„Еутаназија” - ЗА или ПРОТИВ

Еутаназија. За или против?

  • За

    Гласови: 31 43,7%
  • Против

    Гласови: 31 43,7%
  • Сеедно

    Гласови: 9 12,7%

  • Вкупно гласачи
    71
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 февруари 2007
Мислења
10
Поени од реакции
0
Против, нормално. Не знам што човек треба да си за да си за.
 
Птичји Грип

Без влакна на јазикот!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
770
Поени од реакции
8
PiNkGiRl напиша:
Definitivno sum ZA. Eve najprost primer:Zamisli situacija deka na nekoj pacient mu e potrebno zdravo srce,a drug pacient na koj sto mozokot mu e mrtov ima zdravo srce. I togas treba li da se dozvoli da umrat i dvajcata?
Точно, такви случаи има многу и тоа е замислено не само за да некој пациент се избави од маките туку и за донорство.

Пиров напиша:
Против, нормално. Не знам што човек треба да си за да си за.
Или многу тешко болен или Лекар.

pearl напиша:
Искрено кажано, немам став за еутаназијата. Не можам да кажам дали е правилно или погрешно. Од една страна секој еден треба да има право на избор, но од друга страна, колку тој еден може правилно да пресуди. Целото ова прашање дополнително се коплицира бидејќи постојат и ситуации кои можат да бидат изманипулирани.

Не можам да пресечам и да одберам страна. Индивидуално е за секого и за секој случај поединечно. Ова е една работа за која не можам да генерализирам, една од оние сиви зони кои секогаш ќе останат сиви.
Тоа е и замислата -> Таа одлука се донесува при полна свест и чист разум со присуство на адвокат и членови од семејството.
 
Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Еутаназија...ЗА...зошто затоа што човекот е премногу жално да го гледате како се мачи,неможе ништо да прави да размислува да делува...закачен на апарати,но со емоции едноставно се распаѓа...така да доколку нема подобрување и само се чека крајот а тој е со болки тогаш сум сигурно ЗА спречување на измачувањето
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89

Дефинитивно ЗА. Ако има согласност од болниот, повредениот или неговата фамилија треба да се испочитува нивната желба. Само тоа треба добро да се обмисли заради можни злоупотреби.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.681
Поени од реакции
13.295
“ЗА’’ тогаш и само тогаш кога има согласност од човекот да му се изврши еутаназија. Добро де и човекот да е во безизлена ситуација (да ги брои последните денови од неговиот живот).
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Дефинитивно сум ЗА еутаназија зашто скеој човек е господар на својот живот, зашто сме слободни и имаме паво на мирен и достоинствен живот.
 
Член од
16 јули 2006
Мислења
312
Поени од реакции
4
jas bi bila za ako semestvoto se soglasi. inaku na toa nikogas ne bi se soglasila i ne bi mozela da go napravam
 
vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Доколку му се гледа крајот на човекот јас сум за еутаназија,нема потреба од дополнителни измачувања.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.725
Поени од реакции
969
Сум ЗА еутаназија само во 2 случаи...ако самиот пациент бара и се сложува на тоа , и втор случај ако пацентот не е свесен меѓутоа има неиздржливи болки и му остануваат само неколку недели живот...секој човек има право на достоинствена смрт ( ок сега не баш секој но глобално гледано :) ) ,и затоа не гледам ништо лошо во еутаназијата ако се примени во тие 2 случаи шо погоре ги наведов
 
V

Viktoranius

Гостин
Јас сум за ако е со согласност на пациентот, ако не е со согласност тогаш сум против.:toe:
 
Член од
24 ноември 2007
Мислења
15
Поени од реакции
0
Е читај сега:
Јас сум против еутаназијата. Но и да е со закон забранета сепак лекарите ќе ја прават.Тука контрола не може да се има. :(

Но ова и не е толку страшно туку пострашно е што најчесто лекарите прават еутаназија на пацинти кои не се во вегетативна состојба а кои им паднале во раце. :x

Таа еутаназија ја прават лекарите затоа што:
- немаат квалитетна едукација затоа што се потомци од фамилија звучни имиња во здравството за кои медицинскиот факултет и Клиничкиот центар се монопол.
- Се чувствуваат богови кои решаваат за траењето на туѓите животи.
- според лични симпатии и фрустрации одлучуваат кому ке му е**** м***р.
- не се плашат од одговорност затоа што нивната работа не може никој да ја контролира. Ако некој пациент сепак пријави таков лекар веднаш целиот лекарски еснаф го заштитува тој лекар па затоа немаат гајле.

имам уште за набројување ама доволно се изнервирав да неможам да продолжам.
:x
Докторите несмеат да извршат еутаназија,убивање од милосрдие или сл.затоа што е казниво со закон,можеби во некои земји смее да се врѓи еутаназија ама барем кај нас несмее.Второ за докторите:кога еден доктор ке дипломира свечено се заколнува со Хипократовата заклетва во која пишува дека никогаш нити на никој нема да му го одземеш животот така да докторите несмеат да извршат убиство макар и од милосрдие.Така да незнам од каде ти е тој став за докторите.Да те прашам несто како воопшто светот па и ти во него можете да опстоите без докторите,што толку ги критикуваш.Треба да се чувствуваат како богови затоа што не е мала работа да спасуваш луѓе.МНОГУ ПОГРЕШНО СИ ИНФОРМИРАНА ДОКТОРИТЕ НЕСМЕАТ ДА ИЗВРШУВААТ ЕУТАНАЗИЈА.
А јас лично сум против еутаназија.Никој од нас нема право да одлучува за тугиот живот.

Дефинитивно сум ЗА еутаназија зашто скеој човек е господар на својот живот, зашто сме слободни и имаме паво на мирен и достоинствен живот.
Мацо човек што вегетира како ке ти каже дека сака да го убиеш? А ако сами сме си господари на својот живот значи дека ти него несмееш да го убиеш.

Срамда им е на сите што пишале дека се за еутаназија,па замислете некој ваш близок е во таа состојба.Нормално ке речете па нека го убијат нека не се мачи,а што е со надежта дека можеби ке се спаси дека можеби ке му најдат лек а да не зборам за тие во кома дека можеби ке се разбуди*нормално не и оние на им е откажан мозокот* ама безразлика како ке дозволите некој што го сакате да го убијат.А пациентите кои што се во големи маки и болки нормално се согласуваат да ги убијат но тоа не е прифатено затоа што тие тогаш не размислуваат правилно туку само сакаат да се спасат од болката. Така да само Господ може да реши кој да умре а кој не,не сме ние тие кои решаваме за туѓите животи
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Пред извесно време прочитав една интересна книга :

Vincent Humbert Je vous demande le droit de mourir

Прочитајте, анализирајте и ќе Ви станат јасни многу работи. Во спротивно, не млатете празна слама ок? :wink:

P.S. Кон напишаново оди во прилог и Je ne suis pas un assasin од Bernard Kouchner. :star:
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Да замислиме дека јас денес, полнолетна, здрава, права и при здрав разум секако, потпишам изјава дека во случај на болест која ќе предизвика страшни болки или неможност да за грижам за себе сакам мојот живот безболно да престане. Дали ако дојде тој ден, и ако лекарите и моето семејство знаејќи ја мојата желба се согласуваат со тоа, дали Вие сеуште ќе стоите на ставот дека правото да умрам не ми припаѓа?
 
Ivy_K

/
Член од
29 мај 2006
Мислења
1.206
Поени од реакции
16
Е читај сега:
Јас сум против еутаназијата. Но и да е со закон забранета сепак лекарите ќе ја прават.Тука контрола не може да се има. :(

Но ова и не е толку страшно туку пострашно е што најчесто лекарите прават еутаназија на пацинти кои не се во вегетативна состојба а кои им паднале во раце. :x

Таа еутаназија ја прават лекарите затоа што:
- немаат квалитетна едукација затоа што се потомци од фамилија звучни имиња во здравството за кои медицинскиот факултет и Клиничкиот центар се монопол.
- Се чувствуваат богови кои решаваат за траењето на туѓите животи.
- според лични симпатии и фрустрации одлучуваат кому ке му е**** м***р.

- не се плашат од одговорност затоа што нивната работа не може никој да ја контролира. Ако некој пациент сепак пријави таков лекар веднаш целиот лекарски еснаф го заштитува тој лекар па затоа немаат гајле.

имам уште за набројување ама доволно се изнервирав да неможам да продолжам.
:x
жалосно ама така е :(:(:(:(

иначе сум против.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom