Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.694
Поени од реакции
13.329
Само што ја дочитав А потоа, од Гијом Мисо, писателот на книгата Затоа што те љубам. Оваа вторава брзо ја прочитав и интересен концепт ми имаше па ајде решив да читам уште нешто од него. И таман помислив дека човеков има потенцијал да создава добри трилер книги со некои надреални елементи се зезнав. Прочитав книга со повеќе страни отколку што треба, која има дупки, приказна која е развлечена, дијалози кои се тука да набилдаат страни, вклучувајќи и описи. Едно е сигурно, америте оваа книга ќе ја обожаваат, а некој режисер овде ќе си најде основа за филм. Приказнава е за т.н Гласници, кои се обични луѓе со способност да предвидат кој ќе умре наскоро, они не можат ништо да направат за нив, а улогата им е да им го олеснат преминот на другата страна.

Ова е книгиче за во метро или за во ЈСП додека одиш некаде. Книга што се чита толку бргу не може да содржи некоја посебна вредност. Дефинитивно новиве писатели играат на потрошена карта, во која ставаат еден трилер елемент и дијалози, а откако ќе ја прочиташ нема да ти текне д аја читаш пак, зашто штосот го знаеш, а не постои подлабока мисла заради која пак би и се вратиле на книгата.
Јас оваа книга ја препорачувам за тепање време. Не очекувајте премногу.
Апсолутно секој со кој сум праел муабет околу делава на Гијом се има разочарано од романчево. И замисли, има филм со Џон малкович како Докторот.

Он топик
Доживљаји Шерлока Холмса - Сер Артур Конан Дојл. Кратки случаеви на омилениов детектив, понекоја ексцентирчна мисла. Го поштуем.
 
E

elena.

Гостин
Ај те молам напиши нешто повеќе за книгата, не сакам да те бришам.

И сите останати, читајте го првиот пост! Само наслови и автори без некаква кратка рецензија ќе бидат избришани без образложение.


Океј, не прочитав дека требало и кратка содржина, а видов дека некои пред мене пишувале само наслови. Sorry :/
Инаку книгата е збир од раскази, се раскажува за љубовниот живот на младите во периодот кога живеела авторката. Сеуште ја читам, а омилен расказ досега ми е „Девојката со зелени очи“, како и што се вика книгата. Ми се допаѓа затоа што интересно е да се види како живееле младите пред толку многу години и како размислувале, како и колку поинаков бил односот маж-жена, и колку жената била потчинета и зависна од мажот. На кингава би и дала 7/10, затоа што повеќе ми се допаѓаат романите од Мир Јам, всушност повеќе сакам романи воопшто, но добра е за пополнување слободно време/релаксирање.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Апсолутно секој со кој сум праел муабет околу делава на Гијом се има разочарано од романчево. И замисли, има филм со Џон малкович како Докторот.
Ај ем сајкик..:pos:
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Во 2009та во тираж ид само 300 примероци е издадена книгата НАЈГОЛЕМАТА ВИСТИНСКА ТАЈНА НА СВЕТОТ од Ниче Димовски.

Ова е така добар прирачник за себеспознавање и за големата тајна, македонец кој се врати од смртта во животот и на своите македнци има ја подари тајната за да знаат да живеат.

„... Може да му се помогне само на оној кој сака, но никогаш на оној кој несака...“

Одамна не сум прочитала нешто вака добро, ја препорачувам за секој и секоја возраст.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Во 2009та во тираж ид само 300 примероци е издадена книгата НАЈГОЛЕМАТА ВИСТИНСКА ТАЈНА НА СВЕТОТ од Ниче Димовски.

Ова е така добар прирачник за себеспознавање и за големата тајна, македонец кој се врати од смртта во животот и на своите македнци има ја подари тајната за да знаат да живеат.

„... Може да му се помогне само на оној кој сака, но никогаш на оној кој несака...“

Одамна не сум прочитала нешто вака добро, ја препорачувам за секој и секоја возраст.
Овој не беше човекот што беше автор на Македонска Молитва што ја даваа забеганине од МТВ во ударен термин? Ако е тој тогаш типов е стварно забеган, го гледав еднаш во емисија со Трн во Окото кога носеа Хунзи, може да излезе некоја добра фикција
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Само што ја дочитав А потоа, од Гијом Мисо, писателот на книгата Затоа што те љубам. Оваа вторава брзо ја прочитав и интересен концепт ми имаше па ајде решив да читам уште нешто од него. И таман помислив дека човеков има потенцијал да создава добри трилер книги со некои надреални елементи се зезнав. Прочитав книга со повеќе страни отколку што треба, која има дупки, приказна која е развлечена, дијалози кои се тука да набилдаат страни, вклучувајќи и описи. Едно е сигурно, америте оваа книга ќе ја обожаваат, а некој режисер овде ќе си најде основа за филм. Приказнава е за т.н Гласници, кои се обични луѓе со способност да предвидат кој ќе умре наскоро, они не можат ништо да направат за нив, а улогата им е да им го олеснат преминот на другата страна.

Ова е книгиче за во метро или за во ЈСП додека одиш некаде. Книга што се чита толку бргу не може да содржи некоја посебна вредност. Дефинитивно новиве писатели играат на потрошена карта, во која ставаат еден трилер елемент и дијалози, а откако ќе ја прочиташ нема да ти текне д аја читаш пак, зашто штосот го знаеш, а не постои подлабока мисла заради која пак би и се вратиле на книгата.
Јас оваа книга ја препорачувам за тепање време. Не очекувајте премногу.
Прочитај ја "Што би правел јас без тебе", многу е подобра од "А потоа". Али понедобра од "Затоа што те љубам". И ова не е само мое мислење туку сите така му ги рангираат книгите. "А потоа" е разочарување за сите, посебно откако ќе прочиташ ремек-дело како "Затоа што те љубам".

--- надополнето ---

Апсолутно секој со кој сум праел муабет околу делава на Гијом се има разочарано од романчево. И замисли, има филм со Џон малкович како Докторот.
Абе филмот има потенцијал да биде добар, ако дејството е побрзо. Во книгата ептен е затупено, комотно можеш 80% од средината да прескочиш. Иначе во филмов глуми и Кејт од Лост.
 

Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
Големата Вода - Ж. Чинго не ми е по ќеиф ама морам па одозгора наместо таа Пустина ни била за обработка најверојатно оваа ќе ја почнам, и си наоѓам време за Папата Јована, E оваа книга почнувам да ја обожувам.. заслужено тхе бест.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.058
точно во мигов ја читам " Книга за разбирањето - Ошо " прва книга од овој автор ама морам да признаам има доста интересни погледи околу религиите, како тие ни го перат мозокот, ни ја убиваат индивидуалноста и стануваме робови на личноста. Објаснува како би настанала утопија во светот. Објаснува за тоа како како сме потковани за земјата со наметнатите ставови, егото, и ја забораваме оригиналноста и нашиот вистински став. Објаснува за самосвеста и чистиот ум. Досега сум негде на половина (150 страна) . А има и доста интересни теми понатаму..
Добра книга за сите што читаат психолошки, философски, духовни, инспиративни книги. И добро парче книга за тие што сакаат да го надополнат и "просветлат" духовно односно психолошки својата индивидуа.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Овој не беше човекот што беше автор на Македонска Молитва што ја даваа забеганине од МТВ во ударен термин? Ако е тој тогаш типов е стварно забеган, го гледав еднаш во емисија со Трн во Окото кога носеа Хунзи, може да излезе некоја добра фикција
Да тој е, и добар е. Ни најмалку луд- како што го нарекуваат, можеби малку пред светот. Прави спој на сите времиња, или поточно безвременска, безрезервна адаптација на постоењето.
Иако до неодамна ми се допаѓаше Ошо, во псlедото што го читкав од него вели дека вербата ни ја уништува интелегеnцијата. И ме дистанцира од поддршката и сликата која ја имав за него. По нашки- си ја расипа петката. Книгата се вика книга за разбирањето.

Кога се чувствува човек како номад и сака да живее според интуицијата, од овие чкрабаници малку допира. Надминато е. :)
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714
"Александриска врска" - Стив Бери. Добар трилер. Фикција базирана на по некој факт. Не е нешто вау али ме релаксира.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Истовремено помалку од
Шинглеровата Листа - Томас Кенели
и Пајаковата Мрежа - Агата Кристи
.. од првата црпам знаење и информации, а со вторрата се одмарам.. Фантастични книги личат досега
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.401
Поени од реакции
5.953
„Океан море“ - Алесандро Барико

За прв пат се среќавам со таков стил и одговорно тврдам дека нешто полирично, попоетски и попрекрасно немам прочитано во животот. Првите 10 страници ги читав повеќе од еден час и на секоја реченица се навраќав по минимум 10 пати, секогаш наоѓајќи нешто попрекрасно од претходното, одново и одново. Не знам дали друга книга ми понудила поголемо естетско уживање. Роман во кој ќе ја прочитате најубавата „поезија“ и најубавите описи, чувства и доживувања што воопшто може да постојат. Барико има една пријатна опсесија со морето, во него го гледа лекот за сите наши страдања. Барико ќе ве одведе таму за да ги почувствувате своите стапала врз песокот, својата безначајност пред совршената убавина. А перфекција е само водата, водата и морето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Мапа од Коски од Џејмс Ролинс
http://www.sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=910:мапа-од-коски-џејмс-ролинс&Itemid=107
Дејството започнува да се развива со ликвидација на присутните на миса во германска катедрала и кражба на коските на...Интересен трилер во чиј развој учествуваат Ватикан, масоните, магите...изобилство на историја, религија...дури споменат е и гробот на Александар Велики. Факти или фикција не знам, сеуште сум на почеток
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
По неколку денови конечно го дочитав „Гол Човек“ на легендата Игор Џамбазов. Некои му се восхитуваат заради авторот не заради содржината, други не им се допаѓа токму заради авторот. Некои го фалат, некои се трудат да го омаловажат. Книгата не е нешто кое ќе речеш дека е нај нај ремек дело, но е добра. Поголема тежина му дава тоа што кај нас е неверојатно некој да си напише биографија, а камо ли една таква личност како Игор кој не знам дали од сите уметности му остана уште со сликање и стрип да се бави. Како што имам кажано книгата ќе ја сместам во категорија со книгите на Буковски. Стилот е сличен, да не речам ист. Се разбира дека Чарлс е далеку за Игор. Но сметам дека онаа желба на Игор на почеток на книгата за тоа кај да ја ставиш оваа книга, а сметам и дека заслужува место во библиотеките. Неправда е книгава да се омаловажува, а истовремено слични биографски дела да имаат светска слава или па било кои други турбофолк дела да бидат преценети и премногу ескпонирани. Истиов муабет го имаме веќе дискутирано на форумов затоа и не би развлекувал нешто повеќе
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Фукоовото нишало - Умберто Еко
Еко е навистина предизвик, 900 страни квалитетна литература базирана на многу факти. Подолго време ја читам книгата, иако треба да се чита континуирано, затоа што барем јас брзо ги заборавам работите. Еко е енциклопедија за средниот век и ренесанса. Во книгата се спомнуваат култови, алхемија, темплари, розенкројцери...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom