Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера започнав да ја читам Последниот чај од Винка Саздова, прочитав едно 50-60 страни, но некако досега се во круг ми се врте, нешто многу монотно очекував некоја подинамична приказна. Но ајде уште сум на почеток, кога ќе ја дочитам ќе кажам целосен впечаток.
 
Приказна за Мурасаки од Лајза Делби
Го прочитав. Непотребно долго, има многу детали опишувано, а битни ствари се во една реченица. Пример, има цел пасус за облеката на жените, и на крај на пасусот дека мажот умрел.
Иначе книгата го опишува животот на Мурасаки која напишала љубовен роман кој е многу значаен за јапонската култура, во време кога само мажите учеле да пишуваат.
Не ми остави некој впечаток, а сакам вакви книги кои го опишуваат животот во минатото во Индија/Јапонија/Кина. Али ете, од писателките Таласа Али и од Лајза Делби сум разочарана. Со Инду Сундаресан никој не може!
 
Божиќна мистерија - Јустејн Горбер
По прочитаните две негови „Девојката со портокали“ и „Светот на Софија“ како и под големи импресии на истите, ја започнав оваа. Сеуште на самиот пчеток, но не верувам дека ќе ме разочара. Еве накратко за што се работи (копирано од задната корица)
“Едно момче наоѓа избледено, рачно изработено божиќно календарче во една книжарница. Од него паѓа превиткан лист на кој е напишан првиот дел од необичната приказна за малото девојче што патува назад во времето на Витлеем и раѓањето на Христос. Во меѓувреме, испреллетената приказна за сегашноста излегува на виделина и момчето дознава за чудниот човек што го направил календарчето и за девојчето што ислезнало на Баник пред 40 години“
 
„Ако една зимска ноќ некој патник“ - Итало Калвино

Клучниот постмодернистички роман. Се состои од 10 започнувања на романи, никогаш недовршени преку кои авторот експериментира во најразлични стилови. Добар е како стилска вежба, ако сакате да научите како да пишувате. Вие како читатели сте ликови во романот и авторот си игра со вашата „судбина“. Интересно. :)
 
Без збогување- Линвуд Баркли
Предобaр трилер,преполн со напнатост возбуденост и радозналост што ќе се случи на крајот.
Едноставно те тера да ја прочиташ во два дена.
Чиста 10-ка за книгава, вреди да се прочита.
 
``Дупка во мозокот`` - Димко Тасевски - Дитас. Интересна ми е, стилот е ептен слободен онака, да не речам прост. Ги обожавам книгите на Дитас. Реални се.
 
Сидни Шелдон - Полноќни спомени, во план ми е се да исчитам од човеков, до сега не ми е здосадила книга од него. Оваа не е лоша вообичаено за Шелдон дури почнав да предвидувам а на 30 стр. сум... :icon_neut
 
Вчера ја почнав Зелената милја од Стивен Кинг. Не верувам дека некој воопшто не слушнал за неа, пошто е и екранизирана. И да не вие гледан филмот Кинг со описите прави да се чувствуваш како да си таму.

Малце потешко ми иде читањето зашто е на српски и ситен фонт, ама за книгава се трпи.
Пол е вработен во затворот во кој се извршува смртна казна и треба да се грижи последните желби на осудениците да бидат исполнети. Сите, освен онаа што тие највеќе ја сакаат. Еден ден во затворот доаѓа Џон Кофи, огромен црнец осуден за силување и убиство на две близначки, кој е се, освен убиец.

П.С. Знае некој кои дела на Кинг се преведени на македонски?
 
Swim with the sharks without being eaten alive by Harvey Mackey. Длабоко ја препорачувам за тие заинтересирани во економијата.
 
Во моментот ја читам ЗАТОА ШТО ТЕ ЉУБАМ - ГИЈАМ МИСО, интересен и добар трилер за читање.Според насловот ми звучеше како женска книга ама воопшто не е така :)
 
По препорака од POWER MKD, денес ја започнав Игра на Ангелот од Карлос Руиз Сафон. Сеуште на почетокот, но судејќи по претходните негови две, особено тоа што едната (Сенка на ветрот) ми е топ 5 прочитани, не се сомневам во неговиот избор на зборови.
 
Ја читам „Катедралата на морето“ не е лоша но некако необична ми е уште 150 страни ми останаа. Необична ми е што да се работеше за некој друг автор на овие дејства што се случија до сега друг автор ќе се задржеше многу повеќе отколку Илдефонсо Фалконес ... ма да ќе ја прочитам па после ќе напишам коментар да не се брзам :)
 
„Франкенштајн“ - Мери Шели

Готската приказна за чудовиштето кое предизвика многу ужаси и страдања верувам дека на сите ни е позната без разлика дали преку книгата, филмските или театарските реализации. Се одлучив да ја читам за да го насетам стилот на Шели и наидов на шпекулации околу нејзиното авторство за кое никој не е апсолутно сигурен. Како и да е, ова е одличен зачеток на готиката и приказна која вреди да се прочита. Има лесна нарација, повеќе наратори и повеќе аспекти. Ја препорачувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom