Што читате во моментов? (со краток коментар)

L

Luki Junior

Гостин
A Clockwork Orange
3 дела, 21 глава. Толку години требе на човек да стане возрасен, да се свесте. Алекс е 15 годишен насилнилик, со неверојатен вкус за музика. Бах, Бетовен и останатите го возвишуват и инспирират да биде насилен. На него не му требе оправдание да тепа, силува, ограбува, дрогира, да биде малигнен тумор на едно футуристичко опшество.

Прв дел: Алекс и Компанија
Ќутек на научниците, и учените човеци шо седат по цел ден у библиотеки, канцеларии, лаборатории... Оти са станале безрбетни абдали одделени од реалнио живот, и си живеат у балоно на науката. Подмитувајне на пензионерите, опивајне и мачкајне очи. Искористувајне на човечката добрина и лојалност. Фризираното млекце праа ногу добар впечаток, и дава посебен шмек на целата приказна. Млеко плус. Воведувајнето на наслово на самата книга у приказната е Плус... И сето тава е проследено со насилен клец клец. Абе да го замразеш тава 15 годишно копиле. А силувајнето и дрогирајнето на 10годишните момички е болно, болно за читајне. Ама, сите нешта шо са почнале, ќе и дојде крајо. Така си загазува Алекс, забиват му го одзади, без вазелин (метафорички и физички), додека пробуват да ограбат една старица со мачки.

Втор дел: Затвор и Лудовико техниката.
Алекс како роден манипулатор, манипулира ги нештата и у затворо. Религиозен е, пушта музика на литургиите, и ја чита библијата само заради насилните делови од неа.. А свештенико се надева дека Алекс има искрено покајание и утеха од Библијата... Манипулира го системо, утепува оште еден човек у затворо, и си ја заслужува терапијата со Лудовико техниката. Свештенико е против целата гимнастика, со предупредувајне оти Алекс нема да биде човек после неа, а општествено прифатлива машина без право на избор. Терапијата е експлицитно опишана од инекцијата, па се до графичките филмове шо е приморан да ги гледа додека е закован на стол. У исто време у позадина одат неговите омилени композиции. И така поред, Алекс добива аверзија кон секакво насилство, или девијантно однесувајне. И на крај како здрав го испишуват од затвор. Власта е супер задоволна од таква машина (која власт не би била).

Трет дел: Алекс без Компанија

Мајка му и татко му си наваѓат ново дете. Алекс е испуцан како партал, и оде у библиотеката за да се самоубие. Там го среќава истио научник шо го претепа у првио дел. Па му се собират, и го исперкуват малку. Вика полиција, ама полицајците са негов стар другар и стар ривал од криминалните денови. Они го претепуват кажи речи до смрт и го остават да умре како куче. Прибира го истио пистаел шо у првио дел, алекс му ја силува жената. И така го распитува и научува оти Алекс е фамознио резултат на Лудовико терапијата. Пробуват да го искористуват за политички цели, како симбол на бруталноста на режимо оти му одземала правото на избор, и слободна волја. Арно ама и он самио се свестува оти Алекс ја средил жена му. Накрај заклучуват го у станче, тормозат го со класична музика, и Алекс у транс рипа низ џамо да се самоубие. Не умира, само губе го резултато на терапијата и се враќа старио Алекс пред Лудовико.
Последната глава Алекс си е старио Алекс, има нова дружина, ама полека полека му здосадува да биде насилник. Израснува, среќава се со стар другар шо се женил и си средил живото. Посакува го истото, да се среде, да се смире. Исто и он мисле оти неговото синче некој ден ќе си биде деликвент исто како него.

Човек без избор престанува да биде човек. Да, силува, тепа, крвожеден ѕвер е. Праве го по сопствен избор. Не по избор на државнио апарат, или власта. Не за џабе са вметнани руските зборове, како влијание од исток... Оти они са комунистичката мечка, шо служе да ги плаше западните деца за мешајнето на власта у личнио избор..
Најного ме ареса свештенико у целата книга, иако е нон стоп пијан. Иначе е релативно тешко разбирлива особено со миксо на англиски и руски. Има толковник на крајо де...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.431
Да си го ископирам мислењето оти ме мрзи да прераскажувам одново.
City of thieves - David Benioff.
Нацистичка опсада врз Ленинград. Тоа значи дека нема никаков дотур на храна, се јаде се` што е преостанато, вклучувајќи гулаби, мачки, кучиња. Една вечер по падот на еден германски пилот, група млади се обидува да го ограби (да не речам соголи) земајќи ја целата негова сопственост. По таа операција ГАЗ (претходници на КГБ) ги пронаоѓаат и гонењето започнува. Да напоменам за секоја кражба следувало стрелање - затворите се преполни со заробеници, а храната е само мисловна именка. Го фаќаат него и го стрпуваат во апсаана. Поради милостивиот шеф на полиција, му даваат задача на типов во некаков временски рок да набави дузина јајца. Во спротивно...

Сеуште сум на почетоко но по тоа дека ми е препорачан од луѓе кои знаат што сакам, како и интересниот и помалку чудниот хумор, се надевам дека ова ветува интересен роман, полн со авантура.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Ова е последен пат да читам книга која на сите страни ја фалат. Само што го завршив првиот дел на 50 нијанси сива. Очекував трилер, содржина која те држи во неизвесност, нешто што ќе те обземе, а добив dirty верзија на Даниел Стил :tapp:
Дури и како еротски роман не проаѓа - премногу е графички, пластично и просто опишано. Врти како сакаш ( со камшици, окови и црвена боја) пак си останува фактот дека он бил згоден и богат, а она млада и наивна - типично љубовно романче.
А кога ќе ми текне дека Ден Симонс го оставив заради книгава...:place:
 
L

Luki Junior

Гостин
Ова е последен пат да читам книга која на сите страни ја фалат. Само што го завршив првиот дел на 50 нијанси сива. Очекував трилер, содржина која те држи во неизвесност, нешто што ќе те обземе, а добив dirty верзија на Даниел Стил :tapp:
Дури и како еротски роман не проаѓа - премногу е графички, пластично и просто опишано. Врти како сакаш ( со камшици, окови и црвена боја) пак си останува фактот дека он бил згоден и богат, а она млада и наивна - типично љубовно романче.
А кога ќе ми текне дека Ден Симонс го оставив заради книгава...:place:
Јас сакаах да ја читам, ама прочитах неколку рецензии, и се откажах. Нешто како фалени јагоди, празни кошници ми изгледаше, и не сам бил грешка.

Американскио скандализам, хистерија, страх за неиспуштајне на нешто од живото, нервират ме ужасно, а најжалното е шо постепено стануват дел од нашето секојдневие.
За жал, повеќето медии, и други произведувачи на вести и содржини, почнуват да го бутат напред секојдневнио консумеризам со краткотрајна дневно-политичка меморија.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.431
Ова е последен пат да читам книга која на сите страни ја фалат. Само што го завршив првиот дел на 50 нијанси сива. Очекував трилер, содржина која те држи во неизвесност, нешто што ќе те обземе, а добив dirty верзија на Даниел Стил :tapp:
Дури и како еротски роман не проаѓа - премногу е графички, пластично и просто опишано. Врти како сакаш ( со камшици, окови и црвена боја) пак си останува фактот дека он бил згоден и богат, а она млада и наивна - типично љубовно романче.
А кога ќе ми текне дека Ден Симонс го оставив заради книгава...:place:
Не знам што те чуди кога 90% од читалачката публика која воедно и ја фали книгава се девојчиња од 14 - 20 година. А и фактот дека 90 одсто од сегашнава книга што е излезена за ептен широка публика е... за широка публика. Или у превод: Нештото за да биде прифатено од голем дел од масата, претрпува промени. Исто како кока кола и боза. Ела кажи им на странците да пробаат боза.
 
Член од
3 септември 2012
Мислења
127
Поени од реакции
117
Дневникот на писателот- Фјодор М. Достоевски
Зачудувачки е колку кореспондира со современието. Се добива впечаток дека вредностите завртиле цел круг на преиспитување и менување и повторно се појавуват истите прашања.
Не знам зошто, но и понатаму имам аверзија кон популарната литература. Се откажувам уште по првите неколку страници или кога ќе ја прочитам задната корица. Ако сака некој нека предложи некое квалитетно ново издание
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.565
Поени од реакции
22.270
Пред малце ја завршив книгата Prosperity without Growth: Economics for a Finite Planet од Тим Џексон.

Авторот ја дускитира можноста дали светот може да опстане во просперитет без економски раст. Моментално економскиот раст е „свет“ индикатор за просперитетот на едно општество но не опфаќа вистинската слика дали луѓето навистина се среќни и живеат во просперитет. Исто така моменталните економски системи базираат на штетен раст, ја ништат природата, се користат природни богатства како нафта кој за некоје време ќе ги снема и со тоа станува јасно, дека сегашниов раст со сегашниве конвеционелни методи некој ден нема да биде можен, поради крајноста на многу ресурси. Затоа Џексон предлага драстични промени на економските политика, подолготрајна и визионреска политика да се заштити планетава и да се фокусира еден „зелен“ економски раст кој нема да биде штетен за природата и планетата. Покрај економските промени и општествата ќе треба да се сменат, да се намали конзумизмот и штетниот материализам и луѓето во едно општество да не се дефинираат повеќе преку материални работи како сега, туку поред својот придонес во општеството.
Книгата е поделена на 2 дела. Првите 150 страни се опишуваат проблемите кој ги имаме сега и идните проблеми ако продолжиме како досега. Во вториот дел авторот дава некој идеи како да се сменат сегашните процеси. Се на се добра книга иако вториот дел можеби останува малце општ но целта на авторот беше, како што пишува, да почне јавна дебата и тоа со оваа книга и го постигна.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Ја завршив книгата, 400 страни прелетаа како ништо. Брзо и динамично дејство, влегување од заплет во заплет, интриги, измами, закани и убиства. Голем број на вмешани страни, сите водени од своите интереси. Една голема лага, прелеана во огромна економска измама за стекнување општествено-политичка моќ. Приказната зависнички хипнотизира и ве влече кон уште. Единствено книгата добива минус на крајот, монотон и во најмала рака превидлив финиш на едно возбудливо и напнато патешествие.

Улстер Скарлет е наследник со немирен темперамент кој на база на лага стекнува огромно реноме во Првата СВ. Но лагата му е прочитана од еден германец, кој решава да му го поштеди животот во замена за спас од фронтот и понатамошна соработка. По стекувањето на исценираната слава и враќањето во САД, Улстер врши кражба на огромен капитал во посед на неговото богато семејство и го префрла во Европа. Таму настапува со својот нов идентет и се приклучува на Националната социјалистичка партија на Хитлер, која во него гледа голем финансиски моќник кој може да им помогне во остварувањето на своите идеали.


Дел од коментарите на корицата ..
- Типична барокна измислица во која има повеќе заплети отколку во кое било пакетче переци ... Потфат за сечие уживање. (Сандеј Тајмс)
- Олимписки стил, максимална шпионажа ... Добри вести за безбројните обожаватели на Ладлам. (Дејли Експрес)
- Огромна по обем, проткаена со многу неизвесност. (Сандеј Телеграф)
Само ова од овој автор си го прочитал? Прашувам бидејќи и јас сум љубител на неговите книги па можам да ти препорачам уште нешто.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Само ова од овој автор си го прочитал? Прашувам бидејќи и јас сум љубител на неговите книги па можам да ти препорачам уште нешто.
Да. Книгата всушност ја земав по препорака кон авторот. Ако и другите дела му се у тој стил и вака динамични, слободно наведи ми неколку наслови.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Да. Книгата всушност ја земав по препорака кон авторот. Ако и другите дела му се у тој стил и вака динамични, слободно наведи ми неколку наслови.
Ти препорачувам хронолошки да ги прочиташ сите книги од серијалот Covert One.
Исто така да ја земеш Матарешки круг и Матарешка сплетка (најдобро дело според мене), Мозаикот на Парсифал 2та дела, Знакот близнаци... ќе ти се допаднат, сигурен сум!
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Моментално ја читам „Викендот на Остерман“ од Роберт Ладлам и да се надоврзам на муабетот погоре, сите книги од него се одлични. Мене оваа ми е една од последните, која ја немам прочитано. Останатите, која на македонски (главно поновите изданија), другите на српски ги читав од библиотека, каде ги имаше скоро сите изданија. Многу ми се допаѓа неговиов стил, иако понекогаш може да ме збуни со сите тие ликови и заплети. Една од поомилените книги ми е Сигма протокол, ја има на македонски, иако кај него баш и не може да се одвои која е добра, а која не.
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Педесет Нијанси - Сиво - Е.Л. Џејмс , да се допрочита па ке ја кометирам ! позз
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Триумфална капија - Ремарк. Случајно пред некое време во подрум најдов комплет од Ремарк на српскохрватски јазик, книги покриени со прашина кои мирисаа на години и некои минати времиња. Се мислев дали оваа или Тројцата воени другари да ја почнам, сепак се одлучив за оваа и не згрешив.

Равик е доктор емигрант во Париз каде работи во една клиника за минимални приходи. Човек без документи и пасош кој секојдневно се соочува со опасност од апсење и депортација, болката која ја носи од гестапо офицерот кој му го уништил животот. Ремарк ги создал едни од најдобрите дијалози помеѓу Равик и неговиот пријател Борис Морозов еден интересен човек, кој како да ги знае сите проблеми на човековата душа, но и дијалозите помеѓу Равик и глумицата Јоана Маду во една комплицирана врска која му носи екцеси. Делот каде е опишано убиството на нацистот кој случајно го сретнува и донесува одлука да му се одмазди така што ќе му го одземе животот, е опишан совршено.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Сликата на Доријан Греј - Да можев ќе ги извадев сите цитати од книгава, толку точни работи, а не напразни филозофии. Толку освестувачки текст, ретко човек да најде.

И уште си читам од собраните дела на Дојл за Шерлок Холмс. Генијално. Ако некогаш ви дојде при рака ова чудо од книга, обавезно да го прочитате.
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
1.Клучот на Соломон
„Во архивите на Ватикан постои бележник којшто упатува на шифрата според која може да се прочита евенгелието за кое се претпоставува дека е напишано од Исус.
Во потрагата по значењето на шифрата се вклучени членови на масоните, темпарите, розенкрројцерите, илуминатите, тајните служби на Израел, Велика Британија, САД... што доведува до напад на Ватикан и атентат на папата и до средба со трите деца на Исус и Марија Магдалина.“
Засега уште сум во заплетот, приказната е доста интересна, почнуваат да се склопуваат деловите од слагалката, мислам дека ќе биде просечно добра книга.
2. Stormrage
World of Warcraft - Stormrage е приказна за обземањето на целиот Aзерот од зелена, густа магла, која со себе носи кошмари во буквална смисла. Оние кои се затекнати од маглата паѓаат во сон, во кошмар, нивните души се преместуваат во The Emerald Dream, а душите на мртвите и живите заедно им се привидуваат како напаѓачи на оние кои сеуште не спијат. Телдрасил (второто дрво на животот) е болен, обземен од кошмарот исто така, а друидите се обидуваат да го излечат (или така барем мислат) под водство на Фандрал - ученик на Malfurion Stormrage кој е обземен од злото исто така. Да не ја раскажувам целата книга, како и сите (скоро сите) Warcraft книги, и оваа е доста интересна, ама сепак потребно е некое познавање на карактерите од светот на Warcraft за да биде појасно сватена. Исто потребно е и познавање на Англиски јазик, не е преведена на Македонски.

Овие 2 ги читам за сега, следна по план ми е Night of the Dragon, исто така Warcraft книга, па можеби Arthas, ако најдам време.

Читам и стручни книги во моментот, само насловите ќе ги спомнам дека не се за во оваа тема: Handbook of Water and Wastewater Treatment Plants and Operations и Modeling Tools for Environmental Engineers and Scientists.
Воглавно паднав на 40 книги оваа година challenge-от.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom