Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
26 септември 2009
Мислења
12
Поени од реакции
0
читање книги,па не е лоша темава за муабет.Што читам? Хм...,па читам доста ама не се памти се. Препорака читајте го Luis Sepulveda (Patagonia Express), многу симпатична
книга. Кој сака авантуристичко-анархистички книги нека си ја купи оти гадно ќе се кае.Во Македонија не знам дали ја има:pop:
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.262
Поени од реакции
2.256
''Стратегијата Банкрофт'' од Роберт Ладлам

Претходно од него ги прочитав ''Ракописот на Чанселор'' и ''Московски Вектор''. Еден од омилените писатели ми е заедно со Ден Браун!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Смрт во Венеција од Томас Ман.

bobanmacedonia напиша:
Смрт во Венеција од Томас Ман.
Ја прочитав и се каам шо ја прочитав, ти ебам книгата педофилска, болна книга.:nesvest:
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
10
Поени од реакции
6
vo momentov(vo zavisnost od raspolozenieto)citam nekolku polesni knigi „Una“ od Momo Kapor, „Sofijin svet“ od Jostein Gaarder i „20 ljubovni i 1 ocajnicka pesna“ od Pablo Neruda (prekrasna e). dobri se i knigite Quo vadis od Henrik Sjenkijevic, Devojkata so biserna obetka od Trejsi Shevalie i Pettata Gora od Paulo Koeljo (koi gi imam citano odamna) neodamna gi citav od Orhan Pamuk Sneg i Se vikam crveno(stvarno dobri knigi)
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889


Ќерката на мојата најдобра пријателка - Дороти Кумсон

Уште малку имам до крајот и можам да кажам дека е преубава книга. Трогателна приказна, на која верувам никој не би останал рамнодушен.
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
249
Поени од реакции
16
Kапиталот на Маркс.
Има 3 дела по 500-600 страни... иако тоа не е битно.
НАЈДОБРА КНИГА! :vozbud:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Kапиталот на Маркс.
Има 3 дела по 500-600 страни... иако тоа не е битно.
НАЈДОБРА КНИГА! :vozbud:
Зошто синко...аман...
Прво требало `Богатството на народите` од Адам Смит после Маркс...
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Музика и тишина од Роуз Тремејн
историски роман, ведра и живописна приказна од Данска период 1629 год.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Мартин Идн. Од шо ми се сака. И Процес, од што морам. Ме демне од бироно али ај. Ќе се прам оти не го гледам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
„За мојата малечка“-Тони Парсонс
Ако ја немате читано,мој предлог до вас,феноменален пристап до читателот.И плус самиот наслов доволно допира и предизвикува :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
За самиот себе - Марко Аурелиј

Интересна книга, обожавам вакви, иако оваа е со поголема доза на песимизам, всушност, на моменти има голем оптимизам, па Аурелиј изгледа го заборава и се префрлува одма на песимизам па се провлекува повеќе. Хмм, има и некои застарени сфаќања, ама се' на се', убава книга со одлични цитати, треба концентрација за читање.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
"Спутник љубов" од Харуки Мураками. Сосема на почетокот сум али ми се свиѓа. Можеби е малку контроверзна, но има некои многу добри мисли.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Во моментот некако се чуствувам напнато и решив некоја олабавена книга како што е жени од Чарлс Буковски а доколку сум расположен за потешка литература Фарма од Џорџ Орвел сега почнав да ги читам па ќе видиме како впечаток ќе ми остават

Мартин Идн. Од шо ми се сака. И Процес, од што морам. Ме демне од бироно али ај. Ќе се прам оти не го гледам.


Процес е еден од подобрите романи кој што ги имам читано само тоа што е лектира те тера на некаква одбивност кон книгата, ама така психолошка книга која што те тера да размислиш за некои работи, направи се дека ја гледаш и прочитај ја мој совет
 
С

Сатори

Гостин
Го читам маестрото, Габриел Гарсија Маркес-Љубов во време на колера, неговата раскажувачка техника е како спојување на површноста со сите длабочини во Јужна Америка.
Нешто слично на ова ...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
(Pri)Bidejki sum prenatrupan so rabota, a obozuvam da citam, kratam od sonot t.e spijam pomalku, no ne citam nesto tesko poradi toa sto mozokot mi e na trista drugi sluzbeni nesta i mi treba malku relaksacija!
Sledstveno samo sto ja zavrsiv cetirilogijata na Stephanie Meyer - Twilight, New Moon, Breaking Dawn i Eclipse!

No, stom najdam malku slobodno vreme, ke se posvetam i ke ja prostudiram povtorno Estetika od Baumgarten! Cuvstvuvam deka im moment vo nea koj moze da se prenasoci i aplicira na denesnicata od aspekt na pronaogjanje nekonformizacija!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom