Што читате во моментов? (со краток коментар)

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
James Potter and the Vault of Destinies од G. Norman Lippert

Ова воедно е и третиот дел од серијалот. Првиот и вториот ги прочитав во еден здив (посебно вториот) и можам да кажам дека првите три поглавја ветуваат многу. Четвртиот дел би требало да излезе оваа година (пролетта, како што пишува на официјалниот веб-сајт), па сакам да го прочитам и третиот дел пред да излезе најновиот. Инаку, станува збор за неофицијално продолжение на „Хари Потер“ серијалот, а приказната се врти околу неговиот најстар син, Џејмс Сириус Потер, а секоја книга опфаќа по една училишна година (исто како во „Хари Потер“). Иако не се напишани од Роулинг, книгите ја задржуваат оригиналната атмосфера и онаа „магија во воздухот“ која ја имаат „Хари Потер“ книгите и топло им ги препорачувам на сите „Хари Потер“ фанови :)
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
„Пармскиот картузијански манастир“ - Стендал

После извонредната „Црвено и црно“ се решив да прочитам уште некоја книга од овој Француски автор. Несомнено доста квалитетна книга, но сепак не би ја оценил толку високо како претходната (која ми остави ептен добар впечаток). Како прво да напоменам дека дејството не е сместено во никаков манастир. Опфатен е подолг временски период: од издигањето на Наполеон, реставрацијата, враќањето на Наполеон и 100-те денови, втората реставрација на монархијата; или животниот пат на херојот Фабрис дел Донго проследен со сите згоди, незгоди, сплетки и авантури. Политика, војна, дворски интриги, љубов... се тоа напишано со прекрасниот стил на Стендал кој и овој пат повеќе тежи кон реализмот.

Долги описи на размислувањата на ликовите, на нивните гледишта на проблемите, кроењето на плановите и согледувајќи ги работите. Паралелен опис на гледиштата на затегнатите ликови по даден проблем, играње со текот на настаните, навраќајќи се понекогаш малку наназад за да ни се опише што друго се случувало за време на претходно опишаните настани, или пак прескокнување на одреден временски интервал. Дали ќе ни се опишува борбеното поле во Ватерло (овој дел од книгата најмногу ми се допадна, преку реализмот на Стендал, кој и самиот бил дел од армијата, хаотичноста на војната е доловена перфектно), замокот во Парма, Кнежевската палата, некое село или пак затворот, мечтите на ликовите или очајувањата - се тоа е полн погодок и прекрасно пренесено.
 

Voice of Jericho

Twisted Firestarter
Член од
13 септември 2008
Мислења
301
Поени од реакции
137
Двојник - Фјодор М. Достоевски
Феноменален роман за раздвоената личност. Одличен опис на еден човек од толпата кој си ја гледа работата пред себе, но наеднаш се наоѓа во еден необичен туѓ свет во кој некој друг ја игра неговата улога. Тој додека се прашува дали сите околу него се маѓепсани од некаква натприродна сила, која наводно манипулира со остатокот од светот, неговиот двојник му ја зема работата, станот, пријателите, т.е. се што поседува нашиот јунак Голјаткин.
Достоевски. Самото име алудира на психолошки реализам, така што ако сте расположени за доста длабоко разглабање на човековата психа, ова би било книгата. :)
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
„Горчливи легенди“ - Славко Јаневски, 1962

„Умеете ли да читате митови од камен?“

Славко Јаневски има доста интересен стил. Од неодамна почнав да ги читам неговите дела, и тоа хронолошки, и би рекол дека вреди времето што му го посветувам на неговиот пишан збор. Иако „Горчливи легенди“ е далеку послабо од се она што имам прочитано од него досега, сепак и овде може да се прочита нешто интересно. Патописна проза, со испреплетени факти и фикција, древни митови, прераскажани легенди, бродски авантури, искуствата на авторот и неговите видувања за земјите низ кои патува и за кои ни зборува итн. Од Египет, Сомалија, Индија, преку Бурма и Сингапур, па се до Јапонија. За секоја земја, различна приказна - различна легенда.
 

Absu Lamja Shinbyeong

Priestess of Prometheus
Член од
5 јануари 2013
Мислења
35
Поени од реакции
30
Salman Rushdie - Firentinskata volsebnicka-roman vo stilot na magiski realizam za vecnata tema-kolku imaginacijata moze da mu bide povazna na umetnikot od realnosta.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.020
Ќе напишам 2. Иако ќе излажам, едната ја завршив скоро. Првата книга или таа што ја завршив скоро е Чекајќи ги Варварите од Џон М. Куци. Во морето од книжевни референци што книгата ги нуди, најважна е таа која води до истоимената песна на Константин Кавафи, грчко - египетски поет што живеел и творел во втората половина на 19ти век и првата половина на 20ти. Но, се провлекуваат и помалку алузивни референци на Кафка, Дино Буцати ( особено со Татарска пустина ). Како и во песната, така и во книгата, се цели кон тоа дека цивилизираниот човек има потреба од антипод за да својата цивилизираност искочи на виделина. Целата книга го обработува дуалитетот варварин / цивилизиран човек. Преку грозоморни описи ја преиспитува позицијата на цивилизираниот човек. Ова е критика за колонизацијата, за немањето желба да се разбере непознатиот, за луѓето на маргините. Може многу да се зборува за оваа книга до утре сабајле. Што од книжевно теориски аспект, што од темите што ги нуди. Полагам наредна среда на неа, па ќе ја прочитам уште еднаш.

Втората книга што ја читам моментално се расказите од Антун Густав Матош - Уморни раскази. Како што можам да прочитам за неговиот живот и дело, тој е виновникот под наводници за навлегување на модернизмот во соседна Хрватска. Кога и ги опишував на другарка и кажав дека тоа се песни во проза. Не се, но нивната лиричност ме одвеа, ме занесе. Се вели дека естетските височини се главна одлика на неговите раскази и песни, се согласувам. Можеби на фабуларен план не се толку силни ( што горе - долу, генерално е една од миниодликите на модернизмот ), но со прекрасните пејзажи не` тера да ги препрочитуваме расказите и по секое повторно препрочитување да не дирне исто толку силно. Би ги препорачал на секој оној кој што сака да патува во мрачно - слатките предели на смртта, за од таму повторно да се врати во каква - таква реалност.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Хенри Џејмс - „Свртување на завртката“


Приказна раскажана на Бадникова ноќ, во стара куќа покрај огнот. Пријателот на нараторот тврди дека приказната што ќе ја раскаже е особено занимлива, приказна за гувернантата која потоа е пренесена од нејзина перспектива и нејзино доживување. Го читаме ракописот кој самата таа го напишала многу години претходно. Нарацијата во прво лице ја води гувернантата која добива задача да оди во една стара куќа и да се грижи за две дечиња чии родители се починати. Восхитена е од нивната убавина уште кога ќе ги запознае. Подоцна тврди дека гледа духови и дека се обидува да ги заштити децата од тој ужас. Но не и верувајте, ни најмалку не верувајте на нејзините зборови. Убавината во делата на Џејмс е токму тоа што тој создава недоверливи ликови - наратори, така што многу поважен е начинот на којшто ни раскажуваат од тоа што го раскажуваат. Многу поважно е КАКО таа раскажува од она ШТО го раскажува. Всушност се работи за болна психа, себична, желна за внимание и малодушна личност, не и дозволувајте да ве заведе со „маките и ужасот што го преживува“. Најстрашното од сè е што таа навистина страда, по сто пати го менува своето мислење за луѓето околу неа, се обидува да се прикаже како жртва, а всушност е егоист од најголеми размери.

Насловот „Свртување на завртката“ исто така нуди некаква симболика, дека нарацијата и сфаќањето на истата е како завртка која читателот може да ја сврти како што самиот сака, бидејќи не постои точно одгатнување, нашето толкување може да биде најразлично. Духовите можеби навистина постојат, можеби и не. Одлучете сами.

Според книгава постојат повеќе филмски адаптации, најпопуларен е филмот The Others, кој носи сосема поинаква приказна, односно не е верен на книгата, но е одлично остварување.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.130
Падот на Константинопол - Стивен Рансиман. Историографска книга за опсадата и падот на овој велелепен град, како и ставањето крај на некогаш непобедливата Византијска империја од страна на турците. Одлична книга, опишува за политичките случувања релација исток запад (православни - католици), како и лабавите сојузи кои се главна причина поради која турците доаѓаат дури до Виена.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.643
A walk to remember. Сестра ми ми ја препорача, имало и филм по неа. Љубовна приказна, за најнормално момче од богато семејство, кое сосема неочекувано се вљубува во ќерката на отецот од локалната црква. Дејството се случува, по моја претпоставка, во средината на 20 век во Америка.
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Хенри Џејмс - „Свртување на завртката“



Приказна раскажана на Бадникова ноќ, во стара куќа покрај огнот. Пријателот на нараторот тврди дека приказната што ќе ја раскаже е особено занимлива, приказна за гувернантата која потоа е пренесена од нејзина перспектива и нејзино доживување. Го читаме ракописот кој самата таа го напишала многу години претходно. Нарацијата во прво лице ја води гувернантата која добива задача да оди во една стара куќа и да се грижи за две дечиња чии родители се починати. Восхитена е од нивната убавина уште кога ќе ги запознае. Подоцна тврди дека гледа духови и дека се обидува да ги заштити децата од тој ужас. Но не и верувајте, ни најмалку не верувајте на нејзините зборови. Убавината во делата на Џејмс е токму тоа што тој создава недоверливи ликови - наратори, така што многу поважен е начинот на којшто ни раскажуваат од тоа што го раскажуваат. Многу поважно е КАКО таа раскажува од она ШТО го раскажува. Всушност се работи за болна психа, себична, желна за внимание и малодушна личност, не и дозволувајте да ве заведе со „маките и ужасот што го преживува“. Најстрашното од сè е што таа навистина страда, по сто пати го менува своето мислење за луѓето околу неа, се обидува да се прикаже како жртва, а всушност е егоист од најголеми размери.

Насловот „Свртување на завртката“ исто така нуди некаква симболика, дека нарацијата и сфаќањето на истата е како завртка која читателот може да ја сврти како што самиот сака, бидејќи не постои точно одгатнување, нашето толкување може да биде најразлично. Духовите можеби навистина постојат, можеби и не. Одлучете сами.

Според книгава постојат повеќе филмски адаптации, најпопуларен е филмот The Others, кој носи сосема поинаква приказна, односно не е верен на книгата, но е одлично остварување.
Ја читав пред 3-4 години. Одлична книга! :D
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.020
Ја симнав во електронска верзија на англиски, само бидејќи спомна дека е слична на The Others. :icon_mrgr: Од утре ја почнувам. (y)
Не е слична, The Others е направена според книгата на Хенри Џејмс, но послободно е искористена, односно не се држи до првичниот текст.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ја симнав во електронска верзија на англиски, само бидејќи спомна дека е слична на The Others. :icon_mrgr: Од утре ја почнувам. (y)
И мене тоа ме спопали ама не можев да ја најдам. Леле ај или кажи ми од кај ја најде или прати ми ја. Фала.
 
Член од
27 март 2013
Мислења
12
Поени од реакции
6
Девојката што си играше со оган - Стиг Ларсон.
Предобра е, како и другите два дела.:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Одамна не сум напишал овде
http://en.wikipedia.org/wiki/Faceless_Killers
Faceless killers од шведскиот писател Хенинг Манкел. Швеѓаните ми се се поинтересни. Штета од скандинавјето нема многу книги во македонските библиотеки. Класичен трилер со истрага за навистина грозоморно убиство (во чија истрага се вплеткува и проблемот со расизмот), лесна за читање без многу имиња и тешки умствени јазли глава да боли.
Но скоро до крај неизвесна кој што и како ги...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom