Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Гијом Мисо - Затоа што те љубам.

Мојата приказна со овој автор започна сосема случајно на плажа... Заборавив да си понесам некоја книга од Скопје, ама плажарскиот продавач мислил и на мене :) Си ја купив од него ,,Како бих без тебе,, - на српски, оти бев во Будва, и ја прочитав во еден здив. Не знаев дали има македонски изданија на неговите книги, мислам дека преводот на мојава прва е ,,Што би правел јас без тебе,,. Сега се израдував кога на саем си ја видов и ,,Затоа што те љубам,,.. Чувствувам, и оваа ќе отиде во еден здив :)
 
13-тиот Апостол од Хелерови. Не знам точно за што се работи пошто тукушто ја земав, но би било нешто слично као другите романи со мистерии врзани со црквата/религијата...само со други имиња и малку изменети настани. Кога ќе ја прочитам, ќе можам да кажам повеќе.
 
Денес земав две книги- "Сонцето повторно изгрева" од Хемингвеј, сакав одамна да го читам, и "Марина" третата книга од Зафон (новите 3 од него уште ги немале во библиотека) ваљда ќе бидат добри :).
 
Прирачник за анти антиалкохоличари од Игор Џамбазов
Приказна за тоа како типов се навлекол на уште еден порок, пропратен со ликови од неговиот живот.
Стилов на типот е да го разбере накедонскиот и само македонскиот граѓанин. Иако има што да раскаже, сепак оваа прича уште повеќе ме тера да се дистанцирам од светот на славата.
 
Само што ја завршив "Големата шаховска табла" од Збигњев Брзезински и одма продолжувам со "Протестантската етика и духот на капитализмот" од Макс Вебер. Ќе ме фати изгрејсонце вечерва, гледам јас :)
 
денес ја зедов Ѓаволот носи прада.. некако не ме привлекува надворешноста, ќе видиме..
 
Моќта на потсвеста-Џозеф Марфи
ептен добра книга со уште подобри примери кои ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот успех.
 
Читам две книги.

Првата е збирка текстови (колумни, статии) од Владо Мокров, објавени во „Република“ по осамостојувањето на Македонија. Книгата се вика „На новинарот не му е судено да молчи“. Бидејќи колумните се тематски разновидни, оставаат простор за неконтинуирано читање. Онака, на делчиња, исецкано. Сепак, стилот е тежок, а Мокров е познат по долгите реченици од една страница. Понекогаш има конфузна мисла...

Втората книга е „Загубениот симбол“ од Ден Браун. Стандардна мистерија, со симбологија, со дејство што се случува во Вашингтон. Повторно братства, симболи, мистриозни објекти и адреналин.
 
"Демијан" Херман Хесе ми се допаѓа стилот на авторот.

--- надополнето ---

"Трето Око" - за животот на еден лама од Тибет. Интересна книга, не многу којзнае колку добра, со опис на Тибет, начинот на живот...до тука сум, па ќе видиме, ваљда ќе биде онака просечно убава :).
Еј почнав да ја читам, арно се потсетив дека сум почнала од постов хахах да ја довршам.
 
"Демијан" Херман Хесе ми се допаѓа стилот на авторот.

--- надополнето ---


Еј почнав да ја читам, арно се потсетив дека сум почнала од постов хахах да ја довршам.
Ја не ја дочитав, досадна ми беше :) може ќе ти биде малце интересна, мене ич.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom