Што читате во моментов? (со краток коментар)

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.198
Годината минува, денот никогаш - Жарко Лаушевиќ

Автобиографија во која кажува за убиството што го извршил и скапувањето по затвори. Има интересни цитати, до пола книга сум, ама има пак и некои приказни на кои се сеќава, во бившата сфрј и за некои познати актери и уметници од тој период што мене воопшто не ми се блиски, а со тоа и помалку интересни, ама убаво е што низ страниците се осеќа неговата душа, иако раскажува на обичен стил (сепак не е писател) знае да те допре со по некоја реченица.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Среќен е тој што умее да сака - Херман Хесе

До сега имам прочита 3 книги на Хесе, неизбежната Демиан, Сидарта и SteppenWolf.
Нема многу да коментирам за книгава освен тоа дека сум изненаден од нивото на папучарлук што успеа да го извади. Во ред е се тоа. Максимално поетски и со трагичен шмек опишување на љубовта низ ситуации што ги има само во такви несигурни кругови.

Без разлика...се уште делува брилијантно.
 
Член од
19 декември 2012
Мислења
9
Поени од реакции
15
Григориј Палама - Тријадите (во одбрана на светите исихасти)

Исихастите се всушност пустински монаси кои тврдат дека Бог може да се спознае не само со умот , туку i преку телото, т.е. да се спознае на сетилен начин. Тоа во суштина е учењето за обоготворувањето.
Е сега, Палама (и некои други византиски монаси) тврди дека има разлика помеѓу божјата суштина и божјите енергии. Божјата суштина е неспознатлива, додека енергиите се спознааваат и преку нив човекот општи со Бог .
Всушност книгата е расправа, во која Палама ги побива ставовите на калабрискиот монах Варлаам (кој тврди дека Бог се спознава само со разумот).
Исто така Палама пишува и за дисциплината на дишење (која условно може да се спореди со медитацијата)
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
Раскази од другиот џеб - Карел Чапек. Издание на Темплум, овогодинешно. Во неговите раскази се проткајува хумор, хуманистички пораки ( по што веројатно е најпознат ). Напишани се во форма на детективски приказни, но нивната суштина е подлабока од тој тривијален жанр. Преку детективскиот начин на нарација ( значи, едноставен говор, решавање на некоја загатка ) Чапек допира сериозни теми, по малку и филозовски но, на некој наивен и пријатен начин дава критика за човекот. Сосем природни, лесни се расказиве за читање но остава некое горко чувство по секој прочитан расказ. Крајно препорачливо!
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации - Зоран Миновски: Книга која изобилува со филозофии, на која треба многу размислување да сфатите која е поентата на авторот. Секоја речаница е неразбирлива сама за себе, но во склоп со уште други две, таа го губи и тоа значење што го едвај го има.
Не, најозбилно, колоквиумска ми е, го полагам овој глуп предмет, па да си ги кажам маките.

Пред колоквиумската ја прочитав „Затоа што те љубам“ (едвај ме натераа, не сум по тие патетични романчиња, помина тоа време), ама пријатно се изненадив колку ми требаше таква книга, да си го пуштам мозокот на пасење. За сите што сакаат да си ги проветреат мислите, обавезно да си ја прочитаат, и плус тие што сакаат изненадувања, бидејќи крајот воопшто не е предвидлив.

Сликата на Доријан Греј - Да можев ќе ги извадев сите цитати од книгава.
Прочитај ја на англиски (ако си ја читал на македонски). Јас ја прочитав цела, требаше да го разработувам хедонизмот во неа, преубава (!) книга. Ако треба јас да ја цитирам, јас цела би ја препишал тука, не би знаел што попрво да извадам како цитат.
 
L

Luki Junior

Гостин
Димитар Талев - Железниот Светилник. Прв од поредицата романи шо мора да се прочитат од него.

Неколку нешта:
Домаќински живот у чаршијата у 19 век у Западна Македонија. Фанариоти, турци, и други крвопијци. Книгата е да плачеш, да се смееш, да се гордееш, да се чудеш, па да плачеш, па да се мислеш,на крајо да видеш каква чиста душа е имал вај народ. И как овија крвопијците са пробувале да го прее*ат на сите можни начини. Невреројатна книга.
Ех да имаше невести како Султана. :icon_mrgr:
 
L

Luki Junior

Гостин
Димитар Талев - Преспанските Камбани. Втод од Преспанската Тетралогија.
Фанариотите са победени. Наред са Турците да си одат. Почнуват неславните зулуми по рајата за време на Абдул Хамид. Зачетоци на организиранио отпор. Интересно. :)

Ех да имаше невести како Нија. :icon_mrgr:
 
Член од
19 ноември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
317
Никос Казанѕакис - „Алексис Зорбас“
Верувам дека на повеќето овде им е познат филмот „Zorba the greek“ и позната сцената со сиртаки на плажата.... Преку едноставните зборови на Алексис Зорбас дознаваме всушност за погледите на авторот во врска со различни прашања, а паралелно се опишува и дел од животот на локалното население на Крит ( обичаи, верувања и слично). Сега за сега прави ќеф, интересно во секој случај. :)
 
L

Luki Junior

Гостин
Никос Казанѕакис - „Алексис Зорбас“
Верувам дека на повеќето овде им е познат филмот „Zorba the greek“ и позната сцената со сиртаки на плажата.... Преку едноставните зборови на Алексис Зорбас дознаваме всушност за погледите на авторот во врска со различни прашања, а паралелно се опишува и дел од животот на локалното население на Крит ( обичаи, верувања и слично). Сега за сега прави ќеф, интересно во секој случај. :)
Книгата е одлична. Филмо неам го гледано, ама книгата ме ного ареса.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Кралицата на Југот (ме чека да ја дочитам) Артуро Перез - Реверте
Интересно "книгиче" случувања во Јужна Америка па се селат на северо-западниот дел на Африка и Југо-западниот дел на Европа, приказна околу дрогата итн итн итн.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Григориј Палама - Тријадите (во одбрана на светите исихасти)

Исихастите се всушност пустински монаси кои тврдат дека Бог може да се спознае не само со умот , туку i преку телото, т.е. да се спознае на сетилен начин. Тоа во суштина е учењето за обоготворувањето.
Е сега, Палама (и некои други византиски монаси) тврди дека има разлика помеѓу божјата суштина и божјите енергии. Божјата суштина е неспознатлива, додека енергиите се спознааваат и преку нив човекот општи со Бог .
Всушност книгата е расправа, во која Палама ги побива ставовите на калабрискиот монах Варлаам (кој тврди дека Бог се спознава само со разумот).
Исто така Палама пишува и за дисциплината на дишење (која условно може да се спореди со медитацијата)

Дишењето кај Палама и кај Светите Отци е само метод за добивање на дарот на непрестајната молитва ;)

Ти ја препорачувам и томосот во одбрана на светите тихуватели (исихасти :)
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
Ќе ја пишев и во темата за книги што ги препорачувам, иако сеуште ја читам. Се работи за книгата на Давид Албахари - Лудвиг. Сакам да навлезам малку повеќе во околните книжевности читајќи ги : Борислав Пекиќ, Милорад Павиќ, Владислав Бајац, Данило Киш, Светислав Басара и некои други што ми делуваат привлечно, планирам периодов од прозни дела да се сконцентрирам на нив. Тука нема врска некоја си југоносталгија, затоа што не сум воопшто јуносталгичар, туку помалку сакам да ги разоткријам книжевните бисери и од поблиските краишта, што некако ми фалело досега.

Албахари си има посебен стил на пишување во романите ( судејќи од претходниот роман што го имам прочитано од него ,, Гец и Маер ", но имам читано и критики за останатите романи негови па може до некаде да се заклучи дека му е установен стил ), романот e пишуван по таканаречената техника тек на свеста, користена многу од зачетниците на модернизмот Пруст, Џојс, Вулф. Не постојат поглавја во книгата, не постојат параграфи, туку е се напишано без поделби, што за некои читатели би можело да претставува проблем.

Приказната се работи за двајца писатели од Белград ( прочитав дека се шпекулирало дека се Милорад Павиќ и Раша Ливада, но иако книгата над книгите за која се зборува во делото често алудира на Хазарскиот речник по описите, не можам да тврдам ништо ), за нивниот меѓусебен однос на жртва и ловец, крадец. Несигурност, недоверба, нелагодност. Дава слика и за културниот и општествен живот за Белград, прилично црна и малограѓанска. Ја препорачувам, секако.

Давид Албахари е од Србија, роден е после втората светска војна во 1948 година, од еврејско семејство и од 1994 година живее во Канада, но делата како што знам, сеуште ги пишува на српски. Имаше минатата година промоција каде што и тој присуствувал и жалам што не отидов.
 
L

Luki Junior

Гостин
Димитар Талев - Илинден

Поробена Македонија од клети Турци. Денешните Пријатели. Крвопијци, фундаменталисти, злобници... И како силата на народо од секогаш, па и денеска си е у селата. Селата шо еден систем ги растури. Расипа ги... Срамота. Народо тогај имал сила, чест и почит. И имало искрени човеци со љубоф да го поведат по правио пат. Денеска нема такво нешто. Нема.
 
L

Luki Junior

Гостин
F. Scott Fitzgerald - The Curious Case Of Benjamin Button

Интересена кратка приказна. Интересен спој на годините и вкусовите. Како мине времето, макар и обратно вкусовите и желбите на еден човек се истенчуват, променуват, метаморфозират со самата возраст.
Најжалното од целата приказна е шо човеко цело време морал да се преправа на нешто шо не е, заради социјалнио статус на неговата фамилија. И за крај, возраста игра голема улога у дефиницијата на самио идентитет на човеко. Нешто шо притаено се заборава и испушта дури у денешнио модерен контекст. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom