп на економски факултет. Може да се игра 10 на 10 CS. Едноставно има се на факултетот. Па и срамота би било ако нема, толку пари дадовме за партиципација, ова она. Фали само уште мотивот да ги слушам оние горе спомнатите зборови. Идам да спијам. Лаку ноч!