Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Денес ја почнав „Вероника реши да умре“ од Коелјо.
Засега not very impressed. Онака, regular роман.
Да видиме како ќе го преживеам.
 
Збирка поезија од Жак Превер.

Не сум нешо љубител по поезиите, но брате овој ме седнува на теме, ама буквално така. Поет на секојдневието а сепак те тера да одиш од песна за песна. Едноставен но во исто време и комплексен сплет на стихови.
 
Само што завршив со Гол Човек - Игор Џамбазов , во еден здив ја прочитав и ептен ми се допадна
 
Храмовиот Клуч ја читам, многу досадна книга
 
Животинска фарма од Џорџ Орвел..
Што да кажам за човеков освен тоа дека е гение. Лесен, а сепак допира до сржта на општеството и неговата комплексна градба. Понатаму да не елаборирам, верувам многумина ја имаат читано.
 
Само што ја дочитав Пајакова мрежа од Агата Кристи
Мора да признам од се живо што имам прочитано од неа, ова е дефинитивно најслабото дело. Прво, го нема ниту Поаро ниту г-ца Марпл, што значи дека ликовите во делото го расветлуваат случајот. Второ, премногу е хаотично и исплеткано со фантазија и лаги до тој степен што кога се расветлува случајот остава впечаток на хаотично дело кое и нема некој добар расплет.
Ама сепак, и со вака послабо дело, Агата е три класи подобра од останатите.
 
Oh you do tell.. What about Artie? And Sherlie? and Watsie?:pos:
 
"Како да го излечите својот живот" - Лујза Л. Хеј (ми ја даде една другарка, психолошко книџе)
 
Пред недела дена си ја комплетирав трилогијата ''Mилениум" од Стиг Ларсон, насловите на книгите се:
-Девојката со тетоважа на змеј
-Девојката што си играше со оган
-Девојката што го урна осилото
Оние што читаат трилери и крими романи нема да се разочараат. На моменти писателов премногу навлегува во шведскиот монетарен систем и шведската корупција и е лесно препознатливо дека типот бил и новинар, но сето тоа спакувано со приказната дава доста добар производ според мене. Има многу заплети-расплети, многу испреплетени дејствиа.
Сега ја читам втората книга, па кога ќе ја дочитам и третата, можеби ќе можам да искоментирам нешто повеќе за сите три книги како целина. п.с. И слушнав дека има и филм според првата книга, се вика "The girl with the dragoon tattoo", но сепак додека не завршам со книгите не се нафаќам да го гледам.
 
Сексуална теорија (три расправи) - Фројд.
Одлична книга со доста добри дефиниции и објаснувања за скоро се’ поврзано со сексот.
 
Само што ја дочитав Пајакова мрежа од Агата Кристи
Мора да признам од се живо што имам прочитано од неа, ова е дефинитивно најслабото дело. Прво, го нема ниту Поаро ниту г-ца Марпл, што значи дека ликовите во делото го расветлуваат случајот. Второ, премногу е хаотично и исплеткано со фантазија и лаги до тој степен што кога се расветлува случајот остава впечаток на хаотично дело кое и нема некој добар расплет.
Ама сепак, и со вака послабо дело, Агата е три класи подобра од останатите.

Зашто бе, баш е добра Пајакова мрежа. Мене најслабо дело од Агата ми е Кај белиот коњ.
 
"Трето Око" - за животот на еден лама од Тибет. Интересна книга, не многу којзнае колку добра, со опис на Тибет, начинот на живот...до тука сум, па ќе видиме, ваљда ќе биде онака просечно убава :).
 
Во монетов ја читам ''A потоа...'' од Гијом Мисо и сум уште до на почетокот затоа што денес почнав да ја читам, а се работи за дете кое доживува клиничка смрт, а потоа како возрасен станува познат адвокат и еве сега веќе ќе почнат да се случуваат тие заплети...интересна книга.....бар од првиве странички, а се надевам и понатаму.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom