Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Па денес ја купив Крејг Расел-Крвав Орел за сега ми изгледа интересна :)
 
Више по трет пат ја започнувам The wedding од Nicholas Sparks. Не осеќам некоја тешка приказна иако е продолжеток од приказната која го има вивнато во познатите бестселетски води The notebook. По завршувањето ќе пишам рецензија за сите негови ( -2 ) книги на темата за него.
 
При крај сум со Ангели и демони од Ден Браун.Ама ја баталив и почнав да ја читам Мапа од Коски од Џејмс Ролинс...слично срање ми се!!Ама некогаш кога е досадно и те како се интересни,многу ми се помешуваат книгите!!:vozbud:
 
Само шо ја довршив Вечерва и засекогаш од Нора Робертс. Уф! Ја обожавам. Во еден здив ја прочитав. Ја купив денес и почнав и не можев да ја остам, морав да ја дочитам.

И јас ја сакамммммм.......Каде да си ја купам???
 
Љубов со мали букви од Франсеск Миралјес.

37 годишен професор по германистика е во постојан страв од ненадајна смрт и се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓу тоа еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на младиот мачор е почеток на промените во херматичкиот свет на главниот јунак....првиот мал чекор кон љубовта во мало.
Уживај во малите работи, можеби некогаш ќе се обѕрнеш и ќе сфатиш дека биле големи!!!

:) ја читам со задоволство !!
 
Хммм ова звучи доста ветувачки еве следна ќе биде што ќе ја прочитам, во моментот ја читам "Омилената игра" од Леонард Коен, вистински музичар а истовремено и писател, со еден збор уметник во вистинска смисла на зборот, книгата е прогласена за најдобар роман, во 20 век во Канада, но јас не сум нешто инпресиониран, авто биографија, раскажана, на сосема поинаков начин, напишана, од повеќе аспекти, и главно се раскажани работи, кои ни се случуваат или ни се случиле на сите нас, порано или подоцна.
 
„Дневник на лагите“ - М. Џ. Хајленд. Се збори за едно 11 годишно дете кое може да ги познае луѓето кога лажат - како детектор на лаги. Сака да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Но не е се така добро. Семејството му се распаѓа, ги губи малкуте пријатели ... и неговиот живот тој го гледа во неговиот талент. Со тоа тој сака да стане познат, па ќе видиме дали ќе биде :)
 
The USA and the Cold War, 1945-63 - Oliver Edwards. Одлична книга, при самиот крај сум, лесно напишана, односно разбирливо и дава навистина одличен преглед на самите односи помеѓу двете страни, посочува на предностите како и на неколкуте кардинални грешки на Америка во целата таа Студена војна, а последната глава која сега ќе почнам да ја читам опишува како Студената војна влијаела врз Соединетите Американски Држави.

И ми се допаѓа што не е романтичарски напишана, не е онака да го тупи за тоа како Русите се wоши луѓе, а Американците ангели. Баш напротив некако држи некој баланс, за разлика од другите книги каде што имам читано за оваа тематика. :)
 
Дневнои дозор - втор пат!
Сергеј лукјанненко. Втора книга од интересна четирилогија, руска, за битката меѓу доброто и злото, меѓу силите на светлината и мракот, но, испреплетено на мошне допадлив начин.
 
предложете добар бестселер.
по можност книгата да биде за самопомош.
во стилот на ог мандино доколку го имате читано
 
Во моментов читам Достоевски....Браќа Карамазови...најдобар е

предложете добар бестселер.
по можност книгата да биде за самопомош.
во стилот на ог мандино доколку го имате читано
Искрено Ог Мандино ми е најнеомилен писател,мисли дека ја открил тајната на животот,подобро земи Пауло Коелјо кога веќе ти се допаѓа таков стил,ама во ред...твој живот,твој избор
 
Во моментов читам Достоевски....Браќа Карамазови...најдобар е

Искрено Ог Мандино ми е најнеомилен писател,мисли дека ја открил тајната на животот,подобро земи Пауло Коелјо кога веќе ти се допаѓа таков стил,ама во ред...твој живот,твој избор

хмм ќе земам обавезно од КОелјо.
Инаку ми предложија книга од Робин Шарма за самопомош, КОЈ ЌЕ ПЛАЧЕ КОГА ЌЕ ТЕ НЕМА, книгата е закон.
 
Вчера ја почнав „Злостор и казна“ Достоевски. Онака ми текна, зошто се нервирам - сите ја зборат, а незнам за што се работи...
Инаку предходно ја прочитав „Шмизла“ - драма од Сашо Тодоровски - тинејџерска глупава книга! Без навреди, не ми се допаѓа стилот. Мислам дека оглупавев читајќи ја.
 
Инаку предходно ја прочитав „Шмизла“ - драма од Сашо Тодоровски - тинејџерска глупава книга! Без навреди, не ми се допаѓа стилот. Мислам дека оглупавев читајќи ја.
Грешка- Тасевски
"Шмизла" е едно брутално претставување на Скопје и луѓето кои што живеат во него. Воопшто не е глупава, туку реална.
Тоа се пет драми од кои "Шмизла" знам дека се изведуваше во Битола за во Скопје не знам, а "Интермецо", која што и најмногу ми се допадна, слушнав дека игра во Драмски.

"Бели ноќи"- Достоевски
Доста сентиментална приказна што завршува со неочекуван крај, цела книга е за љубовта и осаменоста. Викаат роман била, ама јас вчера ја прочитав за два часа па би рекла дека е расказ.
 
Један од оних живота - Џорџе Балашевич

Добра е книгата сега засега, али треба многу концетрација да ја читаш. Се запишал Џоле нашироко, за секоја ситница употребва компарација само како шо тој знај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom