Сидни Шелдон-Ништо не е вечно
Книгава неверојатно брзо се чита, во средина има судски процес во кој на една лекарка и се заканува гасна комора заради убиство од милосрдие. Ми личи на сценарио кое може да се адаптира за филм.
Лошото е што Шелдон во една книга бута триста ликови, буквлано на секоја втора страна има нов лик што ме вади од такт, зашто читателот не може да се поврзе со ликовиве, ќе поминат 40 страни додека се оформат главните ликови како што треба, а притоа наизменично се опишуваат што создава конфузија. И ајде можам да поминам низ тоа, доколку се поврзани измеѓу себе, но во книгава има неколку попатни ликови безвезе, со кои се затупува приказната, а нема никаква поента со она за што се пишува.