Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум Константи Вилеман, сакам жени, сакам да танцувам и не сакам коњи, обожавам автомобили, сакам шкотски тврд и летни костуми од лесен тропикал, сакам автомобилски трки и подиумот што се врти во Адрија, сакам џез, сакам шампањ и морфиум, не сакам војска ниту униформи.

Одличен 5+ :D
 
Сакаш шкотски тврд, а? :D:D
 
Ивет - Ги де Мопасан

Лајт рид од 100тина страни во еден ден, претпоставувам вака се осеќаат тетките читајќи плиток чик лит. Одморено. :D Книга за млада девојка во времето на војводи и грофови, која дознава дека мајка и е популарна дама за забава и не знае како да се носи со тоа бидејќи животот од премногу отворени можности и се сведе на една опција и поради тоа сака да се убие. Прилично лесна и тривијална, дури разочарувачка бидејќи цела книга е описот што го прочитав пред да ја почнам. Оцена погоре добивa заради потенцијалот, можело на многу подолго да се развијат ликовите и моментот со достигање хај од хлороформ. По атмосфера и малку скриена меланхолија која можеби беше само моја проекција, многу ме потсеќаше на еден француски филм што го предложив во филмскиот клуб House of Tolerance

"If we don't burn, how will the night be lit?"

Книгава 3 од 5 но и тоа е премногу.
 
Расказите пробај му ги. Првите војничките се тро досадни, ама потоа се наоѓаат доста квалитетни, со некои твајлајт зоун моменти.
 
Беснило - Борислав Пекиќ

При крај сум со капиталецов од 700 и кусур страни, уште стотина ми останаа.

Одличен повеќеслоен трилер/хорор/фантазија роман на Пекиќ за екстремно вирулентна форма на беснило која се појавува на аеродромот Хитроу.

Романот содржи се, многу судбини споени, разделени, испреплентени како неколку паралелни приказни. Има мајсторски доловено човеково однесување во екстремни ситуации, политчки односи, меѓучовечки односи и што уште не.

Мајсторството на Пекиќ го гледам во тоа што во толку обемен роман не дозволува губење на курсот и со повеќе мини заплети и расплети низ целиот роман. Неговото одлично пишување ве става во состојба да не се чувствувате заморени или да ви здосади читањето и во секој момент да уживате во story line-от.

Го препорачувам како must read посебно за тие што сакаат трилери или општо добра книга.
 
Безбојниот Цукуру - Мураками.
У принцип од јапанска школа Ишигуро ми е на прво место во буквално сите писанија оти некако пишува повозрасно за разлика од Мураками кој малце пробува да биде претенциозен. У глобала не сум нашол кај него стварно лоши дела, до негде се сложувам дека е преценет, но не како Коељо што знае да биде. Се на се, не е лош и бар до сеа не сум начекал нешто лошо кај него.

Конкретно за книгава мислам дека е една од најдобрите негови. Од објективни причини затоа што мислата тука му е чиста и не се губи за да изглуми некој „јак интелектуалец“. Од субјективни причини - по автобиотрафско дело на релација читател одамна не сум наишол.
 
Dodatokot e najdobar :) , za knigata mislam ;)
Автоматски споено мислење:

После 120 прочитани страници можам да кажам дека целосно ги оправдува очекувањата и позитивните критики.

Прегледај го приврзокот 270829
Fenomenalna kniga , bravos. Najmnigy mi se dopagat razgovorite i diskusiite so kerka mu
 
The Gulag Archipelagо, Aleksandr Solzhenitsyn
image.jpg

"До 1966, осумдесет и шест илјади германски нацисти беа процесирани во Западна Германија. Зошто на Германија и е дозволено да ги казни своите злосторници, а на Русија не?“

„Мора јавно да биде осудена идејата дека некои луѓе имаат право да вршат тортура врз други. Кога ова не се прави, ние ја саботираме основата на правниот систем и истата им ја ускратуваме на идните генерации.“

„Смртната казна има свои успони и падови во Русија. Во Законикот на Цар Алексеј Романов, смртна казна била предвидена за 50 дела. Од 1976 до 1904, 486 осуденици биле егзекутирани. Само за две години, 1937 и 1938, стрелани се половина милион политички затвореници и дополнителни 480.000 ситни криминалци.“

„Маркс и Енгелс учат дека за воспоставување на целосна диктатура на пролетеријатот, старата буржоаска машинерија на принуда мора да се уништи и веднаш мора да се создаде нова на нејзино место: судови (1917), полиција, Црвената Армија (1918) и затворите.“

„Во декември 1917, Ленин ги предлага следниве казни: конфискација на целиот имот, затвор, праќање на воениот фронт и принудна работа. Идејата за Гулаг-Архипелагот, принудна работа, е воспоставена уште во првиот месец по Октомвриската револуција.“

„Германската Волга Република (1918-1941) беше советска социјалистичка република со големина на Албанија, креирана за двата милиона советски Германци. Сталин ја укинува веднаш по германската инвазија на Русија и ги праќа, со возови, во прогон, сите Волга Германци во Казакстан, Сибир и гулазите.“

„Според пресметките на професорот по статистика, Курганов, а во недостаток на официјални податоци, оваа внатрешна репресија, од Октомвриската Револуција до 1959, ја чинела Русија шеесет и шест милиони -66.000.000- човечки животи.“

На половина сум од книгата и многу од сцените опишани од авторот се крајно вознемирувачки. Југославија го имала Голи Оток, но Русија во целина била еден огромен архипелаг на гулази.
S4UhVDMOhCWh5ivesu_RwG-URKI1rcQSDQiJQrJ6E-sr46obJWSW9vH5qwHV8HxaPQoTmiQ3ytFe7vx4FTKsrzp2ymay8n-2xl9F80jxMrqMzwYtY6I

На почетокот на книгата се опишани ужасните техники на измачување и изнуда на признанија, понатака, начините на транспорт и стотиците илјадници кои умирале при транспорт, условите во лагерите, гладувањето, мрзнењето, секојдневната психичка тортура, полудувањето, обидите за самоубиства, транспортот во други гулази...

Книгата е објавена во 1977 и е заснована на сведочења од над 200 преживеани и на спомените на самиот Солжењицин, кој поминал 11 години по гулази и егзил.

Добро четиво за отрезнување на симпатизерите на левичарските идеологии.
 
Последно уредено:

Книгата е навистина добра кога станува збор за личното искуство во ГУЛАГ но апсурдно е да се цитира за било каква статистика.
 
Последно уредено:
Жити све, за да се отрезнеле....важи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom