Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Игор Џамбазов - „Гол човек“

Игор сосема искрено зборува за глупостите што ги направил во животот и шансите што ги прокоцкал, отворено ги признава пијаните ноќи, ноќите поминати во казината. Свесен за слабиот карактер, раскажува за миговите кога попуштал пред пороците.

Стилот наликува на Буковски, фуснотите му се иновативни и креативни, особено во делови кога ги дообјаснува англиските фрази што ги употребил.
 
Сестрата на Зигмунд Фројд - Гоце Смилевски
Роман што ме натера да влезам во емоциите закопани од минатото, било да се добри или лоши.
 
Ијан Пирс - “Случај патоказ - патоказна ситуација“.

Книгава ме воодушевува. Обемна е, има доста податоци, се работи за еден случај раскажан од 4 луѓе и интересен е фактот, колку секое образложување може да има толку различности, што само покажува колку луѓето се субјективни кога раскажуваат одредена ситуација. Дејството е во Англија во 17ти век, открива многу интриги, суровоста на политиката во тоа време. Се случува убиство на професорот Гроув кој е откриен и за кој е набедена Сара Бланди која е многу сиромашна. Сите 4 луѓе ја раскажуваат својата приказна и своето видување на настанот по доста време од кога тоа се случило.

Уште малку ми остана, но книгата е одлична и ја препорачувам топло!
 
"Венецијанското предавство"-Стив Бери...Возбудлив и лесен мистеричен трилер,дополнет со некои историски аргументи,во кој главните ликови се опседнати,(некои директно некои индиректно) од славата и моќта која ја поседувал Александар Македонски,и вербата(наивноста) дека еден од нив може да го добие епитетот Александар Македонски на 21 век...
 
Пред некој ден ја прочитав "На прв поглед" од Николас Спаркс. Уште една прекрасна книга од овој автор.

Сега ја започнав "Добра земја" од Перл Бак. Книга за традицијата на кинескиот народ, за борбата на селското кинеско семесјство да дојде до земја.
 
Бележникот на Микеланџело од Пол Кристофер. Класичен трилер, убиства, полиција, меѓународна трговија. Дејството се врти околу една млада девојка, студент по историја на уметност и случајното вмешување во тајните на нелегална трговија со уметнички предмети и случувањата од крајот на втората св. војна. Во дејството несебично е вклучен и Ватикан. Не би можел да кажам нешто повеќе за препорака или оценка затоа што сеуште ја читам.
 
Евгениј Онегин - Пушкин
Ја имам читано одамна уште во средно, случајно налетав на неа па да се потсетам.
 
Ја прочитав `Љубовта за Ана` од Иле Милевски и таква никаква книга одамна не сум читал. Првите 30 страни ми беа баш она, кул, каде раскажува за студентскиот живот во Стив, ама колку само забегува натака. Книгата нема никаква уметничка вредност, ниту една вредна мисла, а пак ниту поента и поука! НЕ ја читајте.

Вечерва или утре ќе ја почнам `Чекај ме`, по препорака на Мила, конечно!


Вчера ми беше досадно дома, па се одлучив на дожот да прошетам до Матица, да видам што книги имаат. Има многу убав ибор, и не можев д си излем со едн книга, па си купив две :)
1. Чекај ме... - Пјеро Делји Антони
-Како би е чувствувале ако случајно во локалната антикварница најете книга што содржи сцена од најважниот ден во вашиот живот? Притоа никому не сте кажале за тоа, а писателот ви е сосем непознат.
Пријатна книга за читање.
 
Завчера ја завршив "Сенка на ветрот", еден ден пауза, денес ја почнав "Најголемиот трговец на светот". Од време на време сакам таква инспиративна психологија, ради прочистување. Се надевам дека нема да ме изневери.
 
Тунел- Ернесто Сабато

Се раскажува за драматичната историја на една љубов и на една смрт.
Она што толку плени во ова дело е спојот на формата и ритмот на еден “детективски” роман (поради истрагата и убиството), или може да се каже и “црн” роман (со сите тривијалности, како љубов, измама, убиство, недоверба) со длабока психолошка студија и филозофска медитација.
 
Вчера ја завршив „Светот на Софија“ со оргазмичен извик. Денес со нова - „Странецот“ од Албер Ками. Некад читана, сеа јово наново. Ми се свиѓа. За оттуѓувањето, многу сличен некогашен момент во животот.
 
Пеперутка - Сашо Тасевски
ми изгледа ок, а и имам слушнато само позитивни критики, па ќе видиме
 
Девојката со зелени очи - Мир Јам

Ај те молам напиши нешто повеќе за книгата, не сакам да те бришам.

И сите останати, читајте го првиот пост! Само наслови и автори без некаква кратка рецензија ќе бидат избришани без образложение.
 
Само што ја дочитав А потоа, од Гијом Мисо, писателот на книгата Затоа што те љубам. Оваа вторава брзо ја прочитав и интересен концепт ми имаше па ајде решив да читам уште нешто од него. И таман помислив дека човеков има потенцијал да создава добри трилер книги со некои надреални елементи се зезнав. Прочитав книга со повеќе страни отколку што треба, која има дупки, приказна која е развлечена, дијалози кои се тука да набилдаат страни, вклучувајќи и описи. Едно е сигурно, америте оваа книга ќе ја обожаваат, а некој режисер овде ќе си најде основа за филм. Приказнава е за т.н Гласници, кои се обични луѓе со способност да предвидат кој ќе умре наскоро, они не можат ништо да направат за нив, а улогата им е да им го олеснат преминот на другата страна.

Ова е книгиче за во метро или за во ЈСП додека одиш некаде. Книга што се чита толку бргу не може да содржи некоја посебна вредност. Дефинитивно новиве писатели играат на потрошена карта, во која ставаат еден трилер елемент и дијалози, а откако ќе ја прочиташ нема да ти текне д аја читаш пак, зашто штосот го знаеш, а не постои подлабока мисла заради која пак би и се вратиле на книгата.
Јас оваа книга ја препорачувам за тепање време. Не очекувајте премногу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom