Ми се чини од прочитаното дека се претерува со македонски примери. Ништо во нашата земја не е релевантно за муабет во глобални рамки. Особено не условите во здравството.
Еутаназијата како чин, сметам дека е исправна. Човек кој не е свесен за себе, и за кој е јасно дека нема да се разбуди е жив мртовец. Која е разликата меѓу него и оној во гроб?!
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
Освен тоа што диши и не се распаѓа не гледам кој дел од неговиот живот може да го поистоветиме со хомосапиенсот. Со човек де.
Пахаха, еве ти пример господине:
Значи пред 2 недели на една жена во една од нашиве болници и прават операција на жолчка, се поминува во најдобар ред само што докториве наши, ХИРУРЗИ, заборавиле да и дадат антикоагулантно средство како превенција и оп после два дена женава на кардиологија со преживен инфаркт се бори за живот, зошто некој тромб и стигнал до срцето.
Епа ако ова не е добар пример, тогаш незнам.
Докториве си експериментираат со пациентите, и недај боже некој да дојде до клиника, само ги префрлаат од една на друг, дур дотичниот не испушти душа. Е така си е кај нас.
Среќа што пациентиве се уште неуки, и не владее закон па доктор може да биде кој сака. И докторски и судиски и инспекторски и така натаму деца.
Така да, ова не е за кај нас.
п.с. Земзела, тоа ми е поентата. Кога ќе има совесни доктори, ќе може да постои и ова, а не неуки кои секоја состојба ќе ја прогласат како неизлечива. Ќе умираат пациенти само за да не се трошат лекови, кои можат да се земат за по дома.