Еутаназијата е кај нас забранета, оти се коси со Уставот, кој вели дека правото на живот е неприкосновено. Но, сепак, Кривичниот закон на еутаназијата гледа како на привилегиран вид на убиство поради тоа што „убиството од милосрдие„ го казнува поблаго од обичното убиство.
За или против? Повеке се тоа филозофски размислувања за моралната страна на ова „убиство„. Ако некој човек се мачи од болест, во тешки болки, дали да му го одземеш животот и му ги скратиш маките или не? Кој сме ние да одлучуваме за животот и смртта? Искрено, јас немам свое мислење за еутаназијата. Медалот има две страни, па и во овој случај. Од една страна, му се скратуваат маките на еутаназираниот, а од друга страна ако веке се дозволи, тогаш би можело да има и злоупотреби на еутаназијата. Не би можело да се регулира на начин, самиот човек да потпише согласност, оти не е редок случајот во тие моменти да не биде свесен за своите постапки. Ако роднините би биле тие кои ке одлучат за животот и смртта, би можеле да се одлучат на таков чекор од материјални или други причини за наследството од еутаназираниот. Вака се работите сосем добри, ми се чини.
П.С. А да не зборуваме за обемните правни процедури кои ке треба да се извршат за евентуално легализирање на еутаназијата.