Кафка, Процес
Тешко да се најде една интерпретација за тексто. Дури и наивно е да се става интерпретацијата у една рамка (самио текст е ногу извртен да може да следе некаква логична патека). Мал проблем е и самата недовршеност, и се губе смислата за целина. Груб текст, испунен со ногу правни и големи зборове, шо пробуват да ја доловат целата приказна од правно филозофски аспект. Прво пробах да ја читам у оригинал на германски, ама покажа се оти е преголем залак за мојо ‘рѓосан германски. После се префрлих на еден одличен превод на англиски. У меѓувреме разбрах оти Кафка е тежок за превод. Претерано тежок за превод. Чех, адвокат, филозоф, германски, извртен и тежок стил си е убиствена комбинација за преведувачите. Дури самото име на книгата е тешко да се преведе. “Der Prozess“ станува симбол на целата акција шо го вшмукува Јозеф К. у правните и бирократски лавиринти, испреплетено со неговите сексуални средби со повеќето жени, личната борба за умствена супериорност (шо постепено го оттуѓува од свето и од самио себе), интелигентните интриги со другите ликове од книгата, средбите со адвокатите, подготовката на документите за у судо, сликаро, црквата, прикаската од свештенико, и на крај егзекуцијата.
Јас колку шо сам разбрал успеах да дефинирам некакви насоки/погледи од кој може да се анализира самата книга:
(Да се разбереме, не сам некаков литературен критичар, ни по професија, ни па сакал сам да бидам... оваа шо го пишам нема никаква реална вредност, оти јас не знам како и шо проживеал Кафка и шо го е натерало да го напише. Ама... Јас си знам низ шо сам поминал, и сам развијал некакво гледиште за нештата шо се случуват околу мене, и си правам споредба со напишаните нешта у книгата)
-Биографски
-Критика на општеството (Тешката бирократија)
-Религиозни (Евреите и вината)
-Психоанализа (внатрешните процеси и борба на главнио лик)
-Политичка/Социолошка критика за недостаток на индивидуална граѓански слобода
Две нешта шо нонстоп ми се вртеа у главата додека ја читаах беа:
-Писателите користат лажи и фарси да ја презентират вистината, додека политичарите/властодршците користат лажи и фарси да ја скријат.
-Кафка ги е опишал сите ликове како самите си презентират идеализирана и важна верзија од самите себе – суета. (Дали е резултат на самото време шо живејат, ама дури и денеска тава нешто си е останало само у видоизменена форма)
Така и Кафка, со комплициран и стилизиран текст, поддржан со релативно големо искуство од правнио систем на Австро-Унгарија ја разобличува тешката бирократија шо владее у тај момент у таа стара империја. Навидум бирократски глупости, со некакви непознати закони спроведувани од сиромашни чиновници у затуцани канцеларии, решават за животната слобода на еден добро ситуиран човек од средната класа на империјата. Кој се е судрувал со проблеми со судове, полиции, истраги, законодавци, законоследачи, царинарници, полицајци у неговио живот у денешна Македонија, до болка ќе са му познати сите трикове, оправданија, изговори, расправии, дискусии, со официјалните лица шо са ставени да му служат на народо (Приказната за законо и стражаро). За да се покаже “ефективноста“ на целио систем, Кафка на тапет ги става ситните полицајци шо сакат да му продадат облеката на Јозеф К. Демонстративно, за да го стресне Јозеф оти сепак системо макар ирационален, функционира. Од друга страна, сатирично еден обичен сликар (шо не му е и работата да разбира од судскио систем) најубаво ја разобличува суетната багра, и реално на тацна му ги кажува опциите на Јозеф К. Сликаро ти е нешто како модерен ПР агент (или портпарол на институција), човек шо ги оправа сите недостатоци на судиите преку портретите шо се закачуват по различните канцеларии на адвокатите. Искреноста на самио сликар е освежувачка у целата темна атмосфера на книгата, оти дава реална идеја how to work the system. А тава и тогај, и денеска е ного важно. Да знаеш да го работеш системо. Истата идеја му ја презентира и адвокато, само од правна гледна точка. За спремајне на документи, за лижејне задници на судиите, за почит кон службениците на судо, оти они са тија шо одлучуват за судбината на Јозеф К.
Религиозната дага (според мене) е секојпат за вечната вина испреплетена низ приказната. Сепак Кафка имал еврејско потекло, и нели евреите са го направиле најголемио грех. Осудиле са го сино Божји на смрт. И таа вина ќе си ја носат за навек. Евреите си имат репутација за банкари, и Јозеф К. по професија банкар. Бизнисмено Руди Блок (Block, Bloch) исто има еврејско име, и е обвинен исто како Јозеф К. Оваа целата идеја за еврејската вина мош и да си ја презамислувам...
Внатрешните процеси плус личната слобода, е тука ми е доста интересно. Јозеф си е млад човек, добро ситуиран, стабилна работа, паметен, способен да размислува у моменто, судрува се со процесо. Овај процес праве хаос у неговата глава. Пробува да се надмудрува, да биде фер, да подава рака, да си ја докажува личната супериорност над другите човеци. Добива испомешани чувства, коментари. Фамилијата стандард се замешува да го врне у браздата. Јозеф е незаинтересиран, и преферира да ја опне Лени, отколку да се секира за некакви законско/бирократски проблеми. Ама поленка си паѓа на брашното, и целио процес го обзема. Процесо му станува основната животна приказна, душевно го прогонува, не го остава да живее, да спие, да работе. Процесо у овај случај може да се протолкува општеството како постепено го обзема еден човек, оттуѓува го од другите човеци и од самио себе, фрла му некакви баналности шо ќе му одзимат 100% од времето и енергијата. На крај, останува еден истрошен човек, кој и така или ништо не проживеал додека се обидувал да си ги објасне делата и активностите на општеството. Додека се обидувал да објасне оти е нормален човек со нормални потреби, желби и страх. Така постепено процесо станува како мајмун на плеќите на Јозеф К., мајмун шо нонстоп пробува да му требе вошките, и да му бута се од раците. И на крај тај процес, тај мајмун успева да го доврше како куче...
пс. Јозеф К. страшно ебачиште. Прво си има редовна курва у една меана. После сака да ја опне г-ца Бјустнер, па жената на чистачо на судо, па Лени, слугинката на адвокатката, малите моми на мардавено кај сликаро... Овие нешта не ги беех забележал у читајнето на претходните 2 пати. Ама тогај ја читах на македонски и беех помал.
У меѓувреме прочитах ја и A Clockwork Orange како друга крајност на Процес, ама ќе пишам у друга прилика, шо и как сам разбрал од неа....
А сега ја читам The Shining од Стивен Кинг (Заљубих се у неговите после Carrie, Cujo, Thinner, Rita Hayworth and the Shawshank Redemption, Duma Key) ... Е уплашен сам од неа.... Уплашен.... Ќе требе Киндло у фрижидеро да го турам како Џои.