Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Бајазит и Оливера - Драги Михајловски.
„Како што на камен фрлен од раката на маж, му требаат 3 години да го допре до огненото езерце од кое излезе Сотона...“
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
89
Поени од реакции
14
Бајазит и Оливера - Драги Михајловски.
„Како што на камен фрлен од раката на маж, му требаат 3 години да го допре до огненото езерце од кое излезе Сотона...“
Одличен избор! Ти ја препорачувам Пеперуткарот, феноменална е!
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
"Таа попладневна магла, во ситниот дожд, Клара Барсело ми ги украде срцето, дишењето и сонот. Под закрила на магичната светлина на "Атанео" , нејзините раце на мојата кожа напишаа проклетство..."

Сенка на Ветрот- Карлос Руис Сафон...немам зборови, досега можеби нешто најубаво што сум прочитал (досега, уште ја читам :)).

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

Истата, сега ја читам. Претходно ја барав но ја немаше. Подоцна Саладин ми кажа дека мора да ја читам.
Многу убава книга, ми наликува на Марина, но најверојатно тоа е стилот на З(С)афон.
Друга работа што ми се допаѓа кај „Сенка на ветрот“, а истото и кај Марина, е што кога ја читаш, не те остава да запреш, веднаш сакаш да знаеш што се случува понатаму.
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
"Затоа што те љубам" и "А потоа.." и двете од Гијом Мисо.
Пријатно изненадена и од двете.
Ми препорачаа да се чита прво "Затоа што те љубам", па "А потоа..."
Истата препорака и јас би ја дала:)
 
Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Вчера ми беше досадно дома, па се одлучив на дожот да прошетам до Матица, да видам што книги имаат. Има многу убав ибор, и не можев д си излем со едн книга, па си купив две :)
1. Чекај ме... - Пјеро Делји Антони
-Како би е чувствувале ако случајно во локалната антикварница најете книга што содржи сцена од најважниот ден во вашиот живот? Притоа никому не сте кажале за тоа, а писателот ви е сосем непознат.
Пријатна книга за читање.
2. Заедно - Џоди Пико
-Вобудливаа приказна за опсесијата, загубата и болното чувство на вина. Трогателна приказна во која се мешаат елементи на мистерија со чувствителното истражување на трагичната тема.
Имајте убав ден :)
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Иако ја купив пред една година, дури сега најдов време да почнам да ја читам. Книгата што пред 7 години предизвика глобални реакции на (не)задоволство и (не)одобрување во светот.
Кодот на Да Винчи од Ден Браун.

Во текот на својата службена посета на Париз, харвардскиот стручњак за симбологија Роберт Ленгтон дознава дека во Лувр бил убиен стариот кустос, а до неговиот труп бил најден еден загадочен код. Обидувајќи се да ја решат бизарната загатка, Ленгтон и француската специјалистка за криптологија Софи Неве, постепено сфаќаат дека трагите за решението се скриени во делата на Леонардо Да Винчи.

Се ќе се искомплицира дополнително кога Ленгтон ќе ја открие вчудовидувачката алка: покојниот кустос бил поврзан со Сионскиот приориум, вистинско тајно друштво чии членови биле сер Исак Њутн, Ботичели, Виктор Иго, да Винчи и многу други. Ленгтон се сомнева дека се наоѓаат во лов на историска тајна и, ако не успеат да ја дешифрираат загатката, тајната на Сионскиот приориум и древната вистина ќе бидат загубени засекогаш.
 
Член од
14 јуни 2007
Мислења
105
Поени од реакции
6
Аеродромци - Сашо Тасевски збирка драми во негов стил, добра за опуштање мозок и за смеење :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.401
The orange girl - Jostein Gaarder.

Лесна книга по малку тупаџиска. Приказна за еден тинеџер и неговиот веќе одамна починат татко кој му остава едно писмо во кое пишува за една девојка со портокали, која пос лучаен пат ја запознал во својата младост. Некаде на половина сум, лесно совладлива иако на моменти премногу го тупи. Оценка 6 од 10.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Сидни Шелдон-Ништо не е вечно

Книгава неверојатно брзо се чита, во средина има судски процес во кој на една лекарка и се заканува гасна комора заради убиство од милосрдие. Ми личи на сценарио кое може да се адаптира за филм.
Лошото е што Шелдон во една книга бута триста ликови, буквлано на секоја втора страна има нов лик што ме вади од такт, зашто читателот не може да се поврзе со ликовиве, ќе поминат 40 страни додека се оформат главните ликови како што треба, а притоа наизменично се опишуваат што создава конфузија. И ајде можам да поминам низ тоа, доколку се поврзани измеѓу себе, но во книгава има неколку попатни ликови безвезе, со кои се затупува приказната, а нема никаква поента со она за што се пишува.
 
Шелдон ко шелдон увек бил таков. Книгите му се лесно голтачки, скоро секоја е добра адаптација на филм. И увек бута изнад 10 ликови. Го имам читано и на англиски и на македонски, секаде ми е ист (можеби ради квалитетен превод). Би го споредувал со Нора Робертс.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Куќата на злото - Агата Кристи
Интересно не држи во неизвесност, типично за Агата Кристи, да се чита книгата без да биде наведено нејзиното име дека таа е автор на делото ако се има нешто претходно прочитано од неа едноставно ќе знаеш дека е нејзино. Препознатлива, но сепак поинаква. Запознавајќи не со ликовите не наведува да мислеме дека може секој од нив да биде убиецот. Сакаме што побрзо да прочитаме и да дознаеме кој е, еден по еден елиминираме, но сепак пак постои сомнеж дека може да биде било кој. Е кој е де?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Шелдон ко шелдон увек бил таков. Книгите му се лесно голтачки, скоро секоја е добра адаптација на филм. И увек бута изнад 10 ликови. Го имам читано и на англиски и на македонски, секаде ми е ист (можеби ради квалитетен превод). Би го споредувал со Нора Робертс.
Ма какви 10 ликови, баш пред малку ја дочитав, и не претерувам внатре има 20 ликови, од кои барем 5 не треба воопшто да постојат. Ја не препорачувам ова да се чита, ко некоја Холивудска филмска бљувотина во која чичко Дизни ги наместил коцките на крајот.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
2.261
Ма какви 10 ликови, баш пред малку ја дочитав, и не претерувам внатре има 20 ликови, од кои барем 5 не треба воопшто да постојат. Ја не препорачувам ова да се чита, ко некоја Холивудска филмска бљувотина во која чичко Дизни ги наместил коцките на крајот.
Пред 2 дена ја завршив од него Небо Пада и има крај каков што нема ниту во еден холивудски филм. Премногу ги замешува работите, за потоа да ги отплетка на невозможен начин. А и ликовите верувам дека и тој не ги памти! Но, не може да не се почитува автор чија книга ја читаш дури и на вц шолја. Премногу е едноставен стилот на пишување, а интересен, возбудлив така да не те остава да ја оставиш книгата.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Пред 2 дена ја завршив од него Небо Пада и има крај каков што нема ниту во еден холивудски филм. Премногу ги замешува работите, за потоа да ги отплетка на невозможен начин. А и ликовите верувам дека и тој не ги памти! Но, не може да не се почитува автор чија книга ја читаш дури и на вц шолја. Премногу е едноставен стилот на пишување, а интересен, возбудлив така да не те остава да ја оставиш книгата.
Се е до вкус, за мене ова е прелесно за читање и тоа ме нервира. Ко божем пробува човеков да ја заплетка приказнава, ама ја прави разводнета. Агата Кристи за овој писател е измислена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom