Што читате во моментов? (со краток коментар)

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Од денес почнувам со редовно читање на книги .. Ја земав Вештина на Војувањето од Сун Цу :)
Се е супер, само тежок избор за почеток, али ајде терај со среќа ...
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
50
Поени од реакции
40
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Dazai Osamu - No Longer Human

Кратка јапонска новела која наликува на автобиографија. Комплетно ја сецира силната мизантропија кај главниот лик инспириран од сопствениот вистински живот.
 
L

Luki Junior

Гостин
Inside Delta Force by Eric Haney

Нешто сам у расположен за читајне книшки за Специјалните Сили по Свето. Читах малку за Спецназ, сега малко читам за Делтите, како са создадени, како са тренирале, и зашо са едни од најдобрите. Интересна перспектива на внатрешен човек. Јазико е малко специфичен, ама доста интересен и разновиден за човек со средно школо и војник пржен на сите воени жаришта низ свето.
 
R

redhead

Гостин
Неподносливата леснотија на постоњето - Милан Кундера

Неподносливо прекрасна.
Стилот на Кундера е назаменлив и единствен.
Би можела цел живот да ја препрочитувам книгава.
Низ животите на четирите лика, Кундера успева толку реално да ја прикаже Прага во 1968 год, и состојбата на интелектуалците во тоа време.
 

Decorum

Винстон Смит
Член од
12 февруари 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Kingkiller Chronicles (трилогија од која третата книга уште не е издадена) од Patrick Rothfuss. Најдобра фантазија што ја имам читано по LOTR и A Song of Ice and Fire. Љубителите на овој жанр мора да ја прочитаат дека е многу повеќе од денешната просечна фантазија. Инаку книгата тешко дека ја има по книжари, библиотеки, но лесно може да се најде во pdf форма некаде на интернетов.
 

AniMagus

ペルソナ
Член од
20 октомври 2012
Мислења
1.161
Поени од реакции
4.293
Спутник љубов - Харуки Мураками

Роман со детективска и мошне интересна раскажана приказна на модерниот свет, поточно приказна за еден љубовен триаголник. Спутник љубов може да се чита и како длабоко размислување за човечкиот копнеж воопшто.

Цитат што ми остави најголем впечаток: "Човекот во својот живот еднаш мора да излезе во дивината и да ја искуси здравата, дури и здодевна самотија. Така ќе открие дека зависи исклучиво од себе, па ќе ги запознае своите вистински и скриени способности."
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
The Perks of Being a Wallflower од Stephen Chbosky

Го гледав филмот (едно 5 пати) и едноставно морав да ја прочитам книгата. Книгата е поделена на четири делови, а моментално сум на третиот дел. До овој момент, можам да кажам дека филмот е доста верен на книгата, со неколку мали исклучоци кои не се многу важни за поентата на приказната. Книгата е напишана во епистоларна форма и случувањата ги гледаме преку очите на Чарли. Нема многу директни дијалози и поголем дел од приказната дознаваме индиректно, меѓутоа тоа не ја прави книгата неинтересна за читање туку напротив - едноставно не можете да ја оставите. За жал, морав да ја оставам затоа што денеска имам два испити на факултет, па морав на нив да се посветам, ама кога ќе се вратам дома не ја оставам на масата додека не ја докрајчам :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.881
Поени од реакции
6.942
Калуѓерот што го продаде своето ферари :)
Она што се кажува во книгата, како насоки за здрав, правилен живот, се многу слични, да не речам исти, со оние кажани во документарната The Secret. Кој ја има гледано, знае што зборувам (y)
 
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886
Пророштвото на Романови - Стив Бери

Интересно, напнато, возбудливо.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
55
Поени од реакции
44
The Ringing Cedars Series. Збирка од 9 книги, од која десетата не е сеуште со англиски превод, но доста интерсни. Оригиналот е на руски. Ги има некој читано?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ернесто Сабато - Тунел

Станува збор за еден тежок и мрачен роман кој ја опишува љубовната опсесивност на сликарот Хуан Пабло Кастел кон Марија Ирибарне, која ја сретнува на една од неговите изложби. Книгата започнува со неговото признавање дека ја убил Марија, а романот оди во насока на опис на врската со неа и мотивите кои довеле да дојде до таков расплет.

Тунел претставува една метафора за изолацијата и осаменоста на сликарот кој во својот живот го прати една тешка депресија, песимизам и разочараност кон целото човештвото.

Иако оваа книга делува мала и лесно читлива, сепак си носи голема психичка тежина. Самите постапки на Хуан Пабло Кастел ќе ве доведат до ситуација да се прашувате, па добро дали е овој нормален, зарем и во реалниов живот има вакви луѓе.
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Само што ја прочитав Опасно блиску од Линвуд Баркли
Доста интересна книга со испреплетени случки,убиства и неизвесна до самиот крај,морам да признаам неочекуван крај...
Сега ќе почнам да ја читам Ми припаѓаш мене од Карен Роуз:)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Ернесто Сабато - Тунел

Станува збор за еден тежок и мрачен роман кој ја опишува љубовната опсесивност на сликарот Хуан Пабло Кастел кон Марија Ирибарне, која ја сретнува на една од неговите изложби. Книгата започнува со неговото признавање дека ја убил Марија, а романот оди во насока на опис на врската со неа и мотивите кои довеле да дојде до таков расплет.

Тунел претставува една метафора за изолацијата и осаменоста на сликарот кој во својот живот го прати една тешка депресија, песимизам и разочараност кон целото човештвото.

Иако оваа книга делува мала и лесно читлива, сепак си носи голема психичка тежина. Самите постапки на Хуан Пабло Кастел ќе ве доведат до ситуација да се прашувате, па добро дали е овој нормален, зарем и во реалниов живот има вакви луѓе.
Книгава ми е прочитана пред неполн месец и морам да кажам дека е една од најличносфатените книги досега прочитани. Или само фрагменти од неа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom