Само шо ја довршив Вечерва и засекогаш од Нора Робертс. Уф! Ја обожавам. Во еден здив ја прочитав. Ја купив денес и почнав и не можев да ја остам, морав да ја дочитам.
Љубов со мали букви од Франсеск Миралјес.
37 годишен професор по германистика е во постојан страв од ненадајна смрт и се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓу тоа еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на младиот мачор е почеток на промените во херматичкиот свет на главниот јунак....првиот мал чекор кон љубовта во мало.
Уживај во малите работи, можеби некогаш ќе се обѕрнеш и ќе сфатиш дека биле големи!!!
ја читам со задоволство !!
Искрено Ог Мандино ми е најнеомилен писател,мисли дека ја открил тајната на животот,подобро земи Пауло Коелјо кога веќе ти се допаѓа таков стил,ама во ред...твој живот,твој изборпредложете добар бестселер.
по можност книгата да биде за самопомош.
во стилот на ог мандино доколку го имате читано
Во моментов читам Достоевски....Браќа Карамазови...најдобар е
Искрено Ог Мандино ми е најнеомилен писател,мисли дека ја открил тајната на животот,подобро земи Пауло Коелјо кога веќе ти се допаѓа таков стил,ама во ред...твој живот,твој избор
Грешка- ТасевскиИнаку предходно ја прочитав „Шмизла“ - драма од Сашо Тодоровски - тинејџерска глупава книга! Без навреди, не ми се допаѓа стилот. Мислам дека оглупавев читајќи ја.