„Еутаназија” - ЗА или ПРОТИВ

Еутаназија. За или против?

  • За

    Гласови: 31 43,7%
  • Против

    Гласови: 31 43,7%
  • Сеедно

    Гласови: 9 12,7%

  • Вкупно гласачи
    71
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Generalno zavisi od slucaj do slucaj no vo nekoj krajni slucaevi mislam deka bi trebalo da bide dozvoleno..i a prethodno odobreno od strana na familijata :toe:
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Јас сум за, ако имам мозочен капацитет на краставица, попрво би сакал еден куршум во срцето(чисто за драма малце), отколку да бидам финансиска црна дупка и ништо повеќе од терет на моите дома.

А за сите тие што стојат виското на на својот морален коњ, и кој велат дека убивањето не е оправдано во никој случај се во заблуда. Каде е моралот во оставање то на луге без надеж а живеат во константна болка, без никаков придонес во општеството, каде што самите себеси се гледаат како терет на другите, истото важи за за оние во вегетативна состојба. Поморално и етички би било да им се скратат маките.

Прикаските за играње господ се детски и немаат никаков аргумент против.
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26

Супер е се, во право си, ама како можеш да бидеш сигурен дека нема надеж? Не е работата дали ти би сакал да ти бидат скратени маките, него дали би се осудил ти да ги скратиш некому маките (и јас не би сакала да вегетирам, тука нема што, да можам да си кажам во таков момент, би си кажала). Нема да те копка мислата дека можеби имало малку надеж?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Тука е проблемот, повеќето се вадат на таа надеж отколку да ги земат работите објективно. Емоциите во такви случаи се на виското ниво, затоа треба да се даде шанса на било какво подобрување, но ако по извесен период нема никаква промена, тогаш вадиш кабелот од штекерот(ово зборам за вегетативна состојба) А за они е кои се свесни за своите акции, и немаат никаков лек, тогаш повеќето би одбрале да ги убијат отколку да се влечкаат без никаква животна суштина. Секако тука се сите хард кор религиозни фрикови, кои би го поминале животот во болка, и се тешат со тоа дека господ има план за сите бла бла бла(ака хард кор кукавици).

Нај едноставен пример е кога поради некоја причина(сообраќајка да речеме) мозокот во одреден период не добивал доволно кислород и останал трајно оштетен. Значи ли тоа дека треба телото да остане на машини?
 
А зошто ова има надеж го сфаќаш како нешто религиозно (иако не знам што има лошо во тоа ама ај)? Не мора да значи ако речам има надеж дека мислам на верба и такви работи.
Значи, мозокот на овој во сообраќајката му останува трајно оштетен. Тоа значи ќе остане со некој инвалидитет или ќе биде врзан за машини. Од кај знаеш ти дека за две години нема да се дојде до некоја нова метода со која ќе го живнеш човекот и ќе успееш да го "вратиш во живот". Не викам дека сум против еутаназија, него прашањето ми е: нема ли да се чувствуваш крив во тој момент, ти, кој си ја донел одлуката да го исклучиш од машините? Не те убедувам да бидеш за или против (ни јас не можам да се одлучам) само сакам да кажам дека не можеш толку едноставно да се одлучиш, многу покомплицирано е, ти со таа одлука треба цел живот да живееш.
 
O

Out Boy

Гостин
Про темава сум.
Евтаназијата се прави по БАРАЊЕ на пациентот, или доколку тој е во вегатитвна состојба, без изгледи за било какво подобрување на неговата состојба.

Пример 1: болен од канцер во некој од последните стадиуми, на кој хемотерапијата малку му помогнала и кој од ден на ден има се поголеми и неиздржливи болки, и покрај средствата што ги прима.

Пациентот, по негово барање, поднесено до конзилиум од најмалку ТРОЈЦА лекари специјалисти, кои дијагностицираат дека состојбата само ќе се влошува, дава СОГЛАСНОСТ за вбризгување на смртоносна инјекција.

Аргумент 1: Тројцата доктори констатирале недвосмислено дека состојбата не може да се подобри со досега познатите медицински третмани.

Аргумент 2: Пациентот чувствува огромни телесни болки.

Аргумент 3: Состојбата на пациентот не може да се подобри.

Аргумент 4: Пациентот сака да умре, бидејќи болките му се огромни, а медицината не може да му помогне.

Аргумент 5: Секој човек е сопственик на сопствениот живот, и само тој може да одлучи кога ќе го прекине.

Пример 2: Пациент кој доживеал тешка сообраќајна несреќа и кој е парализиран со целото тело, од вратот надолу! ’Рбетниот мозок му е прекинат и е утврдено дека нема никакви изгледи да придвижува некој дел од телото. Го хранат други, ако воопшто може да голта. Целосно зависи од туѓата грижа. Има примери каде таквите случаи се во клиничка смрт со години, без изгледи за било какво подобрување.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Не знам што да мислам за еутаназијата, не ни гласав.

Има страшни примери со повреди и болести кои стварно не заслужуваат такво измачување. И тоа зборам за засегнатите лично.

Инаку јас не би се сложила со еутаназијата од проста причина што може да биде злоупотребена. Пример, тешко болен човек е многу лесно да го дотепаш психички и да посака да не се ни родил онака искрено. Мислам... истото можеш на здрав да му го направиш, камоли на болен.

А има луѓе изроди. Нема ни да чекаат некој да се разбуди од кома. Нема ни да трепнат, може само да го плачат 9 дена. Инаку сведоци сме што се прават луѓето за да ги задржат своите најблиски.. така да да кажам дека ЈАС сум за еутаназија ми е многу језиво некако.... А има начини за крај без некој да носи на душа друг човек...
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Тажно.
Не би сакала да дојдам во оваа ситуација.

Баш сега пред некој ден,ми кажуваа како човек за кој нема лек,со огромни болки и во последен стадиум од рак,одлучил да не страда повеќе и така знаел и потврдено било дека нема спас и дека му остануваат уште неколку дена...

Го собрал семејството во болница,отвориле шампањско,наздравиле и се така најубаво...и после се збогувал со сите и рекол-сега јас ке одам да спијам...инекција и се завршило.

И да,ова е точно и се случи во Холандија,баш пред некој ден:cry:

Дали сум за или против,нема да се изјаснам.
Пред се тоа зависи од многу работи,кои јас не би сакала да ги доживеам.
 
outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Не читнав баш во останатите страни на темава, но мислам дека не е спомнато за клиниката Dignitas. Тоа е доста контроверзна клиника во Швајцарија која во последно време развива така наречен „суицид туризам“ бидејќи се поголем број англичани се решаваат на користење на услугите на оваа клиника. тоа е токму поради фактот што законот во Англија не дозволува еутанизирање поради, како што е наведено во нивниот закон - „селфиш мотивс“, додека Швајцарија има појасно дефинирање на истиот закон со што се дава простор за опстанување на една ваква клиника, која сепак поради суицид туризмот, во последно време е на удар на властите.

Јас лично, сум ЗА еутанизирање по своја волја, но само доколку личноста е доволно возрасна и разумно свесна дека самата е одговорна за своите дејства и последиците. Еве ви еден пдф документ од Dignitas, па кој е љубопитен околу мојот став и ставот на клиникава, нека прочита.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Да, затоа што не можам да гледам како некој се мачи..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom